А како гинекологот видел проблем со тироида? На обична крвна слика се гледа? Знам има посебни тестови за тироида. Како гинекологот заклучува дека имаш проблем со тироида? Сериозно прашувам, мене не ми кажале да испитувам тироидни хормони, освен ако во обичната крвна слика не е нешто покачено, па така да видат дало има потреба? @Masnickaaa фала ти на одговорот
И јас се чудев за 'течноста' Мразам бел шеќер не го консумирам никако и едвај го изгрицкав. Во Хемолаб е исто добро за испитување само не ја знам цената.
Да, и си додаваа вода плус за да го дорастворат. А во авицена е како шербет буквално не може нешто да не испиеш
@simonka93 да,кај Лиле. Но не во Струга. Таа доаѓа во Битола во Плодност, таму закажав за ехокардиографија.
@monka_bonbonka, @LadyC стасавме и до 8ми месец. Ви се верува ли?! Како сте? Јас освен киселини што имам понекогаш, добро се чувствувам. Се надевам дека и овој месец ќе ни помине брзо и без проблеми.
Има некоја посебна причина за ехокардиографија дека гледам ве закажуваат мене матичната не ми кажа ќе прашам секако др петок сум во ремедика...ама сами одлучувате или како?
Нема причина, барем кај нас не ни кажаа за некаква причина. За подетално да се виде срцето и сите крвни садови кај него. Ми го кажаа како опција и прифатив. Од претходно слушнав за овој преглед, и мн се исплашив заради случаи каде што разбрав кои по нормални скрининзи и брисеви покажало вродена аномалија на срце. И ми остана мисла, за да сум мирна, сакам да го направам и ова испитување. Пишав тука, но изгледа никој не го правел, не ми пишаа ни во темата скрининг. Затоа ќе го направам па ќе ви пишам искуства.
Епа акде важи јас прочитав за членки конкретно од систина што ги праќале на тој еден преглед к баш ќе видам во ремедика што ќе кажат за ова и кога би било добро да се прави и јас размислувам да го правам не сакам на глава да ми стои едино ми е страв да не ми дојдат многу скрининзи за краток период (матична/ремедика/ +ехокардиографија) штетни ли се овие скрининзи и еха (знам дека се штетни ама колку и што е попаметно не знам)
Незнам колку се штетни, секој преглед ми беше на месец-месец ипол. Овој првпат ќе ми биде вака за 2-3 дена разлика. Познавам случаи кои на 2 недели одат на ехо, и кај матичен и на приватно па ништо не им рекле дека е штетно
Мене ми беше растворена течнпста е сега да на крај имаше останато како згрутчено ама ми напоменаа се да испијам и тие да ги изгрицкам да не оставам ништо.
Енци менци овој пат,а претходно од стружанка ми обелеа чаршафите и се собраа од перење.Нарачав само оградица а си купивам чаршаф со ластик од стружанка има за бебешко креветче.
Јас имам една од енци менци абе ја убив од пеглање, ептен матријалот се гужваше. Сега само оградичка барам, чаршафи земам од стружанка, а бебе ми спиело во вреќа.
Мајки примам клексани после порагај. Сакав да прашам како оди процедурата за рефундација на средствата. Почнав одма од кога не пуштија дома.Но викенд не фати па понеделникот бев кај матичен за рецепта.Е сега прашањето ми е дали ќе прават проблем во фонд бидејки едната сметкопотврда ми е со дата од 29ти а другата ми е од 1ви,а рецептата од матичен ми е издадена на 1ви а на отпусното писмо во терапија пишува дека треба да се продолжи со боцкање и на 04.06 повторно да се проверат.
Ги пробав мултивитаминските таблети после 2 месеци откако ми се смирија мачнините и повраќањето, не поминаа ни пет минути, трчав да повратам. Дефинитивно биле тие, а читав и други трудници реагирале така на мултивитамински таблети. Имала некоја овакво искуство? Се мислам дали ако сменам други таблети ќе го имам истиот ефект, или пак не треба воопшто да примам мултивитамини. Иначе 22ра недела, прстите на рацете ми отекоа како колбавчиња, дланките ми се отечени исто и сум си развила Carpal tunnel syndrome, па спијам со нараквици и една додатна за да ја држи дланката во истата положба цела вечер. Ако имала некоја слично искуство и успешно се справила, секој совет би ми бил добредојден.
Доктор ми има кажано ако имам мачнини пд витамини уште е подобро е на средина на јадење да прекинеш и да се напиеш...така правев а сега почнав одма после јадење и немам проблем