Никаков проблем немав со првото за оградиците. Баш многу ми се најдоа. Е сега, од страв на почеток го ставав најдолу да спие, т.е. ноџињата да му допираат на оградицата, а не главчето. Тоа ради заштита да не се покрие преку глава со чаршавчето. Летно бебе беше, па вреќа ми немаше смисла. Не дека другово што го правев има смисла де Инаку за терминот, за првото ми беше 5.07, а се породив на 21.6, значи 38 недела, без никаков проблем. Добре дојде @mssuniquee Честитки @IvanaAni жив и здрав да е.
Со лесно и добредојде. Ќе се дружиме уште малце, после ви отстапуваме место ние големите. Хахахах Добро вечер. Бебе буцко. Во 31ва недела 2кг е машала. Одговара за 34та. Мора ради големината да одам пак на крај месец. Ќе ме почнат со цтг. Ми рекоа се е супер, одлично е, ама мора ради плодова веќе да ме пратат оти со Константин така исто ја снема преку ноќ. Ух, ме фати малце паника.
Благодарам Ајде со лесно да поминеш па во скоро ќе се гушкате. Можеби и моево уште ќе си седеше во меше,но мораше да се прекине бременоста да ме породат бидејки имав ризична бременост па Др не сакаше да ризикуваме и со договорен царски ме породи одма штом влегов во 9ти.
Јас во почетокот на бременоста пробав да пиам од неколку различни фирми но од сите ми се лошеше и повраќав, потоа исто кога престанаа мачнините пак пробав исто пак ги повраќав и се откажав цело време пијам само фолна фала богу до сега се е во ред
Девојки пукнав од малиов. Дали дека се селиме, многу може напор правам, не е воопшто смирен, ме утепа од клоцање, многу движи, тотално е непријатно поготово у лев јајник. Ама ми го сотре . Ова бебе за разлика од поголемиот син е активно кај и да одам. Ме рита кога движам, кога стојам, кога се бањам, ме свитка пред некој ден на каса... Нека е само се ок, ама партали ме направи поготово вечерва.
Да те израдувам, и јас имав carpal tunnel syndrome и ми помина една недела по породување Многу нервира,ужасно е,ме будеше од спиење во сред ноќ. Истражував по интернет не знаев што е,мислев дека само ми се отечени дланките зошто имав отоци по цело тело. А кога ќе почнеа да ми трнеат прстите не знаев што со себе,го терав мм да ме масира. Пиев магнезиум ,па колку толку ќе се смиреше.
Ооооо машалааа буцеее Ајде, не мора ништо да значи тоа.. крај на месец е веќе 35та недела..ќе те следат почесто и ќе биде океј. Со првото во која се породи?
Во 37+2 , останав без плодова... Нека седи дембели, рано му е, а мајка му еден партал не му купила уште...
Јас го правев во првата бременост, ќе го правам и сега. Се гледа срцето и коморите. Како циркулира крвта, кислород и дали преградата има знаци за зарворање (треба да се затвори по пораѓај). Мене ова ми гледаат и на редовен преглед, ама препорачуваат специјалист да го направи ова.
Здраво девојки. Бремена сум 5 недели, пред 4 дена ми се јави кафен исцедок, одма се јавив на доктор и ми стави прогестерон инекција. Од терапија и претходно ставав 2 х1 утрогестан вагинално. Исцедокот не престана и вчера се интензивирање на кај црно и како тенки парчиња ткиво имаше и веќе почна на кај темно црвено да станува. Се извадив од памет. Отидов на лекар ми ја зголемија дозата на прогестерон и ме видоа на ехо. Вика точката во матката стои но ендометриумот е тенок 12 мм. Јас сум бремена со инвитро и ми ставија две ембриончиња и вика може едното што не успеало да се исфрли. Денес немам веќе крварење ни исцедок но сум преплашена. Дали сеуште има надеж за бебето. Имала ли некоја од вас вакво искуство. Ве гушкам
Добро утро и од мене. Ме разбуди болка во желудник (но не за јадење) и во дијафрагма. Утоп жива вода бев препотена како кошмар да сум сонувала (а не сонував). На лева страна неможам да дишам, на десна па ич-дури и киселини веднаш имам, потоа на грб-исто. Станав и седев неколку минути.се смири и легнав. Пак исто, толку ме притиска што мислам дека нагоре ми оди болката во гр.кош-ќе пукнев. Станав и сега полуседната сум и ми се смири. Но имал ли некој ваква тежина? Желудникот ко стиснат да ми е.
Јас имав таква темна и сува/густа крв и како конци, кога дознав дека сум бремена т.е јас мислев циклус е. Мене ме "мачеше" тоа може до 10та недела, никакви инекции не примав, утрогестан само и тоа го пиев. Кај мене испадна се во ред.
Фала ти мила јас сум преплашена но да се надеваме дека ќе биде се во ред, можно е да е стара крв или да сака менструацијата да пробие бидејќи сум во рана бременост и покасно се има зачнато плодот. Сега сум под терапија и строго лежење па здравје што даде Господ тоа ќе биде
Менструација не е сигурно, не постои такво нешто кај ниедна жена, тоа е многу популарен мит. Баш заради тоа што е толку популарен, сега ти види колку многу жени крварат на почеток, а мислат дека е менструација, а се е во ред со бебето. Следи препораки на доктор и уживај. Пречесто е ваквото крварење до темна крв, може да е сериозно ако е со светла, свежа крв, ама вака нема место за паника.
Ме исплаши докторот кога ми кажа дека ендометриумот е слаб и може да ја исфрли бременоста но затоа сум на терапија. Ахх и тие доктори само ќе те преплашат
12 мм не е воопшто слаб ендометриум,јас останав трудна со 7 мм исто со инвитро. Во 5та недела имав крварење ,темна крв ме видоа на ехо со бебето се беше ок темната крв не беше од матката дури и ме провери со спекулум. Но овие утрогестан ми ги дадоа да ги пијам се додека се смири крварењето и ако пиеш аспирин и се боцкаш со клексан или фраксипарин треба да ги прекинеш. Каква терапија имаш после траснфер?
Примам апирин и клексани ама морам бидејќи имам опасност од тромбофилија и еден претходен абортус во 5 месец заради тоа. Димерите ми беа 914 пред некој ден. Офф незнам веќе што е добро, само да успее Мене и касно ми се зачнало, дури на 14 ден од трансфер ми покажа слабо позитивен тест па после си се качуваше полека бетата