Ако се пораѓаш на државно, ке ти бараат од трансфузиологија. Ако добро паметам мене дури и оригиналниот документ ми го побараа па маж ми го донесе.
Причај ми о томе, ко себе да се прочитав Сум приметила кога нема да вечерам односно кога последен оброк ми е најкасно до кај 7, 7ипол вечерта немам толку изразени киселини, и да имам малце сода и вода и поминува. Но, ако вечерам покасно умирам цела ноќ, ни сода ни млеко ништо не помага. Башка веќе и желудникот е оптеретен и сигурно има притисок врз него така да нормално е. Ако ти е за утеха јас од кога сум останата бремена не сум спиена тешко мене кога ќе се родат. @mace89 мила баш ме израдува, овој пат успеавте Одлично, браво и со лесно. Мирувај, слушај доктор и уживај!
Смееш парацетамол мила. Сврти се на лево може ќе се потсмири. Јас мислам дека вчера го вознемирив дека мн работев , чучни - стани , кревав , пакував и се преморив... Легнав заспав и се смири. Ама додека се смири вриштев од болка... Те гушкам
Моево под десно ребро е наместено, ме тури. Ја не паметам, или првото не маваше олку силно. Абе ми се чини низ кожа ќе излезе колку силно мава.
Како да се одвикнам од тоа благо незнам, ќе препукнам цел ден ако не каснам нешто а кога конечно ќе изедам ме копаат киселини. Следниот ден се одново пак ист лапсус.
Исто. Се од десна страна. Ребро, колк, леле мислам у десен колк се пика... И ептен шета по стомак, ми го изобличува многу и ептен ми е непријатно... @Tsukinory кој месец си? Јас и киселини и се не прекинав благо оваа бременост, рупурут и цепам.
Се смири бебуш,сега со друга мака сум глава еднаш ме болеше само и сега пак врзав една крпа на чело,ладни облоги ставам сега ке се напијам и парацетамол се надевам ке ми помине те гушкам и јас тебе мила*
Не дека не се безбедни, ама моја роднина што живее странство, таму се породи и си спремила креветче со оградици, а кога дошла патронажната сестра сите оградици ги тргнала, со образложение дека бебето е мало, не се превртува првите месеци, а во креветчето треба да циркулира воздух (оградиците го спречувале тоа). Исто така, да не било залепено креветчето скроз до ѕид или до грејно тело (парно). И јас нема ден да не јадам благо, ама многу ми бара душата. А претходно ич не јадев, не бев некој љубител. Немам киселини ама сакам и јас некако да се одвикнам, ама како не знам Значиии секој ден некој благо ми носи и веќе почнав да ги карам да не ми носат
Мокрите ли често? Јас дури и ноќно време станувам. Два пати прашувам ниско ли го носам, не, од што е ова ми се смачи.
Од самата бременост. Органите се изместени, бешиката стисната за да се шири матката. И јас го носев високо, нема врска тоа.
Јас секоја вечер во исто време. Легнувам кај 1, тогаш одам во вц. Па во 5 часот и на крај во 7.30 А вака стомакот ниско ми е. Ама ете не одам толку често ко што мислев дека ќе одам во 9ти месец
@LadyC средина на 4ти сум. Ама си јадам од сам почеток @Lovebug01 ме чуди нели велат дека со девојче ако си повеќе терало на благо со машко на солено. Јас машко носам ама ќе си препрашам уште еднаш на втор скрининг да не е грешка
@Tsukinory Кај мене испадна се ко по книга да е девојче хахах и кинескиот календар, и откуцаите на срце, и јадењето благо, нафрлањето на лице и сите останати бабини деветини Иако воопшто не верувам во вакви работи, ете кај мене се погоди така.
Исто... Не верувам во такви работи, ама се што наброја и кај мене покажа женско. Дури и еден тест имаше на интернет, уште пред да ми кажат дека е женско го пополнив излезе точно. Што викаш, се погодило кај нас