Не знам дали прашањето ми е за овде, ама темава ја следат и мајки и трудници, па овде решив да прашам. Породена сум со царски рез и додека бев во болница секој ден ми ставаа клексани. Откако ме испишаа од болница ми рекоа дома да продолжам уште 4 дена и потоа да си испитам д димери и да видиме дали треба плус да продолжам. Е сега се плашам во случај додека да добијам резултати ако не примам тие денови дали има место за страв и паника.. Блиска пријателка која не примила доволно клексани по породувањето доби тромбоза и се уште мака мачи со ногата.. Па се мислам дали додека чекам резултати да си продолжам да ги боцкам или да чекам резултати па да видам дали треба..?
Во приватниве болници истиот ден имаш резултат, додека во државна наредниот ден. Така да сакам да кажам еден ден не цел ќе биде во прашање, веднаш ќе продолжиш доколку има потреба, и не се води по други примери секој со своето, како ти кажал доктор, така Како сте со бебко добри ли сте
Фала ти многу на одговорот. Добри сме, се навикнавме веќе и се галиме по цел ден. Мене ме караат бидејќи слабо спијам. Ама што да правам.. Уживам кога го гледам како спие. Првите два дена кога се вративме дома заборавав и вода да пијам и да јадам. Уште не сме фатиле ред со многу работи, ама полека ќе биде. Ти како си? Како оди ? До која недела стигна?
За д димери и хемостаза ќе ти ги дадат истиот ден на трансфузија после 13:00 ги пуштаат резултатите кај матичниот гинеколог нема ништо да ти штети ако примиш уште една на своја рака
@Fallen.Angel како си? Те мислев. Мило ми е што пиша ,психички сега ми делуваш подобро. Те гушкам најсилно. Пишувај кога ќе имаш време
Женски здраво.Ај кажете ми после испаѓање на чепот какви симптоми имавте до дека да почне пораѓајот? Мислам дека ми испадна сабајле ама не сум сигурна,затоа што баш беше густо лигаво но без крв 39 недела од денес.
Прво нешто што осетив после тој безбоен исцедок беше стегање во кичмата и веќе вечерта почна да паѓа чепот со крв. Се додека е без крв не е чепот и имаш време. Кај мене поминаа неколку дена.
Мммм топење е значи Инаку јас се тркакам, океј сум фала богу неможам да се пожалам. 31+ стигнав, се надевам ќе биде се како што треба Гушки бацки до тебе и синко!
Мешиња, како сте? Дојдов да се пожалам Многу ми смета променливово време, плус карантинов некако ме гуши. Буквално, не можам да дишам ако седам во затворен простор, мора да има прозор или врата отворено И поспана сум многу, џабе и течности и овошје. Бебушкиве се помирни денеска и вчера, не ме клоцаат многу, срциња на мама
Не си сама мила исто и јас така се чувствувам, како нешто да ми стои на градите и ме притиска ,тешко дишам, се ми е топло,се ме нервира , мислам во грло желудникот ми е бебуш го осеќам долу понекогаш над папок ама многуу ретко... Одвај чекам среда на контрола не сум била 5 недели ми фали да ја видам душата моја
Поздрав мешиња, ние денес на прво цтг, претходно и ехо, бебче ситно 2500гр, цтг мирно засега, за една недела повторно на контрола. Фала богу немав преглед со рака а со страв одев баш поради тоа Рано ни е, докторката рече може до крај ќе истуркаме, сега сум 37ма недела.
Јас почнав да пешачам,секој ден. А бе гајле немам. Ко коњ сум Освен што ме мачат стапалата, болат кога пешачам. И што отекувам цела, друг проблем немам. И јас мислам ќе си терам до крај Од утре 37+0 сум Среда-четврток пак на контрола.
Кога лежам ми се намалуваат и ладна просторија, ова за стапалата. А за дланките само ладна вода. И кога спијам ми отекуваат, не можам бокс да направам, е до толку ми отекуваат. Во главно гледам во поладна просторија да сум. А вода пијам по 2,3л на ден. Викаат пиење многу течности спречуваат појава на отоци, мене не ми помага.
Мене ми падна чепот во шоља, беше густ зеленкасто жолт, ми падна во средата, во четвртокот ме стегна остра болка која траеше кратко, а во петокот немав никакви симптоми. Во сабота се породив ми пукна водењакот, се породив 39 + 3
Многу често поготово деновиве. Еве сега ќе легнувам по 7372717191 одење у вц. И плус киселини. Леле колку киселини имам, а немам со мене рупурут, скроз го изумив.
Кога почнаа да ти се прават отоци? Да си знам @LadyC тука некаде сум со одењето во тоалет. Навечер, термини ми се 2,5 па 7 часот хаха слично беше и со син ми и после тој период стануваше и за млеко.