И јас сум иста а веќе сум 5ти месец при крај, пред бременоста не сум имала ваков проблем, дури имав и мрсна кожа, сега и лицето ми се лупи, рацете некогаш и на стомакот. Докторката ми кажа поради хормоните, пијам многу вода до 3л, и со павличева се мачкам постојано, на почетокот се замарав повеќе сега не му придавам многу на значење, и полека почна да се средува.
И јас сум кај него. И мене така ми викаше 8 до 10 недели па јас му викав нема шанси и си закажував за 4-5. Во меѓувреме и кај матичната си одев по потреба.
Беше кај др. Лиле? Како помина? Инаку јас на преглед одам еднаш месечно. Бев на 6.5, денес пак ќе одам. Некогаш ми се фаќа да отидам и 2 пати, ама тоа дека мора кај матичен да одам. Месецов ќе мора 2 пати да идам.
Да, бев мила. Добро поминав, во трето тромесечие ме означи Талија и таму напишав. Кратко траеше прегледот, комори, преткомори, отвори, валвули и крвни садови гледаше докторката. Таа не збори многу (а јас не ни сакам многу зборење)- ми кажа во ред е, нема отстапки и толку. Брзо помина и стигнавме дома дур не фати полицискиот час.
Женски Здраво, Мнооооогу време сум ваш пасивен набљудувач и најчесто наоѓав одговор без да прашам... Е до долку сте сестрани Инаку денеска сум 12+4 и од утрово забележувам болка во левиот јајник или барем мислам дека е јајник. Буквално три четири секунди па престанува па по 10,15 минути пак. Ќе ме биде ли?
Некоја овде да се разбира во читање резултати од д димери? Во бременост не ги испитав, се пораѓав со царски рез и во болница примав клексани и ми рекоа и дома уште 4 дена да боцкам па да ги испитам д димерите. Ги избоцкав сите и утрово бев, ми земаа крв и еве ќе го прикачам резултатот.. Ако знае некоја да ми каже дали е во ред? Го пратив и на матичниот, ништо ми нема одговорено.
И јас така осеќав прво тромесечие само на десниот јајник али во близина и постелката е поставена па можеби и од тоа да беше, сепак сега уште се шири и матка и тежина на бебе ќе добива повеќе нормално е да поднаболува некогаш. Гледај само да не е константна болка ако е така јави се на гинеколог и консултирај се, пробај и магнезиум напиј се нема штета од него
И јас тој период осеќав болки во тој дел, сите ми рекоа дека е нормално, матката расте. За да си олеснам кога ќе ме болеше си легнував малку да одморам. Без паника
Колку што гледам 1020 ти се а треба помалце од 500 али не мора да значи дека би примала терапија, некои имаат уредна бременост па после пораѓај и до 3000 и повеќе им одат димерите па сами се средуваат...сепак тоа е одлука на гинекологот дали ќе продолжиш или не. Ако немаш предиспозиции за тромбофилија мислам дека нема да треба да се боцкаш
Подоцна ќе купувам влошки од тие со мрежа, па сакав да прашам кои се подобри.. Некој биљански ги викале тие не биле убави.. Не знам какви да земам, ваши искуства?
Во аптека ќе им побараш, али мислам дека вакви ќе ти понудат. Јас за двете бремености вакви си земав, незнам дали има некоја голема разлика од едни до други. ( и кои се другите ) Овие Вир80 ди се добри за таа намена
Женски кој магнезиум е подобар да земам , рана бременост сум 6 недела , имам уште грчеви чат пат , док препорача магнезиум ама не кажа кој Да земам директ на Натурал добар ли е тој со Б и Ц вит да не беше , се сум заборавила од првата бременост
Ниедни не се убави, не впиваат ич и мора често да се мењаат, мене и по 2 ми ставаа. Ама други не можеш така да, не му ја мисли многу.
Девојки, колку дена трае упат за скриен шеќер во СинЛаб? Во петокот ми го пишала матичната, а би одела утре, да не не ми го примат?
Фала ти. Дека потенцирала 4 6 2020 па си реков да не не ме примат. Да те прашам уште, ми пишала да испитам глуциден статус и доле и за хормонален и серумски тумор маркери, да не не треба за тоа? Пошто ова матичната (негинекологот) ми пишала, да не се збунила нешто или и други сте испитувале И претпоставувам, треба нејадена да бидам? Sorry те угњавив.