Јас само скриен шеќер испитував,не знам за другото зашто ти го пишала. Иначе, смееш да јадеш максимум 12 саати пред земање крв и после тоа само вода. Гледај да биде полесна храна и без благо за да не ти се покачат вредностите. Од сабајле ни вода.
@Butterfly1107 и @Jana06 фала на одговорот. Ќе проверам и ова шо ми пишала, чим пишала Тууу кај ќе издржам толку долго без јадење, греота
Мене ми рекоа дека Мг директ е тој кој е најдобар и матичниот исто таков ме советуваше да земам. @mother_nature во аптека освен тие Вир80 никакви други не ми понудија, јас зедов од нив три пакувања бидејќи знам дека на брзо време се менуваат. А кога сме веќе кај ова, колку време трае крварењето и кога може "нормални" влошки да ставиме?
Па јас читав тука од членки, првите 4/5 дена е пообилно, после наредните 2/3 недели како послаба менструација.
Првите 3 дена е обилно додека се исчистиш и после по малку. Јас на искачање од болница ставив нормална улошка и дома такви си продолжив (ова со царски, не знам дали е исто за природно). Крварев 3 недели ама уште ставам улошки по некој саат во денот зашто имам некој жолт воденест исцедок.
При спонтан пораѓај е пообилно крварењето, додека се исфрлат сите остатоци од матката, кај царски рез голем дел се чисти од страна на лекарите за време на самиот пораѓај.
Здраво ве следам некое време па сега сакав да се надовразам на разговорот за магнезиум и мене докторот ми препорача да почнам да пијам од 10 недела (во Среда влегувам во 10 недела) па сакав да прашам Дали има значење од колку mg ќе биде кесичката? Бидејки гледам дека има различни.
Девојки, малку сум збунета во броењето на неделите. Моментално сум 23+1 - тоа значи дека сум 23та или 24та недела? Јас рачунам 23та, читам дека други ја рачунаат таа што е почната затпа што се полни 23 недели, а се тера 24та недела..
Од 0 до 500 се нормални ушѕе ти се покачени ама оставаат сами да се регулираат без терапија.Над 2000 даваат терапија. Видов дека си кај Ивановски и јас бев кај него и до крај и пораѓај.Ако си во можност остани до пораѓај внимателен е многу,бара доста анализи и дава терапија ама анализите можеш било каде да ги правиш и со упат од матичен не прави проблем.
За да не те буни рачунај си со мали бројки. На пример ако си 1+3 тогаш си 10 дена трудна. 7 дена си поминала од првата недела цела, и од втората недела три дена. Значи во моментот ја поминуваш втората недела. Ако си 23+1, 23 недели полни по 7 дена си поминала, и од 24та недела првиот ден си го започнала. Како за дете бе што викаат, година и два месеци е старо, значи една година наполнило, ја започнало втората година, и од втората година само два месеци му поминале и му остануваат 10.
Фала за објаснувањето. Сега значи сум прв ден од 24та. Баш ја гледав и табелата за недели вс месеци и тоа ми го потврди твоето објаснување кое има логика
Да, прв ден од 24та. Кога ќе дојдеш 24та полна значи 7 дена од 24та си поминала. 24+1 значи прв ден од 25та. Термин за раѓање 40 недели, значи 40 недели полни по 7 дена
Здраво идни мамички . Да се приклучам и јас на ова убаво друштво,втора бременост после шест години,ама исто како прв пат да ми е. Имам многу мачнини, лошење,нагони за повраќање 8+2 сум,ама морам да се пожалам дека многу лошо се чувствувам,од што ми е мачно нервозна сум и психички и физички сум истоштена, некако како да не се радувам иако ми е посакувана бременоста.Пијам антиметил и б 6 ама не осеќам нешто многу подобрување, тогаш за тогаш. Еве денес од многу напрегање и главата од десна страна многу ме боли,смеам ли парацетамол во рана бременост? Уф многу пишав, ама ми треба да се излеснам оти стварно ми се плаче од што ми е лошо
До хормоните е уживај и мене ми беше многу лошо и тоа траеше се до 15 недела ,мачнините со ништо не се смируваа освен кога грицкав нешто па затоа гледав стално да имам соленки со мене тоа ми олеснуваше малце .Смееш да се напиеш парацетамол само не пречесто нема да пречи ништо .Имам читано дека гумбирот помага за мачнини јас не се осудив да го пробам искрено пошто знам дека многу лути . Со лесно
Фала ти Елче за утеха,и јас гледам да грицкам бисквити,ама кога сум гладна ми е многу полошо ,а и најадена повраќам и никако не бива,не функционирам,ни на малава не можам да и посветам внимание како што треба,ама тоа е,ќе стискам заби
Ахааа!! Затоа те нема, предосеќав јас! Баш се израдував Имаш уште 6 недели за да престане гадењето...стисни зуби и осмех на лице Наместо бисквити ја би рекла солени крекери да зимаш. Пробај и со некакви бомбони. Кики, Скитлс...мене ми помагаа овошни. Ај официјално честито и со здравје да си го носиш
Фала мила,ама ме утеши 6 недели ќе полудам ,а уствари и првиот пат ми беше така ,се убив од повраќање