Јас мислам дека најдобро и најмногу искуство имаат тие жени кои веќе родиле и имаат позади себе 1,2,3 деца и најдобро можат да ни кажат се околу породувањето, а тие кои слушнале и не дослушнале како што треба, нема потреба да ги вознемируваат трудниците кои се на прагот да донесат нов живот на свет, така да јас тотално се сложувам со Битерсвит околу коментарот да не се пишуваат пред време некои работи кои во овој момент можат уште толку да предизвикат стрес кај секоја од нас која е веќе во блажена состојба, како кај некоја друга трудница така и кај мене, кога ќе прочитам нешто што не држи место , се ама баш многу и не би сакала некоја неискусна да ми дели совети, а уште помалку да пишува како да го доживеала веќе тоа и ги знае тие работи најдобро од сите како да е некое стручно медицинско лице МеУ, почекај за некоја минута ќе ти одговори форумџиката од погоре, бидејќи има познанства од се и сешто, а најмногу од областа на гинекологијата Се извинувам ама се изреволтирав и јас после некои работи што прочитав
епа добро ај вие искусните пишувајте си,...бидејќи нели јас од баба работиве сум ги слушала. а не од доктори што збореле по тв или читано по сајтови. За да не ве потресувам. Само ќе ве читкам и чат пат ќе ве прашам како сте ми и што има ново. Нека ви течат со убаво и лесно бременостите,бидете безгрижни
Ти благодарам Нати.П, јас сеуште не сум пробала ништо ниту сум зела некој лек ама гледам дека само по себе ми поминува, денес сум многу подобро од вчера, па ако ми помине за ден два, супер ќе биде, а ако не, ќе земам некој домашен лек како твојот што ми го кажа па ќе се лекувам
Мило ми е што си подобро, и да бидеш уште подобро Инаку знам дека ова не штети па затоа и ти пишав, бидејќи знам дека во текот на бременоста не треба да се земаат лекови. Поздрав и со лесно
Идни мамички сабајле на КИТ и пишував за две пози кои јас ги практикував кога ми беа болките ,а вам ќе ви препорачам да си побарате на нет ,за кога ќе ви треба да можете да си олесните.
Уште синоќа кога и пишав на калиас за овој лек, сама си се настрвив, ама денес претеравте, дури на лек им се прават лиги на трудните Чекам да си дојде маж ми (жртвата) од работа па да ми направи, срамота ,ама навистина не знам како се прави, секогаш мајка ми ми го правеше , а јас бегав зошто пукаше кога се става млекото
МеУ сега знаеш откако ќе загори шеќерот, млекото додавај го постепено по малку, не прска верувај А тоа што пука ништо не му е не грижи се, шеќерот се стврднува кога ќе го додадеш млекото. Ама после ќе го пробркуваш и ќе се растопи. Само немојте да ставате повеќе шеќер оти нема да можете да го пиете ќе биде бетер од шербет.
А јас па мислете многу знам да го направам, до сега секогаш мама ми правеше секаков вид на лек, но од сега ќе треба сама да се учам, ја нема мама до мене па да ми прави се што ќе посакам ама ќе се научам, кој се родил учен, кога јадења сама се научив да правам, што останало ред за друго нешто
Здраво драги труднички,се надевам кај сите се е во ред!! јас пред некој ден дознав дека сум бремена а утрово се уверив за сигурно дека е точно преку крв по трет пат пошто не ми се веруваше дека сум останата трудничка,е сега на ехо сеуште не сме го виделе ембриончето,ми закажа матичната за во понеделник рече на вагинално ке ме гледала бидејки било рано да се види со обично ехо. Е сега ме интересира вие кога прв пат го видовте вашето најмило? мене денес ми 40ден од последниот циклус пред 3 дена на домашниот тест има бледа 2 црта(која ми рекоа дека е поради раната бременост) па затоа правев 2 пати бхцг,вцера и денес...многу сум возбудена и уште сакам да знам да не е штетно да ме гледа др. на вагинално?
anailisav честитки и од мене инаку јас да си кажам за мене, тестот го направив по 8 или 9 дена доцнење, некаде 46 ден од последниот циклус бев на др да ми ја потврди бременоста и ме гледаше на обично ехо
честитки и добре дојде во клубот на трудничките, со лесно да си ја износиш бременоста и да родиш прекрасно бебушче. Вагиналното гледање не е штетно во раната бременост од причини што само така ќе ја утврди бременоста па здравје боже во 6 недела ќе одиш да го чуеш срцето на бебушот. Не се уморувај смирено сега влегуваш во друга фаза од твојот живот која бара повеќе смиреност и одмор и само напред ... честитки уште еднаш. п.с јас моето го видов првпат 4 недела кога го утврдивме со вагинално ехо па во 6 недела да видиме дали има срцева акција . поздравче и со лесно
Благодарам за одговорот и чул ве Господ за убавите зборови!!!!!!! посакувам кај сите се да мине во најдобар ред!!!!!!!
еве ме и мене и јас сум уште тука, а гледам и останатите.. За ова за на ГАК кога ке прочитам нешто значи стварно многу се нервирам, како можат така бре, да не треба во ходник на плочки да легнам да се пораѓам па за да ме примат, немале место, како не бре или не им се работи.. Убаво се ја направија само уште да има кој да одржува хигиена внатре и да има кој да те прими како човек... Е затоа јас кога влегов во 9ти и викам на мајками донеси дома униформата и така ке влеземе кога ке ме фатат болки , пошто ако нив ги чекам ке треба у ходник да се пораѓам.. Стварно е за срамота све ова што го прават ама ајде што можеме тоа е.. Калиас мене ова со млекото ми беше најдобар лек, зимоска се разболев исто бев нели бремена и ова многу ми помогна плус имав и температура 39.. и сега летово пак се разболев и пак ова ми помогна а за температурата само вински оцет, чорапите ги мокриш со вински оцет и ги облекуваш и ова исто така многу помага ПС. Времевоооо многуууу амаа многуу го сакамм
anailisav честитки да си имаш најлесна бременост, и да си се дружиме тука јас првпат кога бев на лекар и ми кажа дека сум бремена ме прегледа со вагинално ехо, а некаде 8ма недела го видовме првпат и бебенцето на сликата д ехото беше како марсовче и јас би сакала да си продолжиме тука сите труднички да си се дружиме и да не се караме, и секако најбитно да споделуваме искуства кои некој ги доживеал за било која работа, а не нешто што сме прочитале на интернет, или некој ни кажал... конкретно јас се изначитав се и сешто на инт ама гледам дека во реалноста и баш нее така
Рецептот за карамел млекото е супер, и јас го имам користено и за време на 2те бремености, нема штета, освен што и мене ме настрвивте, па и, пу,пу, здрава ќе го пробам Меу е во право, ај не се расправајте Меу, за креветчето, што знам, ние не местевме ништо додека не се роди ќерка ми, дури и покрупните работи ги купи мм откако се роди бебулето... некако шубе ми беше пред тоа, ама тоа сум јас, нели? А и за двете купував/ ми купуваа дури навлезена во 8/9 месец и перев и пеглав последните недели... Само што ова второто го претера, јас подготвена скоро цел месец, а тоа Поздрав за сите
Eпа така горда, и јас веќе сум во 8ми, па изнакупивме се. Здравје ќе перам и пегла од наредната недела, да заокружиме барем 34недели, па кога ќе се породам маж ми нека го намести креветчето, да не се буткаме во него уште сега.