Идам денес со кола до банка, се паркирам на регулар паркинг, излагам од банка и ја барам колата. Ме фаќа паника му звонам на маж му викам ми ја зема колата пајак, се објаснува тој кај сум паркирала, зошто како што, викам дојди. Доаѓа да ме земе и кога ја видов црвената кола ми текна дека јас излегов со црната, а на паркинг ја барам црвената маж ми ме гледа во близина на нашата кола и ми вика ти мене ме заебаваш? Со првата бременост си отидов во сити мол со кола се паркирав се вратив дома пешки. Другиот ден маж ми бара кола н приватен наш паркинг вика ни ја украле колата. Мене во ист момент ми текнува дека ја заборавив на паркинг во сити мол. Ајде иде маж да ја земе тикет се опна 1000 и кусур. Тоа е бременост
Леле ај баш и пиши тука. Понеделник на преглед сум... аман раат да не е човек више.... Да се едитирам сто пати ти било пишано не прочитав дека и други членки пишале
И мене ми беа ама искрено не јадев салати а омега пиев и почнав со зелени салати за 1 месец се средиа
И јас сум петок само да не ми презакажат за друго не ми е страв. Нели секако они 1 брис земаат дури си на ЦТГ а после пораѓај ти земаат пак и ти го носат бебето тек после резултатите. @Jana06 мислам така сподели ако не грешам? Значи секоја трудница што оди таму може да се разболи од прв брис до пораѓај може ќе поминат 3 недели и никој нема да знае дека има корона дури ја пораѓа
Колку што сватив 2 пати прават брис, еднаш кога ќе почнеш со цтг и еднаш дента пред пораѓај.. ако сум грешка нека ме исправат Женски, со што мачкате суви брадавици? И дали од сега да почнам да мачкам, 32ра сум.
Да ама може за царски тоа за природно од кај знаат кој ден ќе се породиш за 24ч пред тоа да ти земат брис. Има случаеви што ги задржале не дека не..ај ќе кажат тие што се породиле скоро како е процедура. Јас од 12та нед мачкам со ланолин 267ден од еурофарм. Истава крема се корисит инпосле во тек на доење не се измива како што знам.
Со павловичева со АД капки, се мачкам и на стомак и на брадавици, супер сум до сега, мачкам од 15 недела, сега сум 31.
Јас си купив чист ланолин, слушав една докторка педијатар од Ремедика дека може брадавиците да се негуваат со ланолин уште за време на бременост, можеш да мачкаш еднаш неделно, а кога ќе влезеш во 9ти и почесто.
Незнам дури ми напомена дека и триглицериди ќе ми даде да проверам и се изненадив високи никогаш не ми биле и дури ме советуваше што да јадам.
Ако планираш да ги доиш бебенцата мачкај ,масирај почесто во денот.Јас од доење лесно се откажав неможев со 2 после 5 дена продолжив со адаптирано а и морав почнаа да паѓаат на килажа.А и некако не се постигнуваше.
@Lovebug01 @Happyinlove Др. Симонида е на работа. Ми олесна. Се јавив и во Ремедика ми рекоа дека нема место за паника.
Што ви помага за гадење? Не повраќам, ама од се ми се гади, се ми мириса одвратни, било јадење, било пиење Антиметил не помага, газирани пијам .. а-а, неќе. Глава пука, кафе не можам да мириснам не па да се напијам.
Јас со спрајт преживував и тука неколку ми кажаа дека исто им помогнало. И при главоболка а и кога повраќав дека благичко те освежува ...пробај може ќе ти отвори апетит јас полесно јадев откога ќе пиев...Но за јадење овој период генерално треба да откриеш што можеш што не и да издржиш до 13та недела
Ма како сум здебелена ич неќам да мислам на јадење. Личам ко за 5месец, а не за 5та недела (или 6та не знам која сум) Може малку патент на уста да си ставам, да поднамалам малку. Швепс земав, ама уште побетер од него. Само со праски преживувам, дур не ми се згадат и они И по спрајт ќе одам. Неиздржливо е, башка жешкото, башка дете сака играње и шетање натака навака цело време.. оф.
Полесна храна и помали оброци, овошје и зеленчук. Ако не можеш така да го јадиш овошјето и зеленчукот направи си смуди јас во последно време си правам комбинации и така ги јадам полесно ми е. Можеш и во јогурт да го ставиш овошјето сецкано и ете ти овошен јогурт,и лесно и брзо. За глава можеш парацетамол или аналгин, мене тоа ми е дозволено ама досега сум немала потреба да се напијам. Провери дали е до притисокот од тоа да те боли глава. За качување на притисок кока-кола или пепси.
Штотуку се вратив од преглед. Цтг супер, притисок нормализиран, уште 7 клексани за примање. Е сега, бебка има застој во развојот По правило сум 37ма а според мерките на ехо дава 34та недела. 2600г тежи и пред 2 недели кога бев на ехо истите мерки и тежина беа, страв ми е. Докторката ми рече сабота пак на цтг и да носам мерките од првиот преглед па да спореди. Инекција таа за зреење и реков ако не да ја примам неа, ама таа го качувала притисокот и е ризично да ја примам, а и вика и онака си веќе во 9ти месец немало потреба демек, а бебка слаб развој. Ми спомна дека е најверојатно со закажан царски да одиме, пошто нема напредок бебе, само рече неделите да ги постигниме (а не знам како би било тоа кога нема напредок еве веќе 3 недели истите мерки) Сепак рече сабота дојди ма цтг и со претходните мерки за да одлучи термин и начин на пораѓајот. Многу се загрижив, како ќе испадне Бог знае Да дополнам исто ми спомна дека имало лакуни на постелката и затоа растот е заостанат. А ги видов и јас на екранот, имаше 3/4 како кругови беа
Убав ден на сите! Од денес 36та недела...со речиси 10 кг плус,за сега без стрии и отоци. Совет до сите трудници кои имаат проблеми како што имам јас да одмараат. Да си ја примаат редовно препишаната терапија и се ќе биде добро.