Јас утрово бев на преглед во Ремедика на втор скрининг и се си е во ред како и предходно на влез ти мерат температура и потполнуваш анкетен лист
Мене ми помагаше против гадење и киселини тоник швепс или пелистерка,исто и краставичка со солце само
Иста сум и јас,не можам да поднесам мириси ни храна,од што морам јадам дека ако сум гладна ми е уште полошо,а овошје многу ми се јаде ама после го повраќам,исто и газирано ми олеснува ама па отпосле ме копа во желудникот,и никако не си.
Ич нема да ти бидам за утеха,но до 16та недела ужасно гадење и поврајќање имав а страшни главоболки. Ништо не ми помагаше. Само парацетамол за главата пијав. Може од спрајтот така така да ми олеснуваше,но не она ех ми олесна. Кога бев гладна умирав од гадење а кога јадев умирав од поврајќање. @Среќичка ми олеснаа,фалааа за инфо
Можам само да замислам како ти е ама не се нервирај. Ако има време @Chuchanov да ти сподели искуство, она беше во слична ситуација, па донесе на свет живо и здраво бебенце.
Еве за родилката со корона од ремедика,била и на гак https://www.slobodenpecat.mk/havari...bez-da-prijavi-deka-svekorot-ima-koronavirus/
Ццц не можам да поверувам дека ова докторка го направила. Ако дознае некој кој педијатар бил на пораѓај ве молам да ми кажете.
Крајно себично и нечовечно однесување, а згора на се од лекар... Работава битно ја да се породам па кој ги врти другите...
Идиотка! А добро ремедика како така бeз брис земен ја породиле? Или дека "докторка" па ајде ке им земаме пари и брис на обичниов народ. Ааа и ремедика ке си јаде минус
Со еден потег и ГАК и приватна болница копромитирала. Добро како да знаеме дека нема други како нејзе? Почеток на јули треба втор скрининг да правам ниту си државно нит приватно да одиш. Катастрофа
Жалосно, без грам совест за останатите трудници и бебиња. Можеби избегнувала контакт со свекорот,ако и било страв и за сопственото здравје,но сепак,од каде да знае дека не е асимптоматски носител на вирусот,кога има од прва линија заболен? Очекувам од Ремедика да излезат со соопштение,сепак јавно се прозвани.
Каква себичност! Битно на твојот газ да му е убаво, а тоа што други ги доведуваш во опасност, што е па тоа твоја одговорност. Каква стока! Оваа бетер од Цаца! Инаку во Систина има нов протокол, пак секоја трудница сама оди. Мажот чека надвор.
Devojki ve molam za pomos.Sto da pravam da se poragam Rr Medika ili da baram drugo mesto?Sto mislite?
Уште не можам да разберам зошто не кажуваат дека можеби се суспектни за корона? Дали Филипче некаде кажа "ќе има казна за заболени од корона" ? Не сфаќам од што се плашат луѓево,па кријат. Ало ненормална една,доведуваш во опасност живот на штотуку родени бебиња
Не дека во ремедика го пуштиле мажот ми... ама што дека еве ни они не знаат кај тераат. Знам @Jana06 кажа уште на цтг кога одеше и побараа брис да и земат,бебето си го чекаше да и го тестираат,а госпожава ке ја породат позитивна. Браво алал да им е. Ама нека кажи бре луѓе нема непородена да ја остават. Ке ја изолираат и ке се спремат докторите и сестрите малце повејќе... што е ова пазар. И како да одамјас во понеделник сега?