Веројатно веќе превземале мерки и не верувам дека е опасно. Сепак се приватна институција и мора да внимаваат на се затоа што тоа ќе им удри по џебот. Пишуваа тука дека ги пуштале претходните пати ги пуштале и мажите. Кутриот мој, никако да влезе
Не ми се верува нечија придружба да пуштиле, барем овие 2 месеци редовна сум таму и гледам. Инаку, мене ми земаа брис 37ма недела и непосредно пред пораѓај. Си бев во изолација до резултатите и сите си беа заштитени по протокол. Е после, кога веќе си во соба и имаш негативен резултат сестрите малку се опуштаат особено ако се зближиш со некоја.
не сваќам и јас, ете медицинско лице сум, но не е во ред ова. Треба совест да се има. Не вака Страв ми е и мене, посебно зошто не излегувам од Јануари месец, скроз изолирана, и сега ова го слушам Не е во ред ова.
Јас ваквите не би криела него со име и презиме треба да ги кажат верувам како на кожно таа ќе кажат и оваа која била. Убаво кажаа дури доктори не верувале дека постои корона... ненормални .
Јас колку што сфатив била во изолација и направиле тест. Во меѓувреме морало да ја породат па стасал тестот. Значи треба сега да и опнат казна и да и земат лиценца. За друго немам коментар.
Не знам како ја пуштиле ГАК слободно да шета секско требала да има решение зс самоизолација и да проверат кај оди што прај пред сам пораѓај... пропуст и на епидемиолози и полиција..од вакви ненормални останавме дома заглавени
Не сваќам зашто мажот да не би го пуштиле внатре за време на преглед кога ние со мажите сме пола од времето во денот ако он е зсразен и јас би била секако не им ја сваќам логиката. Плус и докторите сегде шетаат сегде се собираат од каде да знаеме ние дека они не се заразени на нив никој не им прави тест освен ако нема ваква ситуација. И колку што знам ако пациентката е позитивна на корона ниедна приватна клиника не ги прифаќа тие родилки туку ги праќаат на ГАК сигурно она не сакала да иде на ГАк па чекала до последен момент за да мораат да ја породат во Ре Медика бидејќи немало време нели
Јас на 1ви јуни бев на контрола,мм влезе со мене без никаков проблем. Додека чекавме немаше трудница што не беше со придружба...зборувам за во Систина. Мм сака повторно да е присутен на пораѓај и најверојатно ке бараат и тој да биде тестиран за да може да влезе.
Ремедика не пуштаат, ниеден маж нема во чекална, ни па на педијатрија пуштаат, а маж ми ептен сака да е присутен кога е преглед за бебе.
Нема потреба од толку гужви правење реално помали се шансите да заболиш ако 1 трудница е болна него ако е и маж и. И секој е различен преносител некој може во моментот да не пренесува на пр трудницата да не пренесува а маж и да е најзаразен. Кај мене матичната не забранила ама од почит кон другите трудници не го внесувам.. можеш да снимаш на моб и да му покажеш бар ако ништо мене лично ми дава сигурност кога можам да сум на 2м и нема гужви. Иако не е правило...
Јас не сум трудна, на посета сум во темава хаха. Бебе ми е 4 и пол месеци ама маж ми не ја видел до сега на преглед како напредува, му е ќејф и затоа спомнав и педијатрија. Гинекологија бев на контрола само и знам дека не дозволија никој, за пораѓај не знам како е.
Сигурно сите се бацуваме со мажите се фаќаме за раце и ред други работи дома исти кваки фаќаме алишта и ред други работи нема теоретска шанса мажот да е заболен а жената не освен ако не се во изолација па од 2 метра да се гледаат. Малце е преувеличена целата ситуација пак ќе кажам од каде ние да знаеме дека докторите не се заразени?
Добро тоа е друго и двајцата сте родители а имам видено влегуваат со деца по двајца Никако само набавете Н95 маска ја со таква одам по болници и лаборатории најсигурна ми е друго чаре нема
Прво, не се секирај, нервозата му штети на бебето. Покриена си со терапија, тоа е најбитно. Докторите 38 недела ја сметаат за безбедна недела.
Единствена заштита тоа маска,влажни средство за дезинфекција...али веќе рацеве ни се иљупија од средствава...
Trigliceridite se stvaraat od sekeri ne od masti i proteini, normalno e na site trudnici se pokacuvaat mene mi se 3 , a holesterolot 8
Леле себичност на највисоко ниво. Е од вакви дојде ситуацијата до ова ниво. Додека ние се плашиме на преглед да отидеме, некоја фино лепо со сите салтанати, позитивна ќе си роди. Срамота!
Значи сите клетви на светот и ги акнав, мамата нејзина, све најлошо да ја снајде гуска една што свесно отишла у Ремедика!!! И у Гак! Мамата мамина !!! Вријам од нервоза!!!