Ако ги примиш инекциите се ќе биде ок,но јас мислам дека треба да те породат штом заостанува 3 недели назад. Мене ме породија во 36 та недела а бебо одговараше за 33 та ,немаше никаков проблем. Се ближи времето за запознавање со бебче ич да не се секираш..те гушкам и со лесно
Може биле двајцата за испитувања, еднаш јас кога бев така се погоди. Сите мажи останаа на паркинг освен еден пар кои мораа двајцата (се обидуваа за бебе претпоставувам). И сега мм влегува со мене на педијатрија зашто јас со царски не можам да го носам транспортерот ама искача одма. Внимаваат стварно, немој да се плашиш да одиш. И тие што биле на тој пораѓај биле заштитени верувам зашто мене кога ме пораѓаа така беа 'маскирани' што после на визита не ги препознавав.
Групава е поактивна, па ќе го постирам прашањето и тука: Девојки, да ве прашам за искуство со резултати од втор скрининг направен во 21+3 недела кај Котларова. При снимање на главчето, забележа две цисти - по една на секоја страна. Едната поголема, другата помала. Ми кажа дека знаат да се појават и дека вообичаено се губат до 28ма недела, но не ми звучеше нешто утешително... Доколку сами не се повлечат, имало процедура (интервенција) што се прави додека е во матката. Друга опција е да се роди бебето, па до кај втори месец да чекаме да се повлечат... Мене се ова прилично ме исплаши, па ве молам за мислење доколку некоја од вас имала сличен проблем?
Нечовечки до крајна мера и сосема неетичко однесување од лекар! Срамота! Човечката себичност и злоба за жал, нема граница
Ova e dno dna. Kaj taka nemame lekari a trudnci kup, pa i tie sto se da sedat vo izolacija radi nemarnosta na drugite. Za vakvi samo sankcii i toa vistinski golemi teski
Побарај и второ мислење знам дека се појавуваат водени цисти во 5ти месец и подоцна се губат тие барем така имам читано не се страшни сигурно да би имало нешто лошо би ти кажала докторката
Фалаа ти, многу ми е страв сепак сабота ќе одлучи др. конечно за пораѓајот. А колку кила се роди твоето?
Конкретно за Ремедика. Секои 10 дена сум таму, што за преглед, што за извештај, што за лабараторија. Од април месец навака маж ми нема стапнато со мене внатре. Ни на втор скрининг, ни на третиов. Секој пат сум Прво културна и совесна и го прашувам чичкото што мери температура на влез дали има промени во протоколот ( во смисла дали може да влезе и он ) до последниот пат ( пред 3 дена ) секогаш одговорот е не, сеуште е исто. Фер инаф..и на маж ми му е глупо да се шверца и да лаже дека е на преглед ( пошто нема друг начин за да влезеш освен ако не го излажеш човекот што мери тт на влез ) а забележувам дека многу мажи има ( па како ми одат на живци онакви па горди демек влегле со женичките , кој ја чека жената наместо во кола во ходникот внатре, кој влага со неа во ординација и така.. ( сметам дека сепак е до совеста, и почитувањето на мерките, каков протокол за заштита и да има болницата, секој несовесен и себичен човек ќе може да се промакне, а такви има еден куп за жал ) На родилкава 100000 пати срам и арам да и е! Па уште докторка бог да чува. Не не бива и нема да не биде. После филипче бил крив.. како па да не. Теле може да се воспита, вол не!!! Само господ да не чува, нема друго.
Не се секирај ич за цистите и моето имаше две по 4 мм беа скрининг ми правеше Димчев и ми објасни дека при формирање на мозочето се појавуваат но како расти се повлекуваат најчесто до 28 ма недела , сега сум 34 та недела нема никаков траг од цистите значи не е ништо страшно
Мила немој да се секираш, и моето бебе беше со цели 3 недели заостанување, па родив здраво девојче. Ме следеа од 36+2 до 38+6 преку ден одев на цтг а од 38ма секој ден протоците беа добри ама бебето никако не напредуваше се роди 2640 во 39та а не испишаа со 2530, бебка ми беше на топлење 24 часа не пуштија ден порано ради ситуацијата плус и двете бевме добро.место за паника нема само слушај ги докторите верувај дека бебето ќе ти напредува премногу.Ќе те чекаат некое време и ќе ти закажат царски како мене. Чекаме убави вести наскоро
Нема проблем за тоа сме тука да си ги споделиме маките и искуствата знам како тие и јас се преплашив прво кога ми кажа матичната потоа бев и кај Димчев во Систина и на ГАК кај Лазарова и ми објаснија па се смирив, така да нема простор за паника и само позитивни мисли
Не ме сфаќај погрешно. На онкологија се како од спејсшатл заштитени па имаше заразени. Се пренесува респираторно најверојатно... Друго објаснување немам..
Не ми се верува за оваа што со цел памет пошла на гак без да каже. А бе еден ден сакам да излезат и да објаснат зошто тоа го направиле, како им размислува главата, тоа сакам да го слушнам
Се јавив сега во Ремедика да прашам дали има потреба од загриженост и дали да превземам мерки, ми рекоа дека не треба дека си имало посебен протокол за родилката и општо за такви случаеви кај што ги немаат добиено резултатите од тестот. Конкретно јас бев кај др.Афродита во понеделникот и прашав за неа ми рекоа дека не била во тој тим ама дека секако нема причина за загриженост затоа што си имале протокол. Иначе јас бев на втор скрининг и се во ред сите органи се во ред параметрите си одговараат ми мереше и цервикс и сум задоволна како поминав кај докторката. Уште не сум одлучила кај ќе се порагам зависи и од тоа каква ке биде ситуацијава во моментот. Бебче ми е тешко 490гр и многу ми е мирно досега, немам никакви проблеми, се надевам така и ќе остане. И крв испитав и тоа е во ред така да сега си уживам А да, почнав да одам на работа со моја желба, немам контакт со луѓе и ми е многу подобро од кога седев дома
Абе она добро направила што отишла на гак. Таму и требала да оди, пошто само таму нели требаше да примаат ризични случаи и болни од корона. Грешката е е што не кажала за контактот со свекорот. Па уште навредена напуштила болницата и директ во ремедикане бе не многу се нервирам, џабе не не бива и тоа е тоа. Дечки кај и да планирате да се пораѓате не се растревожувајте, одете каде што ви бил планот, мое мислење како е шкртнато така, пошто по се изгледа во сите родилишта има ковид ситуации и персонал во изолација. Кај и да одите исто е, не дај боже само е работава
Па затоа викам без да каже, не е проблем што отишла, туку отишла без да каже. Мене па најмногу ме нервира што ваквите секогаш си поминуваат. Ни казна ќе има ни ништо.