Ne utre treba da odam.Denes vo Ohrid vo bolnica mi pravea. Evo sega zavrsiv so vtoroto CTG da vidime so ke kazi doktorkata.
Како ви влијае стресот? Вчера ми беше така нервозен ден денес цела сум здрвена цела дури болки почнав да осеќам .
Devojki vie sto ste so ivf i ste kaj Ivanovski koga vi kaza da napravite mikrobioloskite brisevi.Jas sum 13 g.n.u izvestajot nemam za brisevi samo krvna slika,D-dimeri,hemostaza i urinokultura...mozebi e zaboravil da pise a velam na maticniot da gi pravime ne saka bideki ne mi pisuvalo vo izvestajot.
Нема потреба зашто пред ин витро имаш правено после интервенции сигурно пиеше антибиотик и пробиотик,односи ти рекол да немаш така да таму околу 5 месец или ако ти имаш некој исцедок,чуден мирис или чешање кажи му и порано.Ако има бактерија ќе покаже и на уринокултурата па тогаш ќе ти рече брисеви.
Pred invitroto mi bea cisti a nemam nisto pienk samo vagisan imam koristeno pred ivf...cesanje i cuden miris nemam a iscedok imam urinokultira ednas pravev mi bea cist sega pak mi pisal a brisevi ne mi pisal mislev da napravam ama maticniot ne saka ne pisuvalo....
Секој месец уринокултура ќе ти бара да правиш,кажи му на ивановски за исцедокот,а и мојот матичен брисеви со страв ми земаше
За жал не се сите совесни. Денес бев на преглед во Систина, си збореа сестрите дека добиле порака од матичниот доктор на една пациентка позитивна на ковид 19, дека тој сакал да и даде упат за на Гак, да се порагја, а таа му рекла не ми давај упат за таму, јас во Систина ке си се порагјам. Добро што матичниот ги известил во Систина, ја знаеа со име и презиме и од каде е, и рекоа ке бидат известени сите, таквата пациентка воопшто да не биде примена во клиниката. За жал ги има многу такви. Инаку во Систина денес, превземени сите мерки што се вели на најјако, гужва воопшто немаше, прдружба никако. Мажот ми, за прв пат не го примија, иако сум со високо ризична бременост, и примив денес инекција за зреење на белите дробови на плодот, па сакав да биде со мене зошто не знаев како ке реагирам на инекцијата. Но, ништо, во кола ме чекаше. Инаку јас да си се пожалам 30+2 сум, постелката ми е преполна со хематоми, и имам опасност од превремено породување. Денес бев, прв пат и на цтг, тоа е одлично, бебето одговара на неделите, стомачето ми рекоа е помало за некој ден, но тоа не било страшно, протокот добар. Ми закажаа контрола за една недела, рекоа дека ке се удри уште една доза од инекцијата, и почесто ке ми прават цтг. Докторката ми рече, дека и покрај коронава, побезбедно за мене е да се преселиме во Скопје, па да бидеме близу во случај на "не дај боже". Многу ме плаши ова, од чист град каде нема корона да се преселиме во Скопје, каде што е жариштето . Но, тоа е. И се уште се мислиме дали да одиме кај свекорот и свекрвата, тие живеат во Скопје, или да си изнајмиме стан. Зошто тие искрено си шетат, а и стално се со гости, како автобуска станица е кај нив. Изгледа најсигурно ни е да си изнајмиме стан, па да си бидеме сами со мажот ми, како и досега. Ете тоа од мене, си се изнажалив, рано на сабајле, уште не разденето .
Само гледајте да не ви се тупнат на гости никој не примај штом си со ризична нека се љутат колку сакаат
За гости не доагја во предвид, колку сакат нека се лутат. Ние и тука, во град кај што нема заразени не примаме гости, ниту пак одиме на гости, а камоли во Скопје.
Мило ми е штом зајакнале и во систина така треба затоа што очигледно се збудалело. Несовесни а можат на бебето да пренесат и после кај ќе се лекува.. Инаку еве ние сме од Ск се пазиме од кога почна вирусот со Кина. Не се гледаме ни со свекор свекрва ни со мојте ни со пријатели со никој. Со тоа што ќе живееш во ск нема да го фатиш вирусот ако се заштитите не си прави паника и така си со високо ризична ..со лесно !!
Луѓе, мене ме чуди што воопшто доаѓа до вакви муабети за Ремедика и Систина. Нели ти прават тест пред пород? Мене ми рекоа ќе ме тестираат. Ја не сфаќам дали некаде уопште сме ние заштитени. Дома само, на маса трпезариска.
И јас сум со високо ризична бременост од почетокот...прво инвитро а потоа уште 100 проблематки. Пред 5 недели се преселивме кај моите затоа што ми рекоа ако сакам да истуркам колку-толку морам строго да мирувам. На почетоко и јас им забранував да примаат гости... ама како поминува времето веке не знам што да правам и дигнав раце. Со керка ми и мм бевме затворени дома од 11ти март. По два месеци мм мораше да продолжи со работа(мора да е во контакт со луѓе). Носи маска,амаа....и тоа веќе не ми е сигурно. Вирусот е насекаде и мислам дека колку и да внимаваш имаш шанси пак да го фатиш. Од пред некој ден на скрининг за воспитувачки открија дека една моја познајничка е позитивна... асимтоматска скрос... жената беше толку внимателна,маски и ракавици постојано. Мене повеке ме плаши што ке правиме и како ке продолжиме од кога ке ми се роди бебето... Првото ми е поголемко се се разбира,ама детето е без социјален живот 4 месеци...за мене не е проблем ама тоа жално,си има другарчиња со кои зборува само на вибер. Искрено јас психички добро се држам ама и тоа до кога ке е така?! Колку време по пораѓај ке мора да сум изолирана со децата?! Не е лесно стварно. Плус најавуваат нов бран,не бумбарат со нови недокажани информации секој ден. Несакам и не верувам веќе во ништо ама се затекувам самата себе како по неколку саати истите тие и информации повторно ми поимуваат преку глава и ги анализирам колку би можело да се точни. Малку се заборавив,извинете за долгиот пост.
Несовесни ќе има,но не паничете.Пијте витамини и овошје и зеленчук повеќе и течности.Знаете јас имам близнаци 19месеци и сега сум 9 месец.Без помош нема шанси сама.Сите искористија одмори стар нов,боледување и пак мораа да тргнат на работа.Се знае нема мешање по групи и нема гости,но без баба и дедо и тета не функционираме .Раце миеме маски носиме и до сега е добро.Децата немаат социјализација ,во двор седиме и почнаа да шлачат и кола ако се паркира до ограда.Цел двор е играчки секој ден се купуба нешто ама пак не е тоа тоа.Лошо е после пораѓај бебе треба да се носи на лекар ортопед а се е пролонгирано.Мислам нема потреба да си ги скратувате средбите со родителите ама сепак секој за себе си одлучува.
За жал, изгледа никаде не сме заштитени за жал. Мене ме чуди, тие од Гак, како не ги известиле приватните клиники, дека од кај нив буквално избегала пациентка со ковид 19, и има намера да се порагја кај нив. Како што беше случајот вчера што го чув во Систина, дека матичниот ги известува дека таа и таа пациентка со ковид 19 намерава да оди кај нив. @Milkiway , @Dana31 , навистина никаде и никој не е сигурен со овој вирус. Што да се каже друго, освен господ да не чува и да биде со нас. Жал ми е и за докторите и сестрите, ептен се во близок контакт со пациентите. Ај за порогај се прави тест, ама за прегледи не знаат за каков пациент станува збор.
Јас како што ја чув директорката на ГАК таа ја пратиле дома да оди и да се врати ако имала проблем веронатно не очекувале дека ќе оди на приватно да се породи. Ама се е лекција за друг пат сега ќе знаат. И јас не верувам дека само Скопје е толку жариште мислам дека секаде има асимптоматски само не тестираат толку а и во Ск има 4 места кај што сам плаќаш и се тестираш што не верувам да има по другиве градови. Затоа пазете се и чувајте се кај и да сте. Јас кога излегувам за мене е секој "болен" надвор
Исто сум и јас, во лифт копче ми е страв да притиснам, веднаш си правам филмови дека некој болен бил пред мене, до толку сум забегана. Моите од 8 март ги немам видено, внука ми со која сум ептен блиска, многу ми недостасува.
Скроз сме истата недела и цело време те пратам. И јас сум со високоризична бременост, ама јас уште одамна - лежам веќе 12 недели ради скратен цервикс. До сега држи ко што треба. Инекции ќе добијам наредната недела. Имаш ли некој афтер ефект? И колку ти тежи цуцката, мојава е многу малечка, со сите проблеми и тоа ме загрижува сега многу, дури и на цервиксот заборавам. Си викам еве туркам со неделиве, ама што кога она е назад. Инаку постелка, вода, протоци, д димери све ми е супер. Викаат генетика. Не ми оди во прилог баш со ризиков за предвремено.
Мила ,белки господ ке биде со нас и ке ни помагне, да си поседат бебушките во меше. Јас се молам бар 33 недели да наполнам. Од инекцијата засега немам никаков афтер ефект, но вчера примив две околу 4 после пладне, денес треба да примам уште две во истото време. Ми рече сестрата дека може да се случи пулсот да ми биде забрзан и бебчето да не го чуствувам како до сега, односно движењата да му бидат намалени, ама сепак да го чуствувам одвреме навреме. Сношти си беше активно како и обично, утрово го чуствувам одвреме навреме, ке видиме како ке биде после втората доза. Мојава цуцка вчера 30+2 беше 1450, докторката рече добро е за девојче, ама и читав дека 31 недела се некаде околу 1500 гр. Стомачето и било за неколку дена помалечко, но ми рече да не се грижам за тоа. Не знам, и мене ми изгледа дека мојава некако мала е, но докторката рече девојчињата послабо напредуваат. Кај мене постелката е многу упропастена, не знам како ке биде. Се тешам со народната поговорка "жути жутује" па белки ке не изненади да потраје до 37 недела