Хахааа ме изнасмеа со жути житује. Не зезај, не сте мали вие. Таманка. Ќе издржиш до 33 сигурно. Знаеш ли јас од кога бројам. Наназад кога се враќам не ми се верува дека поминале 12 недели, а серклажов стои. Јас ја мерев кај матичната, пред неколку дена на прагот на 30та ми беше 1250, премала. Сега наредна недела ќе видам во Систина. Нит е зрела постелката, нит протоците се лоши, ете. Е сега јас сум се родила 2600 во 40та недела и очигледно е генетски, што да и правам. А толку сакам инкубатор да избегнам. Ми рекоа повеќе протеини, баш испитував на долна граница се, еве бутам ама не знам колку ќе помогне. Панинстомаков кога го споредубам со други, што да ти кажам. Пинцур.
Во последната реченица за твојот стомак зборуваш така ? Иста си како мене, и јас се споредувам со други, гледам слики на интернет. И мојот стомак е мал изгледам како да сум 5 месец, а за некој ден ке влезам во осми. Ке си потрае серклажов, штом се друго е во ред. Ако имал докторот и најмал сомнеж дека нема да издржи, ке ти ставиле инекција за зреење многу порано. Истражував дека кај некои уште во 26 недела ги стават. И твојата цуцка таман ми стои, неможат сите до грам да се исти. Велиш од протеини раснат? Јас сега дека и скриен шекер ми открија само со тоа се хранам. Се плашам дека внесувам премногу еднолична храна.
Мојот мојот стомак скроз 5ти месец. На инстаграм у search ми е секоја недела од бременоста за да гледам слики. Сирот маж ми само го замарам која како личи. Абе срам ми е да кажам влагам у 8ми скоро. А и добив глупи коментари од типот "ооо па ич не се познаваш", ко куршум да ме гаѓа. А и ја сум општо слаба тенка, не дека па нешто се очекуваше да сум огромна Е јас само скриен шеќер немам за чудо, али да, ми рекоа повеќе протеини, јаткасти и суво овошје. Али кај мене све ми личи дека ген си е ген. Ај мила да си влеземе во 9ти дај боже, па мали, мали ама најсакани
Сабајлево бев на 2р скрининг кај Симонида во Ремедика се беше добро го гледаше бебето. Освен што малце ме загрижи дека јас сум 22ра недела а бебето е како за 21ра. Рече не е заостанување затоа што е рано така да се нарече. Со тоа што на прегледот во 18та си одговарало според неделите па не знам зашто е овој размак. Чекам резултати од д димери иако хемостаза е добра за да бидеме сигурни дека и тоа е во ред. Имала ли некоја искуство со ваков размак во овие недели? Знам дека рече да не се грижам ама пак секогаш ќе си стои грижата иако рече не може сите да сме по шема а пак ќе речам се друго е супер кај бебето.
Еве баш погоре тоа го зборам дека сум загрижена. Кај мене беше слично, до 22ра беше скроз по мерки. Од 24та почна да ми бега малку. Од тогаш све е за недела дена помала. Дури последниов преглед и повеќе. Све ми викаат дека е генетски помало бебе. Све имам испитано, д димети, хемостаза, постелка, протоци и се е добро. Многу сум загрижена ама докторите до сегсни не баш. Наредна недела сум во Систина, па ќе видиме. Си викам чим докторите не се загрижени, не треба ни ние ама ај.
Ти па биди си важна и горда на тоа дека не си голема...зошто да те допира,напротив кажи дека си таква згодница гледај во ред да сте и ти и бебето па за изгледот на стомакот и коментарите од страна време да си немаш. Убаво ти кажала лепотицатанемај гајле се додека доктор не каже. Не е големо отстапување,јади протеини повејќе. Кај менр па и сега а и во прошлата бременост се по 2 недели плус и тоа не треба да е така но ете така ги носам бебињава. А шекер немам... Кажи како беше ремедика? Гужви,чекаше?... со ситуацијава....
Па ни сите луѓе не се исти. Претходен преглед кај матичниот ли ти беше или кај Симонида? Ако не е на исто место, можно е и разлика во мерењата да има.
Не стигнав да те прочитам ќе видам баш они ми викаат по твпја физиономија слаба висока така и бебето се развивало не знам што. И за 4 нед на контрола..секако за 2 ќе одам кај матичната нема панси да издржам цел месец ќе ми пукне глава од мислење
Фала ти на утеха Да тоа заборавив да пишам Ремедика е хаос ама многу пазат они и пак поедини одат со мажи па ги чекаат пред врата..зошто да влегува со тебе и така докторката нема да го пушти???...плус поедини вадат маски внатре сестри и доктори само викаат по нив..имаше и такви со врски да се пораѓаат таму па праеле брис за корона а ремедика нејќе да ги пушти валда дека немаат направено преглед не знам како иде тоа. Ова се се муабети што начув. Генерално мажите не пазат! Многу се храбри а жените нивни стомак до заби. И јас многу се бунев што ги пуштаат само за да праат гужва на влагајна да плателе за жените. Лажат кај чуварот и се пикаат. Дали 1-2 се чуваше на растојание другово распашена команда. Пазете кога одите таму бунете се.. они стварно се трудат и сестри и доктори и гледаат да не чекаш ама џабе кога неразбран е народов...2 доктори и сите сестри на одење ми рекоа само Чувај се не се движи и биди внимателна. Мислам дека е редно сите сериозно да сфатиме
@eta @Zuza28 да ве охрабрам, мене ми е втора бременост, стомакот едвај да ми се гледа, а сум веќе 7ми месец, последното ехо ми рече дека бебето е поголемо за 130 грама (немам скриен шеќер). До струкот е изгледа кај нас
Една недела не е ништо. Бебиња се раѓаат од 2 до 5 кг. Плус битно е на секој преглед да има напредок. Да не се два последователни прегледи со исти мерки.
Не сме нормалниќути свекрвите не ги зеле со нив. Додека немаше корона така влегуваа маж свекрва и трудна жена последна... бог да чува. Ама еве мажот ми скоро 6ти месец сум не се ни осуди да влези. А за првата бременост паничев и без него неможев да влезам ама беа подобри времиња. Сега како ситуацијата си налага,и јас сакам да влези со менр но не е тоа што сакам јас
Џабе сега кога пак не влегува ама прај гужва стварно и ја само ом викав Господине држете 2м и цело време тоа мислам докторине и сестрине при крај со нерви. Кога закажувате ако имате можност најдобро е попладне веќе втор пат идам сабајле и е вака а кога ми закажувале после 17ч е раат нема никој
@Zuza28 и @eta се надевам се ќе биде добро и ќе се издржи уште неколку недели и кај двете вас слушајте совети и имајте позитивни мисли, при крај сте, ќе помине и ова за скоро Незнам дали сте слушнале за секси салата- мед тегла полна со сецкани ореви, бадеми, лешници, ф'стаци, семки од тиква. Се тоа измешано и да се јади секој ден. Јас јадам по 1 лажица дневно, а треба 3хдневно. Знам случаи каде бебе било помало, јаделе од ова и имало доста подобрување во килажата. Ако не ви смета на шеќер ова, може да пробате.
Јас да јадев вака можеби ке родев бебе од 5 кг. За стомак не се секирајте. Јас имав огромен стомак, најголем од сите што ги знам. Еве сега се секирам како да ослабнам и да го вратам во нормала.
Е жената што јадеше вака роди бебе природно од 4кгможе и има врска, незнам. Јас повеќе за протеините го почнав, така ми стоеше теглата поклон од Турција, и кога и крв ми заслабна почнав да јадам. Ќе видиме дали ќе биде 5кг на крај да се насмееме малку, ми беше најмногу заради нивните тежини, ако може зошто да не ги подобрат со ова. Сепак е индивидуално
Сега убавонте прочитав значи по физиономија сме исти слаби тенки убаво и докторката си вика заради физиономија може да е разликата. Иначе и кај мене кога ќе станам сабајле е мал стомакот после од јадење и вода дека пијам многу се дуе и зголемува а не сум споредила дали мибе помал или не а по грамажа како ти е бебето? Кај мене кажаа 470гр што е во ред и се совпаѓа по грамажа со неделата. Е сега пак е тоа компјутер..
Devojki jas sum 17ta nedela i na pregledot od pred 10 dena doktorot mi rece deka bebeto e ponapredno za dve nedeli i za vtor skrinig da si zakazam za tri nedeli deka i porano moze. Togas ke bidam 19 nedela, a gledam site drugi pravete skrining okolku 21, 22 nedela. Na pregledi odev kaj Petanovski a sega za skrining nezz, koj bi mi go preporacale vo Remedika od vase iskustvo?
3 недели разлика, две различни жени, двете родиле потполно здрави бебиња. Не се замарајте со тоа како изгледате. Мерките се мерат на преглед, не ги мери свекрва, стринка, комшивка од поглед. Не замерувајте на глупи луѓе, толку имаат во главата