Тоа што сте слабички апсолутно нема врска. Јас слаба сум па големи бебиња носам. Познавам крупни жени што родија бебиња по 2 и пол кила. Тоа што бебињата бе се совпаѓаат со неделите ги гледаат протоците,ддимеритр,шеќерот. Дали доволно се храни бебето. Жена со 40кг и со 80кг исто бебе може да роди. А ако увидат проблем ви даваат терапија. Но штом не примате значи не е толку голем проблем. Затоа нека ве води еден доктор бидејќи секој различно мерките ги зема. Не му се плашите.
За раѓање природно не знам, јас царски бев. Кога веќе збориме за раѓање, битна е и должината на бебето. Не е исто да е 4 кг на 52 цм и на 55 цм. Може да биде буце буце, а може да биде и долго а со тоа и 'потенко' . Гените се најбитни. Јас без посебна исхрана родив крупно бебе, ама крупна сум и јас, и маж ми е крупен. Ама не штети да пробате. Јаткасти плодови се здрави за секого, па и за трудници. Елена Петрова во Ремедика. Презадоволна сум. Од 18 до 22 се прави, со оглед на тоа дека е напредно, нема да погрешиш и во 19 да отидеш.
Па не знам зошто Котларова тоа ми го спомна како можност. Шеќер немам испитано ни Котларова сега не ми спомна да испитам ама да ги видиме прво резултатите од д димерите па ќе ви споделам што ми кажале. И да од сега кај неа ќе одам да не се распашувам
Има врска и многу слаби и многу дебели, како може да нема. И да си слаба под граници на нормала се очекува во бременост да качиш повеќе кила. Ако си со прекумерна тежина секако и тоа влијае, од шеќер, до притисок, до тешко раѓање и се очекува да не накачуваш. Ако почнеш со нормална тежина се очекува да качиш од 10-13 кила секако не зацртано толку мора, плус минус некое кило не е страшно. Ама целиот муабет е дека таа нормалата со која почнуваш бременост варира, нема благе везе она што кажуваат од висината одземи 110 така не се рачуна нормална килажа. Нормална килажа мислам беше од 18.5 до 25 резултат на body mass index и тоа се пресметува по формула. Ама варира доста, во смисла границите се широки и се тоа се смета за нормално. Трудница слаба под граници на нормала треба да внимава многу на исхраната како што трудница со прекумерна тежина треба да внимава. За познавање на стомакот не мислам дека килажата е пресудна туку како да кажам, едноставно кај некои се познава кај некои не. Сите велат слаба ако си нема да ти се познава, а од мајка ми на пример слики кога гледам таа била со многу прекумерна тежина па ништо не и се познавало. Слаби има па им се познава многу, други има сосем малку. Различно е и не мислам дека е до тежината. Иста жена во две различни бремености со иста килажа различно може да изгледа. Не знам зошто
Да, грамажата се вади по мерките, формула пресметува. Ок си за неделите ич не се секирај. Мене ај стомаков ако го занемариме и по мерки и по грамажа ми е помала за недела - две. 30та недела почнувам, 1250, што е малку. Но ете нека е само здрава ❤️ @Happyinlove @NovusOrdoSeclorum @Alishan30 @Mantub фалаааа ви
Тоа што си слаба нема врска дека бебето не се совпаѓа со неделите. Ни за плус ни за минус од зададениот термин. А тоа како ке изгледаш во бременост е друг муабет. Има жени внимаваат и вежбаат во бременост има такви апетитки. Јас сум бремрена за второ и изгледам сосема поразлично од првата бременост. Рано почнав да се познавам. А килажа не ставам како за првата. А мерките се исто како за првата бременост бебето си е за 2 недели плус поголемо. А се е во ред
Има врска. Ако си неухранета бебето може да ти е долго, а слабо. Ако си со прекумерна тежина можеш да развиеш шеќер и да родиш бебе од 6 кила. Има премногу врска. Не дека други фактори не постојат. И трудници што се со нормална килажа имаат проблем со шеќер и раѓаат големи бебиња, и трудници што се со прекумерна тежина раѓаат бебиња со нормална тежина. Не дека нема такви случаи. Ама докажано е дека има врска исхраната премногу
Ви благодарам на сите за утехата и подршката, ве . @Alishan30 , како би си апнала од секси салатата која ја напиша, но не смеам мед, заради, скриениот шекер. А јатки, јадам многу и редовно зошто и тие го намалуваат шекерот, па белки ке се фати нешто и за бебка, салце малку да стави .
Да, и @Butterfly1107 истото ми го има кажано, но во бременост као не се препорачувал многу, само да се нароси по малку, на пример над овошјето.
Мојата докторка пак рече дека исхраната нема врска со големината на бебето. Чиста генетика било сето тоа. Првото дете се роди 3780, јас сум се родила 4300. Бременост почнав со 48кг, сега имам 55 веќе, а бебето е околу 1200 тешко. 26+3 сум. Во првата бременост мислам покрупна бев, и образи и се имав на мене. Во оваа само стомак засега.
Девојки, мојата бебушка одговара на 24 недела со сите мерки како п книга ми рече докторката؛ Но ме загризи затоа што е карлично поставена и ми препорача ако не се сврти царски؛ Ама нели е рано уште сега со такво мислење па малечки сме уште؛
Според мене апсолутна глупост се мерките на бебето кое колкаво се родило. Никогаш не сфатив што со тоа кога некоја ќе ми рече ееее јас родив дете од 4,5кг. И?? Или моето се роди многу мало. Битно е апгар да е добар витални параметри да се како што треба. Ниту дебело бебе значи здраво бебе ниту ситно родено дека не е здраво. Генетика игра најголема улога. Нека се родат живи здрави, после растат како под фолија. Не се оптеретувајте со тоа.
Убаво ти пиша @Mantub рано е уште... Но ако ти е за утеха првото надоле беше свртено до 32ра и потоа се сврте карлично и во 38+5 (се погоди да е добро центрирано со газот) го родив природно. Среќна околност беше што брзо се отворив и не беше големо 2700кг иако на последно ехо ми рекоа 3200 дека е Муабетот е дека не мора да значи уште од сега дека царски ќе биде
Јас бев кај нејзе на втор скрининг минатата недела ми рече за скриен шеќер 24 недела обично се испитува да направам но јас ја прашав можеш и ти да си направиш ако сакаш. А за мерки моето беше поголемо за 1 недела и мене ми рече не е ништо загрижувачки дека неможат сите бебиња да бидат исти и зависи кога се зачнати битно е да не напредува премногу или да заостанува така да не се секирај
Моето на секој преглед различно е свртено, двајца доктори прашав ми рекоа сега не е воопшто битно како е свртено тоа следат во трето тромесечие и дека има бебиња што 1 недела пред термин си се вртат
Можеби има тука некој со слично искуство.. Момент. сум 36 нед, но во 33 нед некаде на почетокот добив лажни болки и со омекнато грло ме зсдржаја на патолошка и добив инексии за зреење. Кога ме испуштаја на преглед докторката рече вода има доволно, постелка 3 степен што дотогаш појма немав што значи тоа и кога ја прашав вика ниш не е одмарај лежи ќе издржиш до 37 нед. Матичнипт ниш посебно не ми кажа за тоа демек е добро де ниш не е. Некако страв ме фајќа и напнатост осеќам не дали ќе де роди туку се да е океј само сакам