Мислам дека од 24та до 28ма се испитува, мене уште ми нема спомнато за скрен шеќер можеби на следна контрола ќе каже
Мене од 23та ми е со глава надоле и еден Др ми рече дека сумља воопшто дали ќе смени. Друг ми рече дека нема Др што може да знае тоа бебе до крај како ќе се врти. Еве 28ма сум, стварно уште е со глава надоле, ама не може никој да ти гарантира таква глупост ко што ти рекол твојот Др.
Моето до 28 недела беше со главчето надолу,на последна контрола кога бев 33 недела се свртело со главчето нагоре, така да нема правила не се секирај има време
Плацента 3 степен значи дека бременоста е при крај, се ближи термин. Кај тебе дошло до тие знаци порано, ете заедно со омекнато грло. Не значи ништо посебно, едноставно дека пораѓајот се приближува. Не се загрижувај, си стигнала до 36та, штом влезеш во 37 си во безбедна зона за раѓање, и сега да се породиш никаков проблем нема да има, ништо не ти кажале загрижувачко
Тој ми рече 28ма. А јас сум на преглед кај него на 27 точно недела. Незнам што да правам. Да слушам ако не, како шо ми рекле. Ме виде пред една недела ако беше за порано, сигурно ќе ми кажеше. И на една листа што ми ја дадоа со табела пишува во 28ма за скриен шеќер
Американска асоцијација за дијабет вели од 24 до 28, значи не е воопшто грешка на 28ма, јас ете така би проверила порано ама не знам ни зошто така ми има останато да не е малку касно ама не е
Мешиња ми треба совет.. веќе 5 дена ми се стврднува стомакот ама само на едно место цело време близу папокот, поточно ова ми се случува кога се движам и моментално ми се стврднува и почнувс да пече и боли местото и одма мора да седнам и се опушта после пак исто кога ке се раздвижам, се плашам зошто на едно исто место е
Значи идентично како што опишуваш, на исто место од левата страна. Неколку денови по ред. Денес бев на Др и баш од таа страна нема ништо! Главчето му е надоле и со нозе на десно е цел. Ако ти е како на мене, еве од денес од преглед- апсолутно ништо не е тоа. Може некој мускул, кај мене бебето не е.
Веројатно се лажни контракции ако се стврднува стомакот. Е сега баш на папокот, ако те боли силно и пече да не е случајно ете нагаѓам не сум доктор и нејќам да те плашам ама да провериш на лекар за папочна кила. Не е опасно, само вака, види со рака дали чувствуваш цврсто на папокот, кога ќе притиснеш со рака дали ти изгледа необично цврсто. Ако нема, не е кила и веројатно е мускул, или лажна контракција.