И јас бев на преглед кај мене главчето е горе а баш натаму е мешето и му објаснувам на докторот а он не ме ни дослуша вика лажни контракции се, ама не ми се верува зошто не ми личи тоа нс контракција. Само многууу е непријатноо ептен силно пече и мора одма да седнам или легнам не можам да издржам. Си викам да не притиска нешто некој мускул ама па 5 дена се на тоа место по цел ден. На ехо се е супер и протоци,и постелка ,и плодова вода тоа ме теши ама не знам со ова како да си помогнам а имам толкуууу многу енергија за шетање а не можам подолго од 10-15 мин некогаш и помалку.. која недела си ти?
Не е баш на папокот туку едно два прста на десно од него ништо нема таму. Изгледа ништо не можам да направам освен да седнувам одма кога ќе почне така
Еј немој молим те да слушаш нагаѓања дека се контракции. Истово ми се случува сакав и ја тука да прашам ама не знаев да објаснам. Глупости контракции, тоа е како крукче одма до папокот и баш како да пече. Прашав денес ме фаќаше Др, и главчето да му е нагоре тоа ти е мускул и ич не го мисли 28ма сум јас
Гледам ќе има нови мамички , пак се полни темава. Јас од презафатеност со бебето ме нема да ви пишам, време немам за ништо.. Да не мислите дека ве заборавив. Бидете ми добри, ве гушкам.
И јас бев денес на преглед, за разлика од минатиот пат, сега од такт ме извади гужвата. Некултурни мажи седнати, жени бремени нема кај да седнат во чекална Па уште и деца носеа некои... Џабе викаа и сестрите и чичкото што мери на влез температура, како никој да не ги слушаше. Мажите дремеа во чекална, за да плателе (божем жените со пари не смеат да ракуваат). Не знам зашто толкава болница не си обезбеди обезбедување или некој попаметен начин. И за тој чичкото ми е жал, кутриот не може на влез сам да постигне, додека мери температура на едни, други влегуваат, па трча по нив после со топломерот. Ама и реално, стока од народ сме...Не знам што да кажам.
А зошто да не може да се контракции? Од каде знаеш ти дека е исто кај нејзе како што било кај тебе преку интернет? И не реков контракции, туку лажни контракции нешто сосема нормално за неделата во која е. Стврднување на стомакот се знак за лажни контракции и воопшто не се глупости
Да стварно немаше ние бремените кај да седнеме они се ѕвекнале. Уште па не почитува 1 празно столче измеѓу туку седнува кај ќе најде и трудници стануваа од страв да не седат до некој непознат. Јас 20мин на нога со стомак они дремат или нивните деца. Џабе обезбедување а некој им кажеше нешто одма се расправаат едвај чекав само да ме примат и да завршам а од сега термини само попладне ќе барам шта речи
Баш така едно кругче само е си се стврднува само кога се движам и пече страшно многуу а седнам си се смирува местото.. ништо мила ке си трпиме за нашите малечки се надевам нема многу да држи вака
Затоа што точно знам на што мисли, не се стврднуе уопште цел стомак него како со ноџе да е залепен и пече и е малце оддалечено од папокот. И ако ти не си осетила, треба да пише некој што осетил/ искусил исто. Не треба стално да се затрчуеме со одговор.
А ти од кај знаеш јас што сум осетила. Не си тука поставена за да кажуваш кој што ќе коментира, смири хормони
А ти па си поставена по секоја цена да се истрчаш со дијагноза. Некад боље да се прескокне "советување" пошо ти ако си осетила и се прошло супер, не знаеш тој што пишал у каква состојба е. Секоја од нас треба да е луда на мислење од форум да не осеќа потреба да се консултира со Др, ама некад ќе прашаш да се смириш и тоа сакаш и да го слушнеш додека да одиш на Др. Малце поохрабрувачки советувај а не- може лажни контракции се ама не сум Др да кажуем...абе ај
Знаеш воопшто што се лажни контракции? Лажни контракции се нешто нааајнормално и сосема физиолошка појава. Ако некоја е загрижена и се утврди дека се лажни контракции е најутешувачко нешто пошо никогаш ама баш никогаш не водат до пораѓај и затоа немој да ми кажуваш дека треба поохрабрувачки да пишам пошо да знаеш дека се лажни контракции е сосема охрабрувачки со оглед на тоа што се најнормална појава. Ко второ нема ништо лошо во тоа да сакаш да си сигурен и да прашаш два пати одколку да трчаш со ароганција дека тоа тебе што ти се случило и се случува на секоја друга. Ко што читаш подолу има трудници што баш лажните ги осеќале лево десно од папок. И ко трето, темава не е твоја ниту пак некој ти е дојден дома за ти да кажуваш кој како ќе се изразува, така да откачи ми се
Кај мене минатата бременост лажните контракции беа од папукот лево. Ќе ме стегнеше и како да се подига нешто (јас мислев бебето ама не било тоа). Сепак беа далеку од вистинските контракции.Тогаш ми се стврднуваше цел стомак и половина.
Истата бев и сеуште сум од 33 нед а сега 36 пијај магнезиум два пати... И лажни контракции се т. С се спрема телото некој ги осеќале некој не
Ова го прочитав пред да погледнам погоре и најискрено ќе речам дека мислев за државна болница/ГАК збориш, а не приватна како ремедика. Имав сосема различна слика за приватниве. Уште пред вирус имало ред и контрола на гужвите, зашто сега кога е најпотребно излегле скроз ван колосек? Ако е веќе таква работата нека ги редуцираат пациентите и посебен влез за родилки, повеќе обезбедување. Или работата е да се зграби што може повеќе пари ради напатениов народ кој наоѓа некоја сигурност во нивниот "стручен" однос. Мислам имаат доволно финансии да вложат во решение. Штета ако станат само поскапа верзија на поевтин резултат.
И мене тоа ме изнервира минатиот пат. Добро побогу што им прави разлика дали чекаат во кола или во ходник. И сите што беа со придружба беа муслимани.
Јас вчера бев на контрола во Ремедика околу пладне. Баш напротив од ова - јас затекнав речиси празна чекална (3-4 пациенти), а во меѓувреме придружбите беа известувани да чекаат надвор и истото беше почитувано. Баш бев пријатно изненадена од тоа како сеуште успеваат да одржат ред.. Ама изгледа така ми се погодило мене
Си ја средив торбицатаа уште личен прибор (четка, паста, крема, пудра) Другото се си е во торба. Утре сум на цтг и да се одлучи дали ќе треба да закажиме царски или да се чека природно. Но според докторкатаа најверојатно царски ќе треба пошто бебка касни 3неделии со растот. Ајде ќе видиме утре, здравје. Околу 2600г тежи според ехо, а покажува како за 34 недела според мерките, а јас сум веќе 37+. Возбудена сум