И јас кога бев пред две недели на прв преглед маж ми ме чекаше во кола,и да приметив дека само нивните мажи беа внатре..од простоќа ќе умреме овде цццц. Сега читам и докторот што ја пораѓал родилката бил позитивен
https://frontline.mk/2020/06/12/dok...3-nyTJ7W8naeVocXYvBR7Z8gVI-2mpZLXQlKYsicWCsT0 Се знае кој е докторов? Стварно многу неетички од ГАК што не ги известиле останатите породилишта...А оваа дотичнава да ја кажат со име и презиме, да и ја скинат дипломата и никад да не стапне у здравство да работи! Само за жал, мислам дека ќе ја заташкаат работава како и за ред други работи во земјава што прават...
Помизерно неможеше да биде ,битно беше да се каже дека е од угледна фамилија од било што друго ,од вакви си патиме и никогаш нема да ни успее оваа наша мала мизерна држава .Колку што разбрав јас не е ни докторка туку некоја со средно медицинско завршено само .
Не бил позитивен сега прочитав дополнување. Настанало недоразбирање и се извинуваат на докторот и болницата. А знае некоја кој е докторот?
https://frontline.mk/2020/06/12/dok...3-nyTJ7W8naeVocXYvBR7Z8gVI-2mpZLXQlKYsicWCsT0 Шпанска серија излезе ова, ние обичните смртници со име и презиме ќе бевме истапанчени досега
Многу сум гневна и бесна на случкава. Само тоа зборам 2 дена и се расправам по портали Секоја од нас и нашите бебиња може да бидеме загрозени од вакви неодговорни, несовесни и неинтелегентни створења ( не би ги нарекла во ниеден случај луѓе )!
П.с. изгледа дека си трудна се стврднува. П.П.с. се шалам знаеш. Нормално е. Јас не знам како осеќате стврднувања, нити сум осетила прва бременост, ни сега втора. Малце смотана сум, а ? П.с. изгорев од киселини, гризав рупурут
Пишуваше на инфомакс страницата дека некој десна рака на Шилегов Албанец е нејзиниот свекор и директорката од ГАК изјавила дека требале да ја задржат али она сама си потпишала изјава дека ќе си оди и ќе се пораѓа во приватна болница и затоа и си отишла али кога се дознало која е и чива е магично изјавата и ја снемало. Што е најтрагично ја имале сместено со уште две родилки и тие сега во изолација се ради офцата некој се мачел ја чекал таа бременост со години и наеднаш некоја лингурка како оваа да се извлече. Ре медика треба приватна тужба да си поднесе кон нејзе затоа што лажела не може 50 луѓе во карантин да одат ради глупачата https://infomax.mk/wp/ќерката-на-заменик-градоначалникот-н/
Демантираше заменикот на Шилегов ( Енвер Малиќи ) неточна информација беше тоа. Како и да е, мизерно во секој случај.
Антиметилот дома ми се и ич не ми помагаа. Џаба. Се протурив од повраќање првите месеци и ништо не ми помогна. Веќе во 8ми нормално ми е киселини со рупурут да сузбивам, знам и со Константин ми помагаше. Ама фала на совет лепото Добро утро. Некоја тазе породена има ли?
Леле отепана селандура. Која сака нека е. Но друго се мислам толку дена... нели одиш да рајѓаш значи имаш болки,главата незнаеш кај ти е. Крај краева трема имаш и од кај и текнало да кажува докторка сум...како изгледало тоа баш ме интетесира. Да е на преглед па ајде започнале муабет од типот што работиш бла бла...но не верувам дека доктор ја прашувал баш кога ја прегледувал со болки она а што работиш? Или па сите пцуеме викаме ме боли бла бла,она има викано Ама ДОКТОРКА СУМ!
На закажан царски била како што прочитав веројатно и затоа ја стајле во соба прво па се дознало се потоа.. а примена со врски сигурно преку познати. Мене се ми е чудно таа ако е толку Угледна што бара на Гак толку немала да плати за приватно или бар на Гак сама да ја срават во соба...приватново и било втора опција. Ради таквите се утепавме пари давање на прегледи што можеме државно да ги прајме
https://novatv.mk/soprugot-na-rodil...o-nova-sakame-da-ja-chuete-i-nashata-vistina/ Сега па и сопругот излезе со негова верзија. Многу работи се нејасни, како на пр.Зошто отишла да се пораѓа во Ремедика кога бременоста ја водела докторка од ГАК. Зошто во Ремедика ја примиле кога на епидемиолошката анкета одговорила дека имала контакт со заболено лице? Сигурно не ќерката на Енвер Малиќи, она е мажена за некој со презиме Салиу, ама се вика Резарта. Ги имаат испомешано брзините па и овие новинариве. Ова не шпанска, индиска серија ќе испадне, од оние крај што немаат
Од денеска 19 недела Ептен брзо ми поминува времево дури да се видам кај сум пола бременост поминала. Веќе почнувам во главава да си правам планови што треба да купувам за бебево,овде по темиве читам барам и се едуцирам од поискусните мами. Возбуда ме фаќа. Ајде само нека биде се во ред дотогаш. Еве и резз од микробио. ми стигнала нема присутни бактерии и тоа ме радува оти со антибиотици сум одамна скарана и не ги сакам. Баш ми олесна. Со киселините се справувам некако,имав прочитано овде млеко ладно од фрижидер и ми помогна. Купив и рачен бокал со филтер за прочистување за да не пијам вода од чешма,поубава некако водата осеќам.
Морам да се пожалам тука од глупоќата на луѓето. На гости сме кај мајка ми и од внатре слушам една комшика надвор го прашува син ми дали има нешто ново, тој вика не. Па како ќе се вика бебето, тој и одговара Деа. И оваа со цел памет му вика ич не е убаво името, ајде смислете некое друго! Ко што ме дрмаат хормони ми идеше да излезам лом да ја направам, ама не сакав ради мајка ми ајде комшика и е. Јасно ми е дека на сите не може да им се допаѓа, нити мене ми се допаѓаат сите имиња, ама не им коментирам, мене ако не ми се допаѓа на друг му се допаѓа одредено име. И уште вријам од нервоза да ви кажам!!!