Не кажувајте како ќе се вика на никого дури не се роди за да не се нервираш со неповикани. И не бидете толку културни де
Ја ко ќе прашаат, викам дека како мајка му ќе се вика (а машко е) и у чудо се. Шо ќе се нервирам јас, нека размишљаат они за варијации коа ги интересира небитни ствари. Нас секој ден/месец ни е борба па името какво ќе е....само да пројде се добро за сите нас.
И јас не кажувам на сите, ама син ми дете, уште незнае дека секакви луѓе има... Маж ми па ми вика сум се нервирала за глупости. Од што немав на кој, на него му се изнавикав.
За исти глупости посеизглеа сите ние исто се нервираме хаха значи нормално е и убаво што си му се истурила има и кого да трпи сеа
Ти се нервираш за коментар а за мене што веќе одлучи странава на мм дека по свекорот требало да биде... ја глаата не знам кај ми е со прегледи и коронава они глупости. Они по нивно ја и мм по свое и решивме дури не се роди на никој да не кажуваме
Уште ли постои тоа по на мажот страната?! Јас некам детето мое со ничие име да го врзувам. Можда и ја имам среќа што ниту моите ниту неговите не се со тие размислувања од нивно време. И мене ми е драго Љубиша по дедо ми ама малце себично е детево цел живот да го носи
Во мојот крај уште е останато ова, и децата се крстат по дедовците и бабите, прво од на мажот страната. Среќа имате каде не се практикува ова. За мене нема логика ова, и не слушам. Името одсекогаш го сакаме што ни е замислено. За нивна среќа првите 3 букви се од на свекорот името, а вторите 3 од на мајка ми името. Среќа, им се погоди така, инаку по нивни цели имиња никогаш не би крстила дете. Ептен старомодни сваќања Вака, сега се радуваат и двете страни. Јас сум кума, и кога ме прашаа, им кажав сами да си изберат име, и така беше. Туѓа желба не планирав да ускратувам
И околу мене трудници последнице 3 4 год се по на мажот страната првото дете. Ако ми е прв избор тоа име па се погодило и свекорот да го носи ок нема проблем. Инаку ми е безвезна традиција ..ваше дете е како сакате крстете го а не некој да ми наложува дека МОРАЛО...ја не ги слушам само си се смеам и не одговарам ќе помислат на дрога сум
Инаку мојот татко и таткото на сопругот исто се викаат, татко му плус е починат, а сепак детето ни приближно нема да се вика така. Може ради таа случајност би направила мерак, затоа што е фора, ама ултра партизанско е и нема варијации
Најважно нека е живо и здраво а за име има кој да одлучи.. Најјака беше другарка дури беше трудна едно име имаа..се породи излезе од болница и ајде Морало по свекорот па го сменија. Дури греота ми е така за девојчево ама ко е смотана
Кога кажавме женско, свекрва ми се пријави да сме ја крстеле по неа ку куу, смешки Нема проблем, секако. Како што ја обожавам и 3 месеци појма нема за мене, нит се јавила, ниту ме видела, сигурно на неа ќе ја крстам керка ми.
Не крштеваме и ние по баба/дедо иако мм искрено сакаше.. Сите имаат старомодни имиња и се осеќам дека ако го крстам така, ко да ќе родам старо деде, а не бебе. Ама морам да споделам случаи скоро што ги слушнав, да ве насмеам малку 1. Дедо (од на татко страната) инсистира внукот да се вика по него (прастаро дедовско име).. На прва реакција дека не се сложуваат родителите, дедото одговара дека ако го крстат поинаку, тогаш тој ќе оди и ќе се прекрсти како што се викс детето... 2. Баба (исто од на татко страната) инсистира да го крстат внукот по неа - со модификација за машко име нели. За да ги убеди, им ветила дека ќе им даде 6.000 евра и така сега детето се вика по баба, а родителите се ‘потешки’ за 6.000 евра
6000 евриќи а, мојата нонстоп кука, не па пари да ми даде. А и за прекрстувањето е јако Се изнасмеав слатко. Абе, нека си ги гледаат своите животи, ниту им се мешам за нешто, ниту сакам да ми се мешаат и чиста сметка
Еве ви пример од сестра ми. Синот го крсти по на зет ми теткото, иако ме збуни што он побара воошто таква ствар никогаш не бил по тие ствари баш е кул и модерен. Неговите ниту го гледаат детево, ниту го чуваат све моите. И сега и е криво, а детето си остана со старинско име. Чист пример на праење ќефови па зажалување.
Хахах истото со братучедка само на неа ја запнаа дека морало по свекорот и они уопште не го гледаат нит па да му купат нешто нит за името дадоа нешто знам по обичај се дава кој колку има.. се е со татко и ..омилен дедо му е го обожава
И јас на никој не кажувам. Кога ме прашуваат им велам дека термин ми е во јули а тогаш има многу големи празници и ако се роди на празник така ќе си го носи името. Име си имаме измислено ама го знаат само 3-4 луѓе,никој друг.
Ниедно дете не е крстено и нема да биде крстено по баба/дедо. Првото ми е Константин Филип (со две имиња) , второво маченце нека се роди ќе биде Микаел Гаврил. Татко ми е Виктор, свекор ми Владо. Може не им е право, ама ни да мешам никој, мм го крсти Константин по два македонски крала, јас второво по имиња од Библијата на ангели од највисок ранг.