Hормално е во бременост да осеќаш различни болки низ телото,дали бил грбот,дали биле нозете,половината,колковите и итн..може да е од замор,може од предолго стоење на нозе,може од подолго седење,може да е и од самата тежина.затоа не треба да се оптеретува телото,треба повеќе одмарање.
Ви благодарам многу феминки,одамна ве читав во оваа тема,а сега уште повеќе ќе уживам со вашите совети.. Би била уште посреќна,кога би чула убави труднички вести од вас кои сте на исчекување. Сепак,имајте верба и трпение,не се знае никогаш !! Имајте убави сништа
Идни мамички, бев на контрола и докторот ми кажа дека железото ми е пак слабо, и покрај месец дена користење на апчиња за железо, сокови од рибизли од берово, цвекла, чаеви од коприви и што ли уште не а тек сум 4ти месец, до крај којзнае што ќе правам. Некој лек за покачување на железо да не знаете?
Bellas, јас бев слабокрвна пред да забременам и многу ми помогна семе од коприва со мед, за многу кратко време ми се подобри состојбата. Го има во аптеките, купи една ќесичка семе од коприва и измешај го во една тегла мед. Мислам дека некои ставаат и лимон плус, јас си го направив без. Јадев по една лажица голема 2 пати во денот, а можеш и повеќе, воопшто не е грдо, мене ми беше убаво да го јадам, семето нема вкус
Мед и какао, ако не си алергична на мед, измешај ги како паста,ќе имаат текстура на еурокрем, јади го насабајле навечер и уживај Пиј повеќе какао и чај од коприва
И мојот хемоглобин е паднат на 98 а железото ми е 5.Ке морам да почнам со мед и коприви иако не ги поднесувам .Дали може слабокрвноста на мајката да влијае на порагајот во смисла на компликации или пак на бебето нешто?
За слабокрвност има еден лек -1 тегла мед , 1тегла таан и 1кг.лимони(убаво измиени ,да стојат во вода 3-4часа,и се мелат во машина за мелење месо,се мелат со кората). Сите состојќи се мешат убаво и се стават во тегла и се јаде по една лажичка на сабајле.овој лек на снаа ми и го кажала мед.сестра во болницата откако се породи и беше слабокрвна и и помогна многу. Само вие консултирајте се со лекар,ама мислам дека не смета,дека сите состојќи се природни.снаа ми го јадеше после пораѓај.се надевам ќе ви помогне !!!
Хелоу и од нас...Активни сме деновиве, торбицата ја спремаме, алиштата од бебуш се спремни, мама психички е спремна (што е најважно) уште да ја докомплетираме торбицата и го чекаме денот Д. Инаку сум супер, немам отоци, немам болки, одлично се чувствувам, се движам а бебуш ужива, скока, реконструира, превртува органи . Утре одиме на контрола, да видиме дали е се Ок,каде бебуш ќе се роди(со оглед на состојбата последниов месец во мојот град) и ќе си чекаме секој ден да не изненади нашиот нов и најглавен член. А за болките, јас ете сите овие месеци немав некои пострашни болки во долниот дел на стомакот, но мислам дека како што напоменаа и другите феминки, матката се шири, бебето почнува да мрда,секој момент се врти ан различна страна, па и од тоа надоаѓаат болките. Уживајте мамички во овие месеци, мислете позитивно, она што ни го дал Бог е дар, и ќе ни го дочува. Најубав период до сите мешковци и самооооо уживанција ви посакувам!
Девојки како ми сте ние ја започнавме 30 недела некако не ми иде спиењево ни на една страна ни на друга, само се вртам малово само мрда со перница меѓу нозе спијам ве молам ваше мислење на работа слушам од колешкиве на една и викале само на лева страна да спиеш,на друга можеш на двете страни на трета на грб јас само на страна спијам,повеќе на лева тука некаде прочитав на грб кога се спие не бил добар протокот на крф,на десна може да се спие или само на лева поздрав убава вечер слатки мешковци
Јас спиев и на двете страни со перница меѓу нозете, а лежев и на грб. Не долго време, ама кога ќе се здрвам на страна се обраќав на грб.
Некаде имам прочитано дека е препорачливо да се спие на лева страна затоа што протокот на крв тогаш бил најдобар, јас и претходно спиев налева страна така да не менувам ништо, единствено ми е тешко што нема вртење на стомак
Вчера бев на преглед 32+2. Ми зема докторот некои брисеви а ехото беше вагинално. После тоа ми направи и ЦТГ. Фала богу и тоа беше ок, но чудно ми е што овојпат не ми правеше стомачно ехо. Крв ми немаат проверено веќе 2 месеца а урина секој месец ми проверуваат. Следен преглед пак за 4 недели... инаку живеам во странство.
Јас користам Фероглобин таблети и ти ги препорачувам да ги земеш, ептен се добри. Првата проверка на крвта хемоглобинот ми беше 109, вториот пат 102 и тогаш др ми ги препиша Хеферол и едно испив и цел ден ми беше лошо и прв пат повратив тогаш од апчето, другиот ден ги сменив со Фероглобин и немам никакви потешкотии ниту лошење, ни гадење, ни повраќање...бидејќи повеќето од апчињата за подобрување на крвта се тешки и предизвикуваат лошење. Еве пред некој ден испитував пак крв и хемоглобинот ми е исто 102, фала богу не паднал иако не се ни покачил ама за покачување треба и подолго да се пие, јас до сега еден месец ги пијам и фала богу супер се осеќам. Пробај со тоа што ти го препишале, ако случајно ти е лошо слободно смени ги со овие, нема да имаш потешкотии. И уште нешто, најдобро нешто што било за подобрување на крвта била Спирулината, иако на нејзе пишува дека е препорачана за трудници, сепак сакам да ја прашам докторката дали можам да ја зимам, утре сум на контрола па ако рече дека може ќе ја земам, ќе ти кажам ако може па ако сакаш пробај и со тоа, викаат дека имала неверојатен ефект.
ајде и јас тука да се префрлам Сакам да прашам нешто јас сум крвна група A1 негатив, а маж ми 0 позитив, е сега онаа инекцијата Рогам освен во 28 недела и после порагај се примаше порано? Оној тестот да не треба порано да се прави кумбсов мислам беше..
^^ И јас и маж ми сме буквално истата комбинација од крвни групи Прво ја примив во 28ма недела (примив Rophylac), а после пораѓајот му земаа крв на бебето да проверат нејзина крвна група, а бидејќи излезе дека е Rh позитивна, направија уште една додатна анализа дали имало мешање на крвта (мојата со на бебето), и сепак мораше да примам уште една доза Rophylac додека бев во болница. Среќа што не платив ништо дополнително за инекцијата, која првиот пат ме кошташе 3800 ден.
Јас и во 9та недела примив ваква инекција (Rhophylac 300). Наредна недела сум на контрола, па ќе го прашам докторот, кога пак треба да примам, но мислам дека еднаш ми спомна околу 27 нелдела (сега сум 24+4). Среќа овде осигурувањето ги покрива овие инекции, па не плаќам. Btw ние сме добро, си растеме, си мрдкаме.. Понекогаш го осеќам многу ниско, како кај в....... И незнам дали е нормално? Аааа да ви се пофалам од 1 август влегуваме во нов стан Поголем, се надевам на бебуш ќе му е доволно комотно кога ке дојде на свет Така да од август не чека многу работа, но ќе издржиме..
фала девојки не се важни парите колку сака нека е само да е се ок, незнам кај ваква крвна група имам кога во фамилија сите се Rh позитивни ептен се нервирам значи а оваа инекција подобра е некоја нова? Wtff го праваше во 9та недела тестот или само инекцијата ја прими? Друга некоја да примила инекција пред 28 недела има? Пошто како што читам низ интернетов во земјава само тогаш ја ставаа т