Јас од 20 недела постојано бел или безбоен исцедок значи по 4 пати се пресоблекувам може и повеќе сите брисеви се е ок.И еве 37 недела сум.Со претходната бременост немав ваква ситуација . Фитосептик лосион многу е ефикасен јас го купував од систина аптеката ако се ти е ок со брисеви. Со лесно и брзо да се гушкате .
И кај мене брисевите сите беа во ред, но матичната кога ги земаше од око приметила дека имам кандида па користев вагиналети против кандидата, и покрај тоа што на брисот не ја покажа.
Секој месец правам уринокултура а брис на 2 месеци и барав цервикс да ми измерат еднаш во 23 и еднаш во 32 недела за секој случај.И веќе од 32 недела дека се ок не се замарам.Ако принетила надворешно кандида можеш има пробиотик интимен лосион да се одмиваш Вагисан,видермина а има и други види си во аптека.
Само што се вратив од преглед од кај докторката што ќе ме пораѓа. И кажав за застојот ми вика нема никаква врска. Во заблуда сум матичната едно, оваа друго. Матичната вчера ми вика да се заврши бременоста со царски, на болница докторкава вика нема потреба од царски, протоците се ок цтг ок терапијата да си ја пијам за притисок. Со триста ума сум сега, оваа ми вика ќе си чекаш болки за природно. Нервоза, возбуда дека прв пат на болница кај докторкава пак притисокот ми се покажи 140. Цтг еднаш направивме па успано беше, па после примив гликоза за да се размрдало, што досега кај матичната не се случило тоа да примам нешто за да се размдра бебе. Инаку 2.700/800 тежи вика добро е нека си порасни уште малце да не брзаме со царски. Мене ради притисокот ми е страв за природен пораѓај. Ма не знам ни јас веќе, мн се напнааав
Сте ја начнале темата за имиња. Колку ми беше лесно пред бременоста да смислам имиња, таман останав бремена се блокирав Јас пак имам и друг проблем, не живеам во мк и нашите имиња или не се пишуваат на ист начин (овде две букви се изговараат една) или те читаат со некој чуден акцент да не можеш самиот да се препознаеш Пред 6год. за син ми избравме наше мак. име и сега на секое запишување треба да нагласам дека е со К не со С како кај нив Е сега, сакам име интернационално Не сакам да си ги газам корењата, сакам име што се користи и овде и во мк бидејќи смешни ми се тие што ставаат имиња пр. Франческа, Беатриче, Алесиа и никако не одговараат со нашите презимиња. Затоа јас се мислам за Ана ама овојпат да го запишам правилно името со две н и да не треба секојпат да објаснувам, значи Анна. Што мислите? Маж ми сака Софиа На крај ќе оставиме некој друг да избере за нас
Да беше девојче ќе го крстевме Калина премногу ми се допаѓа името. Пошто испадна машко сосема на друг крај отидовме со името, еден ден сум 100% сигурна дека тоа го сакам, друг ден и не баш. Единствено ми е што и двајцата се согласивме затоа го сакам. Имаме време до 9ти.
Јас немав проблем со притисок цела бременост, но последните 3 недели кога одев на прегледи секогаш ми се качуваше. Пример дома ми е 100/70,после нецели 2 саати таму стигнуваше и до 150/100. И една докторка ми рече мора да провериме крвна слика и мокрача од што се качува притисокот. Јас и кажав дека ми е од страв, но ме прати секако. И стварно, се беше во ред со резултатите. А ми рекоа ако се качува и дома Метилдопа да пијам. За успано бебе и мене ми беше неколку пати. Ми го тресеа стомакот при цтг преглед, да се разбуди. Овде не даваат гликоза, туку ме праќаа да пијам кока кола и да јадам и благо и по 2 саати се враќав. Од мое искуство, бидејќи исто беше неколкуте доктори кои ме прегледува само гледаа прво плодова вода коѓку има, дека имаше доволно дека протоците се добри. Калцификатите не ги загрижуваа. И јас родив природно. Мислам дека и докторката што ќе те пораѓа да ја послушаш, освен ако не си во приватна болница па да си се договорите царски. Знам дека не е лесно, ама секаде го пишувам тоа. Пробај колку што можеш да се опуштиш. Средувај си ги алиштенцата, среди си дома, излези прошетај со мт. Ќе биде добро се
И двете се убави Ангела исто му доаѓа и кај нас и вас (имам колешка), Лорена ми е убаво, Лаура, Валентина, Даниела... Ова ми се колешки, италијанки, и сите имаат имиња блиски до нашите
@kukla21 кажи го машкото име...и ние сме без име @maremaca29 со лесно сограѓанке ,пиши како ќе поминеш
Леле пресреќна ќе сум ако те прочитам дека ти се родила твојата Калина хехехех. Ајде за мене следното ако се погоди женско веќе ќе си знам.
Ако не се сменал полот утре кај мене ке си иде името. Имам две за машко Јаков и Олег. Ама Јаков доминира.