И јас како тебе многу се мислев па било рано билонкасно..тука прашував. И на крај си викам што сум будала ... Зашто да е рано не е меракпт е голем радост е мора да сме позитивни и да мислиме позитивно дека се ќе биде во ред и да му се радуваме. Затоа Go for it јас купив 2 шпикозни и 2 бодиња со лигавчиња немам излезено одамна сега гледам од нет да порачам нешто.
Исто и јас се мислев долго, и мм ми викаше рано е цело време, ама не можев да издржам, па купив само две комплетчиња блузиче со тренерчиња колку меракот да ми помине.
Исто и јас си купив И тоа пишав претходно си купив шпикозни од Окаиди, затоа што беа на попуст доста, а и беа баш за сезона есен, таман за моја бебушка која треба да пристигне крај на септември
Така е. Ама додека да оди нека стави нека не трпи болка. А парацетамол богами незнам дали за забоболка би помогнал. Незнам мене барем никогаш не ми помогнал...
Мислам дека може да спречи можен оток пошто и топлово време не е во полза одма се отекува. Бруфени такви работи не сун искусна колку се дозволени во бременост Јас исто сум цело време во страв ради ситуацијава човек ни на забар не може да отиде
И јас купив, после вториот скрининг, постирав во таа тема за што сме купиле на бебушите, комплетче онлајн нарачав. Сестра ми исто ми купи 2 комплети исто онлајн. И ќе си купувам.
Од утре 40та недела . Имам преглед, се мислам дали ќе биде само ЦТГ и преглед со рака или комплет како до сега...
Јас имам отворен заб веќе 3-4 месеци. По двапати во денот го чистам со 3% хидроген. Со мал шприц и најтенка игла влегуваш внатрешно и го чистиш постојано(2-3 пати на ден шприцај појако). Советот ми е од стоматолог уште кога започна короната. Тој ми велеше да пијам антибиотик со парацетамол ама за среќа со овоа се смири. Од кога ќе се роди бебето и престанам да дојам ке го третираме некако,сега само орална хигиена. Под забот додека шприцаш со хидрогенот стави си салфетка за да не го голташ.
Му земавме комплетче од Локо-кроко. Со капа, бенкици, елече, ракавици и лигавче. Ќе го прикачам подоцна во форумот за бебе.
@Happyinlove @Milkiway @Dana31 фала ви девојки.. забов јас пред да останам трудна го правев т.е. Ми стави лек и требаше да одам да ми го среди и затвори скроз ама дека останав трудна па си одложував па на крај капак и коронова и си останав така. Вчера го отворив сама ја искршив пломбата мислев ќе ми олесни ако е отворен ама исто ми е.. ладна вода да држам ми помага и ќе се потсмири па пак почнува и така се вртам у круг.. ќе видам после до аптека нешто ако има да си имам за секој случај зошто ноќеска пред да го отворам многу поише ме болеше..
И кај мене беше со лек,ноќта се разбудив со страшни болки. Се сама исчепкав,исчистив се напив парацетамол. Утрото го чистев и болка повеќе немав. Каналот ( во мојот случај) требаше да “дише” и сега е супер.
Вчера сум била на прв шопинг за беба и му купив основни алишта, сепак не сакав да претерувам. Чинам дека со тебе тука сме со термините..мојот е до 29.11 За првото купив кога влегов во 8ми месец,колку бев будала слушав други. ..море сега има само да си купувам, па меракот е голем,и среќата неопишлива. Само кога се вратив дома си велам леле ако на сл. Контрола ми каже дека е девојче хаха, (а јас купувам алишта за момче, бидејќи сега ми рече 90% е момче),има да биде смешки.
И јас првата работа ја купив кога слушнав срценце прв пат. Следно купував од почеток на 5ти месец навака (средина на 6ти сум сега).. Купувам бодиња и шпихозни и неколку пара чорапчиња. Октомври го чекаме да стигне, па земам нешто на кратки, претежно на долги.. И ми беше шубе на почеток и на сите им викам да не купуваат, ама па си викам толку работи требаат, што подобро е од порано да се почне, да се распределат трошоците.. мислам дека не сме ни свесни (првородки) што сѐ ќе ни треба кога ќе дојде бебе, па барем овие работи да ги спремиме со време Едвај чекам да дојде време да си перам, пеглам и спремам за користење
Јас одма прашав и за детергент и омекнувач во аптека па си реков што ќе перам уште немам количина да наполнам една машина. Здравје да проверам па ќе си исперам и тргнам на страна.
Човек со мерак да ве чита ја чекам да се стиши ситуација ама изгледа нема да доживееме и веќе одам по количка и креветче. Се ми викаат Леле рано ти е не брзај. Што рано средина на Окт ми е термин во септ нема да ми се мрда од дома и пк дома ќе има доста работа. А летово ќе стане пеколно за шетање..така да сакам што побрзо тој дел да го решам
Ние позајмивме веќе такви големи ствари и имаме креветче, душек, количка, транспортер, релаксатор, хранилица (за понатака), стерилизатор, подлога за на земја со играчки... спакувано стои кај моите, здравје Септември едно перење и спремни сме
Многу се нервирам, по 2 пати цтг ми прават на болница. И тоа имав каснато и благо и поручана бев и ајт пак по еден сат на ново, секој втор ден истото. Ми се смачи.. И пак второто цтг слично на првото. На ехо ме виде ништо не кажа, а и јас ништо не прашав. Ајт петок пак истото. Не сигурно се осеќам премногу..ама што да се прави кога немам можност за на приватно.
Jaс вчера излегов за мене да си купам нешто фармерки труднички, и влегов во Тритекс за долен веш за мене, наместо тоа си дојдов дома со 3 боденца Ич не се замарај, купи си ако ти е кејф, никогаш не е рано (јас и ти сме исто со неделите мислам). Мајка ми и баба ми ме искараа зошто сум купувала, они ќе ми купеле се, па сега си реков ете си го направив ќеифот, па ќе чекам да видам што ќе ми купат. Они веќе и порачале од интернет од некои онлајн продавници.