@Lovebug01 Си го исполнив меракот и јас денес има на подфорумот што последно купивте го постирав комплетчето.
Прати на интернет, обично секаде има попуст крај на јули, август. Мене ме посоветуваа до тогаш да разгледувам, да бирам и кога ќе дојдат попустите тогаш да купувам. Термин ми е Ноември, па некои од големите работи планирам тогаш, август-септември да ги купам.
И сега бебе хоум имаат доста попусти ама и јас мислам јули август ќе има уште ќе се начека нешто сигурно.
Има една паста за заби елмекс зелена и таа е исто ако те боли заб практична е и кај деца.Мене пред 1 недела и два дена мачкав ми помина.Цена незнам која е ми ја дадоа како тестер во еурофарм аптеки ама важно болката ми помина.
Знае ли некој дали имаат распоред Ремедика за јули? Од сабајлето ѕвонам, не можам никако да добијам оператор...
Ми треба мала помош од вас Бремена сум 10недела и 6 дена, неколку дена забележувам дека кожата ми е многу сува, се мачкам со млеко за тело но нема ефект. Да ми кажете што да мачкам бидејки вака не можам да се гледам
Od 15ti do 20ti pravat raspored vo remedika,zvoni sekoj den, mination mesec za Tri dena otkako dadoa termini Se bese zafateni,ova za kaj Kotlarova,jas zvonev po dva pati na den nautro I popladne
Немаат ми рекоа да се јавам накај четврток или петок. Ради одморите малце покасно ќе добиеле Имаш многу убави масла за трудници во ДМ и млека за тела ептен убава ми ја прават кожата.
Јас со претходната бременост, која заврши со киретажа, и имав кажано на една другарка која живее во Америка и таа ми пратила пакет кој што стигна недела дена после киретажата. Боденца, играчки...малце беше тапа муабет, ама вчера го отворив и толку му се израдував Не за кого речено него за кого печено а инаку немам ништо купено од немукает не ради некој малери.
Јас пред цтг пијам швепс една шоља за кафе и до сега 5 пати сум била ок е а сабајле рано одам за да избегнам гужва.
Ако размислуваме негативно, треба да легнеме и да чекаме да умреме. Реално, има шанси да излезам на улица и да ме згази кола. Уживајте во бременоста и не си ја полнете главата со глупости. Јас купував штом дознав пол, поточно мајка ми и свекрва ми почнаа први да купуваат.
Јас стомакот и градите ги мачкам со павловичева, а во неа мешам: бадемово масло, кокосово, маслиново ладно цедено, ад капки. Во следната тура планирам да ставам и свинска маст - ми кажаа дека не мириса, а убаво ја масти кожата. Ова го мачкам на гради, стомак, ниско доле стомакот и наксј нозете, задникот и од страните на стомакот накај грбот - цел предел кај што најмногу се истегнува кожата и е можно да се појават стрии. Нозете и рацете ги мачкам со кокосово млеко за тело на Ziaja кое го има во ДМ и специјализирана нивна продавница и сум презадоволна. Имам исклучително сува кожа која се перута и со ова млеко си најдов спас. Дополнително гледам разлика откако го зголемив количеството на вода на 2,5-3 литра вода на ден, па и кожата ми е хидрирана.
Многуу ти бладорам ќе пробам и јас со тоа што ми го кажа и на мене кожата ми се перута особено на нозете и рацете
Јас почнав да купувам 6ти месец кога бев. Ова за првата бременост ризична. Почнав тогаш бидејќи добив зелено светло да се движам. Да имав предходно и побрзо ке пазарев. Што од кејф,што од финансиски аспект. Ако имате замислено поскапа количка,креветче,фиокари кадички... плус порајѓај во приватна болница епа за еден месец финансиски е напороно. Што порано тоа подобро. Порано не мислам во 6та недела да земиш да купиш количка,но од 17та трескам зошто да не се пазари... Јас сега уште за првото купувам ако 21ва сум
Добро а се водите ли по некој список. Еве во однос на облека колку е премногу? Колку брзо ги растат? Јас земав 56ка сега и плус некое поголемо не знам што број беше. Сакам да сум спремна за први 3 месеци барем колку толку...скроз си во право сакам бар облека лигавчиња да почнам да решавам и други ситници иначе после финансиски ќе се исцрпиме
56ки имав повејќе да речам подолго ги носеше. Имав и 52ки . Затоа што има разлика од фирма и фирма некои 56ки ги носеше до 2 месеци. Купувај за почеток тоа што ке ти фати око. Секако од кога ке си дојдете дома ке видиш со колкаво глувче ке си имаш работа па ке пратиш да ти докупуваат малецки работи. Не за друго жал ке ти биде да му ги подвиткувап работите. Во подфорум бебе има многу пишувано списоци. Од таму се водев. Да си купиш боди,ромпери,лигавчиња како марами така од кејф земав и не ги користев. Се со тетра првите месеци го бришев на уста. Чорапчиња,пешкир,тетри пелени.... Да не сме офф оди во бебе