Од темата " што се е потребно за новороденче" последните 50тина страни ги исчитав, и правев список од членките и нивните совети. По тој список ќе се водам. 50ка не купувам ништо. Есенско бебче, облечено со памперс, боди, бенкица, шпикозни, сепак за 56ка за почеток планирав. Плишени работи од мерак 1-2 дали ќе купам. И тоа 4-5 работи. Другите сите ќе ги земам поголеми 62ка, 68ца, 72ка. Ова ми е искуство од сестра ми. Ќе ја послушам неа. Мали работи не купувам. Ѕирнете ја таа тема, мене многу ми помага. Списокот уште од 3ти месец е спремен немав што да правам, само лежев во кревет, па читав, само чека да го отворам и да купувам
Јас купував 56 и 52, и на некои работи пишуваше за еден месец,2 месеци... Ги износевме до 4 месец, значи дури тогаш ни омалеа. Се роди 2.930. Секој ден беше во различно облечена,секоја вечер спиеше во различни и чисти пижами. Не сум дозволила два пати да облече исто, додека не се испере, иако некогаш било чисто сепак не сум го облекувала. И една точка флека да има одма на перење. Кога ќе го кажам ова на некого ме прават ненормална.
Супер не знаев дека има тема обавезно ќе направам список и ќе почнам да купувам поинтензивно барем. Да знам брзо ги растат и си викам после кој ќе ми купува. Има кој него сакам ја да си купувам да не ми бираат бабите се и сешто
Јас се водев по тие списоци ама искуството ми покажа дека тие списоци се претрупани. На пример, лигавки ми се најмалку користена работа. Синко се лигавеше само кога вадеше заби, 2 3 месеци. Пред тоа и после тоа не. Се роди долг и буце, што и знаев дека ке е така, па најмала бројка беше 56. Ама 56ки и 62ки ги носеше по три недели. Чиниш растат со брзина на светлината. За почеток сосема доволни ти се 6 шпихозни и 6 боди со кратки. Тајни бејби шоп имаат алишта на Џорц, шпихозни 3 пара се 1300, боди 7 се 1500. За три недели доста е. Големина 3 до 6 месеци одговара на 56. Панталони и боди се друга опција, ама рачунај нагоре повеќе ке го пресоблекуваш затоа што ке бљуцка. Мене шпихозни ми се послатки на изглед. Јас имам алишта за три бебиња, ама прво бебе во семејството и сите купуваат. Јас бев спремна и пак постојано излегував да докупувам како анти депресивна тррапија.
Не знљм дали ја прават во сите Betty, ама од таму ми направија крема со павловичева, капки и нз што не؛ Доста е мрсна ама супер ја прави козата и против стрии е؛ Се мачка пред спиење и легнуваш во постара пизама Некои си 400 ден за 500гр
Исто, исто. Синко ден денес не носи иста блуза два пати. После бањање се чисто му облекувам. Плус често сум му соблекувала чисти панталони затоа што нагоре е бљуцнат. Мора да е во комплет, распар никако.
Женски, до кога пиевте пре мама дуо.. Имам уште за 4/5 дена, а сум веќе 38+ недела, па не знам дали да прикупувам уште.
Денес ги испив последните а од утре влегувам во 39та недела и не планирам да купувам да пијам доста ми е више.. ма да и за време на доење нема штета од нив па како ти си мислиш така прави
Јас сум за да се купува со време. Иако од почеток имав ризична бременост, секогаш имав позитивни мисли, не сакам ни да помислам на нешто лошо. Сите околу мене беа против да се купува, мајка ми прва. Сега сум 8 ми месец, повеќето работи ми се купени, остана нешто ситно. Секоја бременост не е иста. Можеби повеќето трудници се покретни и лесна бременост имаат, јас сум тешка категорија, огромна сум, почнав да очекувам и ненормално ми смета топлото. Ако почнав сега да купувам, тешко дека ќе стигнав да се спремам
Ништо различно нема да биде ни приватно. Едноставно таков е процесот, ако не се менува значи нема знаци за пораѓај и буквално малтретирање е. Ако ти е мачно оди еднаш неделно. Јас во втора бременост не направив ниту едно цтг. Од George првата бројка 0-3 месеци е буквално за до 3 месеци, а на почеток им се големи. И тоа мојата што беше големо бебе (родена 53см, на 6 месеци беше 73см) ги износи 3 месеци, а ситни бебиња знаат и до 6 месеци да ги носат (на братучетка ми малото ги носеше 6 месеци). Во тој случај големината 3-6 месеци во никој случај не би биле 56ка. Јас би рекла 68ца, а може и да одговараат на 74.
Може ли линк да ими пуштите од тие? И уште нешто од Fashion group од окиди сакам да порачам пижами но се што е бебешко почнува од 6м. Имате искуство дали се мали бројчиња има шанси да биде точно порано?
На оваа страна препродаваат само бодија и шпилхозни: https://m.facebook.com/profile.php?id=1342807995842300&ref=content_filter А од оваа страна можеш да си нарачаш што сакаш од сајтот на George, Matalan, Mothercare... https://m.facebook.com/profile.php?id=106722910722652&ref=content_filter Исто така можеш да видиш на сајтовите што е достапно од бројчиња без да ја препрашуваш женската по сто пати, имаат бројчиња за прематурчиња (што тежат помалку од 2.500), бројчиња за новореденчиња (по "нашки" 50ка), и бројче 0-3 месеци. Буквално можеш да бираш. Рачунај стигаат за 3 недели откако ќе ги нарача.
Здраво. Ве следам со години, ја имав заборавено лозинката, па сега ја обновив ☺ Да се претставам колку што можам во пократки црти ☺ Бремена сум 26та недела, трета бременост, првата по 6 години обиди заврши со спонтан. Втората се случи по 6 месеци, патолошка бременост. Хашимото, гестациски дијабет, рх негатив, МТХФР хомозигот.Фраксипарини, дабростон, крварење, недостаток на витамин Д и Б 12, лакуни, застој во раст... Заврши со итен царски и се роди мојата прва радост ☺ Апгар 7-8 . По нецели 2 години, неочекувана бременост, позитивно изненадување за сите, повторно батко ☺ Е сега прашањето ☺ Поради непристапноста до специјалист, трансфузиолог, мака мачам да ја водам бременоста под контрола. Не примам фраксипарини, 2 месеци пијам аспирин по препорака на гинеколог, но не е контролиран ефектот од аспиринот. Д димери како во 3 тромесечје.Има ли некоја со мутација што ја поминала без проблем бременоста без фраксипарини, а со употреба на аспирин, без последици ?
Женски, ви се случило ли да ви потече ко водичка од градите, 23та недела сум до сега немало ништо сега гледам ми потече ко водичка малку, нормално е?
Да, неколку пати. Шпилхозните и бодијата од Tiny baby shop се исто на George фирмата. Многу добар памук.