Јас немам видено 0 до 3, можеби и има, не можам да тврдам со сигурност. Моја грешка тогаш. Ама сигурна сум дека синко секогаш носи поголема бројка. 3 до 6 носеше на 2 месеци. Еве сега на 10+ носи за 18 до 24. Како и да е, бодињата и шпихозните се врв, како нови се а перени се по 100 пати. Бодињата па посебно ми се свиѓаат, 7 се сосема доволни за било кој период, квалитетен памук за екстра цена и модерни се. Сега проверив, во право си, моја грешка, извинете што ве излажав. 3 до 6 се за 62 до 68.
Мој совет е како првата така и втората да ја тераш или специјалист за ризична бременост да си најдеш и да те посоветува
Одам и кај матичен гинеколог и приватно кај Хаџи Лега. Проблемот е што освен приватна лабораторија, не можам да дојдам до трансфузиолог. Образложение дека не може да се закаже кај доктор. Наредна недела прв пат во оваа бременост ќе одам на трансфузиологија со термин само за лабораторија. Никако да добијам мислење од трансфузиолог и тоа фрустрира. Посебно кога и диктираш на матичната што да испиташ... Со резилтатите за жал матичниот одредува дали треба терапија, а тие не се доволно стручни во областа и не ги сфаќаат сериозно дијагнозиве, мутацииве...
Denes prasuvav ovde na ovaa Tema,I Mene mi treba transfuziolog,ima vo Sistina I vo remedika,nemam jas licno iskustvo, no Se odluciv za remedika, 1000 denari e pregled,so rezultatite od klinika ke si idea na privatno I ke ti odredat terapija
Јас сум хетерозигот,прва бременост мисед високи д димери и ризик тромбоза,втора бременост од почеток до крај со клексани фраксипарини кога по 2 дневно кога по 3.Оваа бременост превентивно се боцкав само 2 месеци од 3 до 5 месец а до 3 месец пиев аспирин и се е ок.Друга терапија до 5 месец витамин Д ,В12 а цела бременост метил фолат.Мене трансфузиологот за оваа бременост ми рече се додека е ок на ехо со бебето и постелката да не доаѓаш на трансфузиологија.
Ве читам дека одите по повеќе пати на трансфузиолог и во зависност од вредноста ви ја одредува/корегира дозата на клексани. Еве мене од старт ми препишаа клексани од 0,4 и ми рекоа да си терам цела бременост без потоа да ми контролираат дали има потреба од модификација, од утре сум 26та недела и вака терам. Околу купувањето, земете си што ве бендисува не му ја мислете многу. Јас за првата бременост вака си викав рано е, има време и во 7ми ме задржаа во болница, си лежев таму до 8ми и ме породија без да бидам спремна за бебе, нели рано ми беше. Среќа имав 2,3 шпихозни за почеток да го облечат малиот, додека јас си продолжив да си бидам во болница маж ми отишол и испазарел машки Беше сам избрал количка, транспортер, ташна, комплети, дури размонтирал и сѐ испрал Сега чекам да влезам во 7ми и ќе почнам да си купувам сама, да не треба пак да го растрчуваме мм потоа Набрзина тогаш за синко играчката за над креветче ја има купено розева па сега ми вика гледаш дојде ден ќе се најде
Ти ја препорачувам Герасимова во Ремедика. Префина, ја фалат, лично искуство супер, и прифаќа резултати од клиника. Во однос на шеќерот, вит Д, хашимото, би требало редовно да те следи и ендокринолог.
Добро, само јас ли се потам? Посебно на спиење. И мирисам дуриова не ми се случило до сега. Како некој стар дедо сум. Пијам вода голема количина. Се туширам 2 пати на ден плус пред спиење. И еве сега морам пак.
Не мириса, ама вода течи од мене овие денови. Туширање нонстоп.клима пуштено. Рассоблечени по дома и се се потам
Како дежурен кривец се осеќам навечер сум најактивна Дефинитивно не заспав цела бременост како што треба Во однос на потењето, се пронајдов па да ти пишам 3 пара пижами менувам секоја вечер, џабе. Косата мокра а врзана во реп горе вода тече од мене. Во моментов седам на промаја, не се живее @Alishan30 со клима спиеш? Мене ми е страв, па на промаја сум. Од две зла не знам кое е полошо искрено
Не памтам претходната бременост овакво нешто вајда дека овој период бев околу 5ти месец. Не сум била само јас. Ме утеши. Плус па малово кога ќе реши да се префрли кај нас, залепено до мене.. Јас пуштам клима во другата соба. И отворен прозорец.
Леле жени зар спиеме под исто небо? Јас денес пуштив клима ама на топло станов ни е многу ладен, а и надвор не ми е нешто жешко, еве ви пишувам легната од под кебе
Исто... цело време ми е склет, жешко, ми се оди од кожа да си излезам.. ја по долна облека спијам, со отворена врата, мм ќебе бара
Исто и маж ми вика баш е пријатно ладничко му било, покриен и си хрка. Јас распиштолена, ненаспана и испотена. А цел живот сме во обратна ситуација...тоа е друго стање, сега разбирам што значи Ауууу неможам да поверувам
И јас само што ќе пишев Не пуштам клима за греење, ама со зимски јорган и со чорапи уште спијам. Дома седам по тренерки на долги ракави. Мислев само јас сум таква ама не сум била единствена
Сепак не си оставена така и аспиринот ја разредува крвта, јас кај Јани бев на почетокот првите два пати и после почна коронава мене терапијата ми ја одредува гинеколог и јас сум со два мисед предходно ама оваа цела бременост ја терам со клексани без аспирин,твое е само да ти даде матичниот гинеколог да ти земат крв на трансфузија д димери и хемостаза со времињата ќе се види се и плус веќе повеќе од пола бременост ја имаш поминато на ехо ти ги гледаат и протоците, како напредува бебе дали има застој или нема во раст, ако се е добро не се грижи и јас сум со истите мутации само хетерозигот али терапијата е таа
Не си само ти џабе се ролони,дезодоранси како да испрауваат некако па и уште мириса потта страшна работа да ти е срам да искочиш од домА...