Знам. Претходно во 20та недела кумбс правев во Систина. Во тој период ниедна лабораторија не го правеше. А имуноро сега трет пат ќе ја примам. Еднаш после спонтаниот и еднаш во 28ма недела со претходната бременост. Имам другарка на клиника работи ме обезбеди со заштитна опрема. Маскирана ќе бидам ☺
Јас сум 37 и сега деновиве планирам лреветче количка... А облека имам семено веќе се испрано приберено.. Бенкичиња бодина зиврина се зедов од кск една жена што работи и шија дома и со тоа се занимава.. Некако ми изгледаат поголемки ама па ке подвиткувам првиот месец.
Здраво на сите, на голема мака сум, денес го добив пап тестот и докторот ми кажа дека има присуство на хпв 1 треба да направам типизација многу ме фаќа страв Бррмена сум 5ти месец. Дали некоја имала слично искуство?А и ме интересира колку плативте за тестот за типизација?
Не ми е јасно зошто сега типизација кога нема присуство на CIN...? Вирус како вирус, кој и да е тип, со зајакнување на имунитетот се повлекува. Јас не би правела типизација да сум на твое место, ама по 6 месеци уште еден пап тест би направила...
Епа океј. Јас праваев кумбс еднаш во 19та и после Герасимова ми рече уште еднаш дека мора пред апликацијата на инекцијата во 27ма, 28ма, прашај тоа. Ама штом веќе имаш искуство си знаеш Позз
Јас имам правено типизација излезе дека нема Јас имам правено типизација но не во бременост, но не е ништо страшно исто ко пап може да се прави во бременост. Моја препорака е да си го направиш ако има нешто може ќе ти дадат некока витаминсла терапија за да се среди ако нема барем ќе си мирна да не се секираш
Другарка моја исто и правеше во биотек незнам колку плати и излезе дека нема баш минатиот месец.Земи вагиналети со пробиотик .
Имав слично искуство..резултатите на државно покажаа Цин 2 а јас 10 недела трудна-втора бременост.По направена типизација на државно и приватно во Хистолаб ми покажа дека сун носител на ризичен тип 16.резултатите стигнаа брзо затоа што бе в трудна па да нзма што да правам натаму.По извршен преглед во Систина, докторката ми кажа дека треба да продолжам со бременоста.Јас бев ни на небо ни на земја тие денови и се трудев да бидам силна за керка ми.Не сакав ништо да ми се случи и само ми доагаа црни мисли дека керка ми ке расте без мајка. Но што се случи.. докторот ми преложи ај да направиме на приватно во хистолаб пап тест затоа што и тој и јас имавме слушнато за грешни резултати од ГАК.Испадна дека имав само воспаление и кога ми го кажа тоа ми падна камен од срце. Што ке се случеше ако се потпрев на резултатите од ГАК. Најверојатно паѓа имунитетот за време на бременост затоа што бебето си влече за себе и истиот треба да се зајакне.Си родив најнормално но сепак правам пап тест на секои 6 месеци поради тоа што сум носител на тип 16
Матичен може да се смени и сред бременост и сред боловање. Услов е да немаш сменето матичен последните 6 месеци. Прашано ми е, сигурно може.
Матичниот ми препорача што поскоро да направам па ме фати страв па и на 2 месеци повторно пап тест Мене ми кажа 4800 и плус 200 ден. за да го испрати до Скопје
За да не ми се направат стрии мачкам павловичева и кокосово масло ладно цедено во тегличка го купив. Досега добра се покажа комбинацијава ми се нема направено ниедна линија. Е сега, сакам да вметнам и други масла ама не знам кои се безбедни? Сакам кантарионово и бадемово.Мислење?
Сум 25 недела од денеска. Од вчера ме задржаа во болница со скратен цервикс претходната недела 3,7 а вчера 1,8 . Се наоѓам во Германија и колку и да имам доверба во овдешната медицина ипак многу се плашам. Прима бебето инекции за белите дробови. Целта ни е да издржиме до 40 Јунак на мајка. Дали има случаеви што со скратен цервикс издржале толку долго. Мирувам во кревет строго дури и нужда вршам во кревет. За 2 дена пак ќе ме мерат да видиме дали имам подобрување. А контракции засрга немам.
На маслото од еуцеринот пишува дека има масло од јојоба така да за тоа сум сигурна дека може и шеа путер смееш да мачкаш и тоа омекнува доста
Здраво 25 недела сум. Денеска мојот гиниколог ми кажа дека го носам ниско моето бебе и ми рече да мирувам повеќе, па ако има некој вакво искуство дали постои опасност
Би ти препорачала крема (маст) од невен од Зегин, се користи за иритации, црвенила, лузни. Мене дури и за акни ми има помагано. Невенот има смирувачко дејство на кожата. Можеш како масло да си земеш и да го додаваш во павловичевата. Од кремата сум многу задоволна, почнав да ја користам во 13 недела, тој период ми се појави црвенило на градите и чешање, за 2 дена ми помина и од тогаш не се има појавено. Имам прилично сува кожа и кремата убаво ми ја масти кожата и ми ја прави помека за разлика од маслото на Веледа за трудници (наизменично ги користам). Вака што се имам консултирано со жени што родиле, голем дел го користеле кремот од невен и не им се појавила ни една стрија.
И јас го носам пониско, истиот совет што е можно повеќе одмарање и лежење со перница под задникот. Опасност постои ако не одмараш и не се пазиш, друго не би требало да е проблем.
Tila има убав попуст на две постелини комплет со оградичка од 1500 за 600 ден ама незнам какви се за креветче за оние кој се уште не купиле и убави шпикозни и бодињата им се намалени.