Едит : а во извештајот од Систина има една ознака НТ 1.7 , ако е исто со Nuhal transluation матичниот и мерењето од систина ми се различни :/
Затоа и прашувам. Побарав одмор од 2020 цел. И мислев кога ќе се породам тој ден да отворам породилно да не се зезам со меркиве, незнам до кога ќе траат. Ми се јавува секретарката со муабет зашто одмор, имаш мерки искористи си, сега незнам како ова да го сватам, као не ти го даваме одморот или да ме поштедат па да не трошам денови Инаку да така е со патолошка 2 недели од матичен, после на комисија секој месец. И матичната ми кажа дека секогаш кога се работи за патолошка комисијата отвара породилно 35 дена пред краен термин.
Која недела си? Јас до 7ми месец бев на паталошка. После извадив потврда од матичен и ја дадов на работа. Значи мај и еве јуни сум на грб на фирмата. 28ми јуни ми е термин. Ама чекам да се породам па да извадам породилно. Јас не верувам до септември да се укинат меркиве. Многу заболени имаме.
Комисијата не може автоматски да отвори породилно, туку може само да препорача, Комисијата едноставно го затвора боледувањето, така и стои - затворено. Мене ми одобрија користење на боледувањето со патолошка бременост до 38ма недела, термин ми е 30.06, а последен ден од патолошка одобрена од комисија 13.06. Не знам дали јас искористив или беа “расположени“. Се јавив на работа да прашам за лански одмор, имав уште 9 дена и сега ги користам нив. Ако ви дозволат користење на мерките бидејќи бремените жени се се` уште ослободени од работа, тогаш тоа е најдобра опција за подолго време барем засега.
Пред 2 години користев патолошка од почеток до крај и исто како тебе и се израдував не е 45 дена порано,и после проблем за да се среди чекав 5 медеци си ја префрлаа вината кој згрешил и 5 месеци не зимав пари за породилно додека не најдовме решение.
Комисијата не отвора. Само ќе напише мислење да се отвори. Слободно користи мерки и отвори си породилно кога ќе се породиш. Не може да било дека не си отворила 45 дена пред термин. Многу не отвориле, па без проблем минавме.
А што беше всушност проблемот? За што се бараше виновник? П.С. Ја утнавме темава за дискусија, нека префрлат модераторите во соодветната тема
Искористи се што те следува, јас се породив на 03.06 породилното матичниот ми го отвори од 02.06 од датата кога ми заказаа царски, му реков пиши го од 01.06 за еден ден да не се тенчи работата да бидам цел месец под фондот несакаше
Леле, денес хормониве ми се лудило. Од рано на утро се испокарав со мм. Излегов, до кај мајками .. па таму кавга со сестрами. Цел ден негативно, де со кавги, де со солзи. Ај за денес нека остани. Напната сум на крајов баш, од страв. Еее олку страв од пораѓај, не знам дали има некоја друга
Требало да се отвори трудничко 45 дена а они ми продолжиле уште 30 дена боледување.И меѓувреме јас се породив и неможе трудничко да се отвори и веќе стигна работата до тужба за да најдат решение затоа консултирај се со матичниот гинеколог.
Треба да пробаш да се смириш, ова не ти помага. Сите имаме страв, повеќе би рекла од непознатото посебно ние кои треба да раѓаме прв пат. Од што се плашиш конкретно? Верувај дека се ќе биде добро, породувањето е природен чин, нашето тело е создадено за да раѓа, бебето си го знае патот по кој треба да излезе, пробај да најдеш техники на дишење кои може да ти олеснат кога ќе почнат контракциите, само смирено и полека. Бебето мора да излезе, а болката ќе се издржи и ќе се заборави кога ќе го гушнеш ангелчето.
Матичниот веќе ми ги среди документите и на работа ми се одамна однесени, искрено не мислам дека ќе имам проблем, ми одобриле - искористив, чисто како солза
Најмногу ради високиот притисок, па си правам филмови со тоа, а и болките ме плашат, а сум толерантна на болки, ама овие ми се непознати па затоа вака
@kukla21 патолошка ми е одобрена до 08.07 точно 45 дена пред термин? Јас планирав да ја продолжувам? Што да правам?