Ако не ти е затворено од комисијата, можеш да побараш продолжување, па колку ќе одобрат толку. Се извинувам што се вмешав, еве и @kukla21 нека каже
Anetaoh Ако отидеш може само да ти пишат да се отвори породилно. Пробај земи преку општ матичен боледување колку може и ако ти го дадат одморот од работа. Ако не ти го дадат ќе треба породилно да отвориш.Се разбира ако ги укинат мерките, ако не, терај до пораѓај.
Најчесто ништо не значат 1 или 2 леукоцити. Повеќе се знак на бактериска инфекција. Можеш да си направиш уринокултура.
Нема да ти дадат повеќе боледување. Ќе дадат препорака за породилно да се отвори. Користи мерки или одмор. Ако не можеш, матичен лекар, стоматолог нек ти пише боледување. Матичен гинеколог може само породилно да отвори
Се разбудив со силна болка во левата страна на газот, мислам е ишијас. И јас имам советувано на оваа тема, ама пред 2 месеци можев и да одам само ко ќе се наведнев болеше и пројде без никакви креми. 2 3 вежби направив. Кажете некоја крема за загревање што смееме? Таа на алга сан? Да не се влечам на Др за ова. Буквално не можам да станам ми се плаче од болка ко ќе се поместам
Јас се мачкав со еден маст АЛФА се вика, не знам дали од него или онака ми помина за недела дена ма да реално и не ставав многу мислам дека повеќе само од себе ме пушти, ама до тогаш немав осетено таква болка плачев при станување буквално неможев. кога се движев кривев ама и така и така а кога легнував више немаше станување.
Да, со тебе пишував мислам. Тогаш одев нормално само на наведнување ме болеше и еден ден па пројде ко само по себе. Од 5 сум будна и не можам да станам од кревет...ужас
Девојки ,кажувајте лек за болни и раскрварени немпца ,пред една недела ми се раскрварија ноќеска ме разбуди болка ,цела десна страна и горе и доле боли.
Нз која недела си, ама нормално е Истото и мене ми се случи, бев на стоматолог, рече дека треба во тек на бременост бар 2 пати чистење и нз што друго и се средува؛ Дури и забите ме болеа, ама се се срдедува؛
Забен камен иди да ти исчистк забарот и не ги миј со тврда четка забите од тоа ти крварат. Можеш да убациш и вит Ц.
29 + 2 денес ,и онака знаеле да се раскрварат имам мека четка и парадонтах ама болки вака сум немала ...дури паника ме фаќа до 16 h сум на работа како ќе издржам не знам
Феминки за два дена влегувам во 21-ва недела. Кога лежам на грб, често осеќам во подолниот дел на стомакот како посилно пулсирање ама точно на средина од стомакот е и после некоја секунда повторно и знае со различен интензитет да биде... Дали е ова од бебето што мрда или на друг начин бебињата мрдаат во овој стадиум? Инаку мака мачам со закажување на втор скрининг во Систина. Сега пак ќе се јавам...
За трисономија 21 ми е 1: 8197. Тоа што се мерките различни кај двајца гинеколози е нормално. А и сигурно се земени во различен ден мерките. Битно е анализата да е добра спрема мерките што се земени на денот кога ти е земена крв и се земени сите параметри од тој ден во смисол должина на бременост, возраст... Пак ќе кажам. Мислам немаш место за паника, консултирај се и со матичната. На крајот на краиштата ако пак се сомневаш направи Нифти или некој сличен пософистициран метод ( и поскап) и мирна глава.
Рано и е за препораки за нележење на грб. Како што прочитав членката е 21ва недела а во тој период плодот е помал од 500 грама и е безбедно да се лежи на грб. Moже единствено да се избегнува спиење на грб. И јас отприлика сум тука со неделите и слободно си лежам на грб, а одбивам да спијам на грб иако така бев навикната претходно.