Девојки испадна заб дека ме болел мене ...бев на стоматолог ,ми стави некој лек ,сега немам болки а за немпцата ми рече подобро да не се чепкаат да плакнам уста со хидроген 3% па после една недела да одам да видиме дали да ги чисти или ќе ги оставиме за после пораѓај.
Треба да отидам конечно. Денес од залетано минијатурно трошче семка од праска си отворив канал мислам. Ме пукна главо-забоболка цел ден. На друга тема, ви се случува ли да кивнете и да се подмокрите? Два пати денес Да не сме ја претерале месец и пол по два пати утрогестан или нешто друго е? Немам симптоми на прехлада само вообичаениот притисок доле како да нема место и често мокрење.
Дали има некој нарачувано од kids zone Macedonia да сподели искуство?Сакам да нарачам тетра пелени гледам доста ефтини се 10 пелени 750 ден производство на алкалоид берово?
Женски, се воздржувате ли од односи во бременост? Ме мава на психа дека ради оргазам имам постојани болки во стомак. Беше прилично јак. Црни мисли ме утепаа со денови. Ама немам други проблеми, башка и магнезиум пијам да се стабилизира. Јес да оргазмот предизвикува контракции, ама не се ваљда толку јаки и страшни,м? Во вторник ќе ја прашам и матичнава, хормоните ми се до плафон, се надевам нема да ми каже да се воздржуваме.
Мислам дека баш ради тие контракции докторите не препорачуваат односи до 12 недела ,ама пак консултирај се со твојот доктор .
Воопшто не се воздржуваме, некогаш се случува и секој ден да имаме односи, некогаш и по 2 пати во ден. Секако ја прашав и докторката не ми забрани, само ми препорача да користиме кондом поради инфекции. Понекогаш имам болки во долниот дел од стомакот поради оргазмот, но брзо ми поминува. Јас искрено ни би можела да се воздржам хормоните ми се буквално до плафон, и постојано имам желба за секс.
Во првата бременост ептен се воздржував, дури и после пораѓај 4-5 месеци немавме .. Нервоза ме фаќаше дури! Сега сакам да надокнадам Фала женски Ќе прашам секако, ама и не е многу за плашење значи. Знам дека до крај на прво тромесечие имав болки, а не бевме активни тогаш.
Мене не ми забрани гинеколог, дури ме караше зошто сум таква стегната, ама јас не можев секс да имам и да се опуштам. До 12 недела додуша ми рече да се воздржиме, ама ние цела бременост 3 4 пати дали имавме. Од оргазам језа ме фаќаше, мислам не си го дозволив цела бременост. Ама јас сум ендемска будала изгледа
Јас претходната бременост ден, два пред да се породам имав оргазам во сон. Се мислам дека тоа беше една од причините. И сега ако ти се верува некогаш ми е страв да заспијам од помислата пак да не ми се случи тоа. Барем додека не влезам во 9ти месец. Иако не би требало да има врска тоа, којзнае. Ај може ќе пише некоја што е веќе во 9ти дали има оргазам без проблем хахах
Мене докторот ми рече дека ако има нешто, тој ке каже дека НЕ треба да го правам. Се останато може. Ако мене ми е убаво значи телото е спремно за тоа. И за пешачење го прашував, ток рече слободно, циркулација е многу битна за бебето. Улегување без потреба е лоша за бебето. Ем мајката улегана нема да може да се врати во нормала, ем циркулација ке му ускратиш велеше. Ако е ризична доктор ке каже дали треба да одмараш, да лежиш строго итн. Не треба да одиш да јаваш коњи, ама сексот е природна работа.
32ра недела сум веќе два три дена стапалата ми се потечени и глуждовите ... сега мерев притисок 120/70 , Среда сум на контрола па ќе видам докторот шо ќе ми рече