Ништо не е, од самата бременост ке почнеш да отекуваш. Некои жени два броја поголеми чевли носат од отоци. Намали сол, хидрирај се со барем 2 литри вода и мери притисок. Ретко која жена не отекува при крај.
Добар ти е притисокот, мене ми беше 100 со 50, а од 6ти месец (овој период лани) отеков во нозе,раце. Ми рекоа од топлото дека е Отокот помина 1 недела по породување
Епа и јас си викам од топлото од тежината ... ама прочитав дека и притисокот игра улога и ќе мерам за секој случај..
Не си ендемска будала, еве ме и мене тука Никој не ни забранил ама имав кафен исцедок прво тромесечие и мм не сакаше (и уште не сака) да чуе за секс, страв му е А и мене искрено А ни се сака и на двајцата ама ќе си почекаме барем до 9ти месец..
И јас ставам утрогестан 2х1 и пред некој ден како крукче на гаќите дури лепливо, се нафурав да не е плодова, ама дефинитивно е од утрогестанот тој мрси .
Морее имајте зошто коа ќе се роди бебе тешко хаха. Мм скапан од работа и неспиен навечер, јас со мали додека го успијам се комирам, гледам да поспијам зошто журки прави навечер. Секс здравје кога ќе праиме сестриче
На колку време треба да се мери притисок во последните месеци? Јас мерам чат пат, еднаш неделно, засега ок ми е. Но читав на нет дека пред крајот треба почесто да се мери.
Секс одбегнувам. Ниско ми е бебето, плус многу клоца. Не би ми било пријатно да го осеќам дур се сексам. Дур не го осеќав толку имавме. Него, што земате за такихардии,и што може да ги предизвика? Или мора терапија од лекар?
Пред некој ден заборавив да се напијам магнезиум и спиејќи накај 4 саат сабајле ме фати грч на ногата. Ме болеше овие 2-3 дена местото и си мислам мускулот ме боли. Сега гледам имам модрица на местото. Му се има на некој случено?
Јас со син ми кога бев бремена постојано бев тахикардична ама не ми сметаше земав повремено Б6 пиев ако ти смета осеќаш многу најдобро е консултација со лекар да си направиш .
Мене ми се случи досега 3 пати да ме разбуди во текот на ноќта грч на мускулот баш на листот од ногата и покрај тоа што редовно земам магнезиум.Многу е непријатно чуството и наредните 2-3дена осеќав како да имам нешто прободено во мускулот ,но поминува.Кај мене не се појавија модрици.
Да, баш на листовите или на стапалото. И со претходната бременост ми се случуваше ама ова со модрицава е прв пат. А инаку немам дијагноза поставена ама пред да забременам прв пат, имав испукани капилари по нозете и во лето ми "вриеа" нозете, такво чувство имав. Посебно навечер кога ќе легнев. Со претходната бременост повеќе ми се појавија капилари и вени на некои места. Па сега си мислам од грчот и ова да не се некои капилари. Цела шарена ќе се направам во нозете. А откако се стопли ме болат нон стоп од колената надолу. И навечер ми се откриени.
Се превртувам од смеење мене ми се случи на 2 пати да сонувам секс со човек што не сум го видела 10 год и во сон доживував оргазам. Жими бога мислев сум луда и си викав ова сигурно од Утрогестанот ми е. Ако си веќе влезена во 9ти и имаш дозвола од доктор ич не се секирај за оргазам. Мислам од 9ти веќе и препорачуваат доктори да размрдаш бебе
Хаххаха леле ме изнасмеа хахахахахаха јас до сега само мажот ми сум го сонувала хаххаахах Не сум, 34 недела терам
Не би знаела да те советувамМене ова ми е прва бременост ,поради мутиран генза тромбофилија од 8недела некаде по препорака на трансфузиолог и гинеколог примам клексани ,магнезиум и калциум но ете не мора да значи дека ако конзумираш магнезиум и калциум нема да имаш грчеви и трнења.Јас го прашав гинекологот и се тешам со тоа дека од него добив одговор оти во бременост вакви работи се нормални
И јас сум мутант ама дека во оваа бременост немав пристап до трансфузиолог до сега, на аспирин сум само. А претходната бременост ја истерав со фраксипарини. Ќе видиме резултатите од трансфузиологија другата недела што ќе покажат па ако не во Ремедика ќе одам на трансфузиолог. Ме одврати Хаџи Лега 2 пати до сега од идеата ама сега ако ми е нешто сомнително не го прашувам, ќе одам.
33 недели сум и денес на преглед побарав да ми измерст грло на матка дека ептен ниско го осеќам бебе. Абе цел ден ме боли кај препони и над вагина, не можам да одам. Веројатно од вагинално шо ми мерес цервикс. Некој со вакво искуство?