Мери притисок и консултирај се со гинеколог за оваа ситуација може и на интернист да те прати и екг да направиш.
Болката кај препони јас имам од 8 месец и еве девети сум сеуште и мислам поинтензивна е.Бебето е ниско наместено прави притисок на малата карлица а и моево е поголемко .
Вие што сте 9 месец, каква облека имате спремено за излегување на бебе од болница? На долги или на куси? Со боди одоздола или не?
Од сетовите јас имам спремано. Боди на прерамки и комплет памтоломи со блузичка по долги. Капче, бенкиче исто има за под комплетот ама жешко е за него.
Само јас имам спремно на кратки изгледа Јас син ми е роден на 22 јули по кратки го изнесов ,со ова ми е термин 5јули исто кратки спремив ама дека времево е малку мутаво периодов спремив за секој случај и едни шпихозни ако биде посвежо во нив да ја изнесам ,искрено се надевам ќе биде топло па да ја изнесам у џиџано фустанче
Па баш нели правевме муабет. Јас мислам дека ќе се породам здравје средина на јули. Нарачав од картерс комплетче на куси. Знам машките посебно склетџии се.. Но си викам да не е мало за на куси хахаха И јас ќе имам план Б. Добра идеја
Јас следнава недела боди на прерамки панталончиња со ногавички и горен дел на долги.Капа не.Ќе биде во транспортер ако треба да се покрие со тетра пелена или тенка прекривка.
@thegirl20.20 Јас сум кај Др. Личоски аеродром во Јане Сандански ,значи од прв момент се објаснува...и колкаво е и како е свртено и дали треба вака или така и мерките што ги зема ,секој преглед мал мозок ,голем мозок бешика ,срце ,што прави дали така треба буквално се ...
Ако веќе спремате да ги изнесете во долги нека биде еднослојно... Само боди на долги, или само шпилхозни. И боди и бенкица не, времево е пекол а тоа душиче ќе треба и во синтетички транспортер да го пикнете.
Кажете решение за иритации инф доле , чешање печење ужас , се премивам со камилица , сода секоа ден џабе корисѕев вагинални 4-5 дена , вагилакт исто ко да не сум ставала . 8недели+ сум неделава сум на контр ама дур отидам ќе се мрднам .. Овој гелот Билка Интимо за интима , смее ли во бременост , @Alishan30 ти мисл го користеше овој едно време , или некој др
Го користев но сега не сум го користела. Вагилакт знам дозволуваат и канестен крем. Но за овој гел мислам дека не смее, не сум сигурна
Ич не ми помогнаа , подобро Канестен да земев , утре одма зимам успат и тел ќе се слушнам за нешто др да не може да се земе ..
Лактогин гел за миење користев и сеуште користам. За да се регулира микрофлората можеш и лактогин вагиналети, два пати користев во бременост, не за бактерија, туку заради зголемен секрет.
Сите ги пуштаат преку ден во најтоплото, меѓу 11-15 часот. Ако сега летово ти е термин нема потреба повеќе од еден слој облека.
Или најпрактично Лактогин таблети, само напиј се и готово. Јас ги пиев до крај на бременоста и немав никакви проблеми. @Poppins
Мене следнава недела ми е термин. Спремив боди на кратки, и шпикозни по долги,а да и капченце. Времево зеза , а и мислам многу ќе е мала за по кратки да ја извадиме од болница
Јас баш и му кажав на мж за Лактогин видов тука пишите у една тема и да ми земе или тие или Вагилакт и у аптека не му го дале као демек матичната што препишала тоа ама ништо арно од нив бетер станав , нерва ме удара дури од чешање и печење вака не сум била никогаш . Секоаш одма реагирам и зимам одредени ама сеа у бременост не смее тоа и како утка си дремам и се влошува Утре сабајле јас ќе одам у аптека и тел ќе зборнам со др ќе земам сама Лактогин ако треба мора да ми дадат ..