Октенисепт вагинален спреј,950 ден е ама вреди за парите. Јас користев утрогестан и во 7,8 месец ми се појави чешање . Др Гордана од систина ме прегледа рече нема инфекции ова ти е од што си ставала утрогестан вагинално,не секогаш ни се скроз чисти рацете. Го земав спрејов и за неколку дена ми помина. Малку пече кога ќе прснеш,ама брзо поминува.
Без рецепта идат, земи си ги. Само ќе треба време да се среди, сепак се таблети. Во меѓувреме само памучни гаќи без омекнувач, перени на 90 степени или испеглани. Па и без гаќи седи си дома да не те иритира ништо. Мачка се со некоја маст да ти го смири иритираното место.
Сестра ми велеше дека побрзо оди отварањето ама и повеќе боли со провокации. Колку е точно не знам. Има нешто,? Како си?
Бев на контрола, бебето е 4050гр, и ми кажаа дека не можеме да чекаме повеќе, 40+5 ќе бидам од утре. Утре од сабајле ќе одам и ќе ми дадат апчиња за провокации.
М На другарка исто и 4кг и и рекле царски да оди да не оди природно...тебе нели ти предложија царски да одиш? Не ми е јасно како на едни викаат царски на други даваат провокации
Јас со провокации успеав да се отворам негде одприлика за 10 саати ,кога почнавме бев отворена 2 цм само .
Прават проценка дали можеш да се породиш природно, обемот на главчето исто е битен фактор. Мене не ми предложија директно царски 3900гр беше, на цимерката исто толку и се породи природно и ептен малку ја сецнаа.
Ајде не се плаши, стисни заби. Кај секого е индивидуално, може ти имаш поголем праг на толеранција. Ќе го држиш бебушот утре во раце, тоа нека ти биде на памет А бар си отворена малку или абер немаш?
Баш сега идам од аптека Микорил 3 вагинални ми даде едвај , крем претходно иам ваков користено пред бременост ок беше тогаш , се изначитаме па консултации со друга вработена поискусна , па и мојава матична ги препишувала овие , иделе да барат од кај неа пратени , од Лактогин имаше се , ама некако не и се даваше тоа и дал ќе има ефект за сувост било едното поеќе , а кај мене за пред ремонт е и оти 8ма недела мал плод се устручават да дадат било што без док , пола сат бев можда у аптеката , за 3,4 дена одам на док има и со неа убаво да разрешам се и да ми даде салам раб што мож да ги земам при вакви ситуации , јас би зела и сама ама оти имав спонтан лани уште на старт и сега со се се тресам пред да земам ..
И по 10 дена Панцеф терапија пак ја имам бактеријава Proteus mirabilis. Значи ќе пукнам ако доктор пак рече да пијам антибиотик. Јас од све се плашам оваа бремениост, толку хигиена толку внимавање од каде ми излезе оваа бактерија
Искрено и јас помислив дека ќе ми предложат царски, и веќе си имав направено филм. Ама не, денес беше друга докторка на смена и таа ми кажа дека ќе ми дадат апчиња за провокации. За болките се крстам само во епидуралната. Читав и на интернет дека во најголем дел од ваквите случаеви се дава епидурална поради болките. Иначе, не е дека не сум воопшто отворена. На последниот преглед, на преглед со рака гинекологот ми кажа дека е спуштено бебето во долниот дел и дека е омекнато грлото, не ми кажа точно колку е отворено.
Ааааа штом со епидурална ќе бидеш немој да се грижиш. Не знам колку прста треба да си отворена за епидурална, ама па добро е, ќе издржиш малку, после немаш гајле. Немој да се плашиш сега ич Со лесно мајка. Чекаме утре добри вести
Фитосептик гел за миење мене многу ми помогна имав алергиска реакција од утрогестан вагиналитете и чешање и црвенило за 2 дена ми помина.Јас го купував во дона фарм аптеката во систина,незнам дали го има во зегин и еурофарм.
Јас исто со епидурална сум породена ,вака течеше кај мене процесот прво ми дадоа вагиналета ама таа многу не делуваше ,потоа ми дадоа венски провокации преку инфузии тие делуваа ,мене ми предложија да ми стават епидурал тек од кога се отворив бар 5цм .
Ајде со лесно да ти биде, утре ќе се гушкате со бебето Тежината нека не те плаши, поважно е обемот на главчето да е мах 10цм за да може да пројде низ родилниот канал, а со провокација би требало побрзо да се отвориш. Ќе те чекаме со убави вести Кај мене ништо, толку беше од чепот, престана да паѓа, а таман се порадував дека е блиску ама изгледа не. А денес нешто како многу да ми тежи, како да притиска надолу ме болат препоните, коската, не знам што ме боли @Kate Rina 93 @elcezelce @NNK19 Како сте вие денес?