Ти благодарам, јас се тешам/надевам и дека утнале малку со тежината, дека е барем 100-200гр помалку . Идеме утре само напред, нема да сум ни прва ни последна
Јас добра сум, денес генералка дома правев, закачував откачував завеси... Немам гајле Бебка си мрда, не е активна којзнае колку, ама знае да направи серија удари ,да не знам каде попрво ме боли. Осеќам денес како да гура надолу и тогаш ме заболува долу. Но кратко трае. Приметувам деновиве кога станувам од спиење, значи одма штом станам ми потекува малку како вода,не е многу. Мислам исцедок е ,не ми е логички само од сабајле тоа да ми се случува. Инаку се жалев на хемороиди, почнав да ставам свинска маст. Престана да ме боли и чеша, уште да се повлечат остана Утре попладне сме на цтг, ќе видиме што ќе каже докторот.
Имав болки ама реално беа издржливи јас не ја прифатив епидуралната веднаш почекав болките да станат посилни и згрешив искрено пошто одпосле кога ми ја ставија како да не ми делуваше пак ги чуствував болките па повторно го викнаа анестезиологот и ми направи корекција во дозата и после беше топ ,болка не осеќаш само напони ,по мене епидуралот е светска работа . @Thallia јас сум супер ништо не осеќам цел ден си бев на гости кај моите сеа низ дома алишта си средувам ,се бањав бебе абер нема Ќе видиме што ќе каже докторот во вторник сум на цтг и преглед
Феминки денес влегов во 21-ва недела. Денес се возевме со кола и одевме по едни улички нерамни и со дупки и на неколку пати мислам стомакот ми се стресе, не знам како да објаснам поинаку... Можно ли е бебето да е повредено или нешто штета да сум направила? Денес некако и не го осеќам да мрда...
Кога не можев да најдам вагиналети и јас пиев апчиња. Ама мислам дека од вагиналетите има поголем ефект, така ми е пологично. Лактогин се сосема безбедни, така ми кажа докторот. Јас долго време ги користев при крај на бременост. Царски ако има индикации. Голем плод не е индикација. Па и главата да е голема, ако немс друга индикација одат прво природно. Ако е сензитивна бактеријата на панцеф, би требало да е излечена. Правеше брис со повеќе тестирани антибиотици? Докторите не препорачуваат патувања по дупки со саати. Неколку дупки не се ништо. Околуплодовата вода го штити бебето.
Во уринокултура ми ја покажува бактеријава, брисеви се чисти. Сензитивна на Панцеф ама еве пак ја има. Не знам што да правам...
Ти кажував исто и јас.. Досадна бактерија. Др. ми рече може и од хормоните, не сфатив баш. Е сега мене ми рекоа мора да се третира дека може да го скрати грлото на матката. Пиев два пати антибиотик. @lemon8ejt мислам ми кажуваше за оваа бактерија исто дека мора да се третира
Мене ми се појави во 5ти месец некаде исто во уринокултура. После однос ( прв пат откако останав бремена и бактерија закачив ). По две дози Зинат и Полигинакс ми препишаа, а на сопругот Цитерал. На првите контроли ја немавме. Сега овој или наредниот месец ќе ја повториме уринокултурата. Ама за односи не се осудивме уште еднаш
Успеа на крај да ја излечиш? Утре ќе се јавувам да прашувам што да пијам. Леле не ме плаши јас секој ден го бројам да ја истуркам бременоста, уште ова ми фалеше.
Ние детево од кога го напраивме во Јануари заборавивме што значи односи дури и во различни купатила идеме.
Епа и јас се зезам. Оваа година два пати сум имала односи. Едниот пат ( околу Божик) останав трудна, вториот фатив бактерија. И му викам на мм ааа не не од кај да знам што е следно
12 дена, така ми кажа гинеколог. Не сум ја сретнала до сега бактеријава, не знам опасна ли е иако секоја бактерија е, нема збор за тоа.
Можеби е некоја досадна бактерија. Ни јас ја немам сретнато. Штом си примала антибиотик заштитена си ама можеби ке треба уште една доза, од некој друг антибиотик.
33+ интервали на движења на бебињата сте приметиле ли? До вчера мислам се бркаа буквално од што ги чувствував, денес сега се сетив дека или ниеднаш не ги осетив, или еднаш слабо само сабајле. Јадев благо, ручав, кока кола ама некако слабо. Утре сум секако на цтг, но се загрижив прв пат вака а и се уфилмав малце 2 дена имав температура 37 со 9 и некој стомачен вирус ме пофати, па од тоа да не е пиев пробиотици, парацетамоли, чуда Денес сум добра. Инаку зреење примив пред точно 1 недела, не би требало по една недела да е реакција од флостеронот....?
Пред некој ден бевме на вториот скрининг. Добро си растеме нормално 284г во 19 недела. Сега влеговме во 20 одвај чекам да помини времето да се гушниме со златото мое
Од флостеронот не е. Кај мене некој ден е многу активно некој не. Е сега некогаш тоа си мртка, клоца ама јас занесена до другово и не приметувам после па си правам филмови каде е баш пиши како си денес.