30-32ра. Тоа израчунај си како доаѓаш за на преглед. Јас на 4 недели одам на преглед и ке му дојде 31ва да го правам...
Од Флостеронот обично уште истиот или наредниот ден ќе се намали движењето, не би требало по една недела. Можеби е од што им снемува место во меше, нема веќе кај да преткаат толку интензивно. А и тука сум читала кога растат ден-два може да се помалку активни и послабо да се чувствуваат. Мислам дека немаш простор за грижа, сепак пиши ни после преглед
Многу сум нервозна со докторкава од Систина. Значи свашта ми се деси и и пишувам на вибер, чита и ме игнорира. Па што си ми дала бре број да те консултирам? Какво е ова арогантно однесување. На минатиот преглед дури и кажав, за парите што ги давам тука сметам дека поинаков однос треба да имате, не сум на клиника, изговор и беше дека не го користи виберот. Крш!
И јас радо би ја откачила и тоа со пцуење ама жими она што се нафати да ме пораѓа. Многу безобразно однесување.
38 + 4 , направени две цтг оваа недела уште едно,сега за сега е мирно. Три ноќи болки на левиот колк и не толку изразен млечен исцедок.Ситно броиме
Женски, јас не направив ништо денес. Ми одложија за среда, преполнети им биле капацитетите. Не знам дали да се радувам или да се секирам
А зашто мислиш дека само она се нафатила да те породи има еден куп други доктори во систина квалитетни и добри како нејзе па може дури и подобри ,јас би ја сменила извини вака што се убацив ама за мои пари нема што да ме заебава некој .
Здраво женски.Ноќеска се разбудив испотена жива вода ,со болка во желудникот и страшни киселини.Не спиев цела ноќ,не знаев што да правам,земав еден гастрогард од кој имав некое мало ублажување на болката и киселините.Сега немам болка и киселини,но некако осеќам како да имам мачнини и како тегоби,и бебе го сеќам претежно во долниот дел,баеги активно.Од што може да биде болката во желудникот?Досега не сум имала вакви болки,а веќе еве терам 30та недела.Искуство,совет ваш?
Ѕвони или пиши смс. На смс ми врати,а претходно и пишав на вибер. Кога ми даде визит карта ми рече може да ја барам ако нешто ми треба,но може нема одма да ми врати, да е во сала или да прегледува
Бев кај 15 доктори, комплициран ќе ми биде царскиот. Затоа ја толерирам. И звонам не крева, секогаш вака ми прави, и минатиот пат кога искрварив и ме хоспитализираа во Систина не ми креваше. Им викав на сестрите да ја викнат. Многу лош однос има.
Не сакам страна да заземам ама мислам дека многу се напнуваш и паничиш. Можеби не е во можност да ти крене и не знам дали она е должна да ти е достапна 24/7 реално има свој приватен живот и тоа е во ред. Мене ужасно ме нервора кога некој после 17ч ми ѕвонел дома за работа. Во ред е да сакаш да се исконсултираш ама не ја чекај јави се во систина нека те поврзат со прв слободен доктор. Бар ја за приватниве немам сретнато дека во цена за пораѓај 9 мес добиваш 24/7 доктор за консултација на располагање...
А кога те хоспитализирале во систина ја доби потребната нега, имаше доктор? Ако не била на работа можеби не можела да ти крене, жал ми е за тоа што ти се случило ама јас не би очекувала доктор да е 24/7 достапен
И јас сум за тоа дека никој не е 24/7 слободен и дека би ти се јавил во секој момент ниеден доктор не добива ништо плус ако ти е достапен затоа и така прават, јас искрено имам позитивно искуство со неа и нај другарски е поставена со мене...али па од друга страна веќе секој кога би плаќал приватно би очекувал и повеќе внимание затоа и одиме кај нив, али ја да сум како тебе и да имам некоја мака би и го цркнала и виберот и телефонот од ѕвонење додека не се јави па и ако отидам во болницата во хаос ќе ја направам додека да не дојде за жал во нашава држава само таков треба да си дрзок и досаден за да добиеш тоа што го посакуваш никој не ти ги гледа маките
Мене кога не ми врати на вибер , ѕвонев на рецепција за да ме поврзат кај сестрата нејзина. Кога ја добив сестрата ми кажа дека др била во сала , само што завршила ќе прочита ќе ми врати. За секој случај и пратив и смс и ми одговори одма. Ѕвонев во работно време,12, 13 часот беше. Јас имам само пофални зборови за докторката. Ти изгледа не си била кај матичен гинеколог од типот Надица Ѓероска од Мама,па да видиш што е лош однос