Да е само она колку ги има како Надица, само рецепти да им побараш на криво те гледаат, а не па нешто ли друго
Лош однос од Надица? Јас имам само пофални зборови и на сите ја препорачувам.. Со мене секогаш била трпелива, објаснува, достапна е на телефон ако е итно.. Не сум имала никакво лошо искуство со неа.. Баш ме зачуди
Не е така, од проста причина што Гордана е доктор пред се за ризични бремености. Кога сите ми викаа абортирај таа се нафати дека ќе тераме и ќе ме породи. На прва средба добив визит картица со барај ме секогаш кога ти требам. Приватен доктор во приватна болница и после 17часот ќе се јави, не е матичен. Други доктори кога сум прашувала за резултати и терапија прво прашање им е кој ти ја води бременоста обрати се кај него, секој се оградува.
Никогаш не сум ја добила на телефон,а бев со ризична бременост. Луксуз е сестрата да ја добиеш,а не па докторката. Ти изгледа со врски си Не си имала проблем на пример да и побараш да ти измери должина на цервикс (за што дознаваш дека постои и се мери од форумов) да ти биде скратен во 5ти месец и да ти се развика девојче што правиш ти,матката нема да издржи!!!! Од што беше изгубена не знаеше што да каже,направи во врска со тоа, па најлесбо и беше:право во систина! Можам само да кажам фала и што ме прати во Систина и што ми се погоди др Гордана да ме прегледа и да терам после контроли кај неа. Дадов 500 евра за прегледи за 3 месеци,ама не жалам ни денар.
Многу некултурно е да одиш во болница и да направиш хаос затоа што не ти кревала. Ако ти крене вон работно време е добра воља а не обврска. Баш само во нашата држава го има ова очекување, плаќам приватнч ќе се понашам ко бог. Во никоја приватна не сум сретнала таква понуда, плати и ќе добиеш 24 часа достапност.
Мене и матичната (иако ја барам само за рецепти) и докторката што ми ја води бременоста ми се ептен погодени. Многу брзо ми враќаат на вибер. Сигурно не ги бараме од што ни е досадно, кога веќе даваат број и кажуваат дека се достапни треба така и да биде.
Па тогаш за што плаќаш приватно, за плазма тв и убава спаваќа? Не ме зезај, очигледно и дај боже да не ти треба не си одела во странство да видиш што е приватно и третман кој го добиваш.
Трпение, ќе ја добиеш,сигурно не ни прочитала,ќе ти одговори. Таков доктор не се испушта Јас по случајност се најдов кај неа додека чекав да ми одговори др Панчевски дали ќе ме прими (од утре дента одеше на одмор) па ме препратија кај неа. Многу жени ме прашуваа како сум стигнала до неа,дека е ценета докторка.
Кога почнува болница или било каков друг приватен објект да работи сите лижат гз и се ќе направат за клиентела тогаш е во ред дури и на одмор кога ќе се ќе бидат достапни за тебе,а од кога ќе се разработи може да ти каже ако ти се свиѓа ОК ако не крши глава. Типично за во нејзиниов случај ако ЕДЕН доктор од сите се нафатил да ја води бидејќи е премногу ризична и тој што е на ургентно ќе нема да знае што да и прави бидејќи предходно се оградувал и кога ќе видиш пак е таа таа докторка што ќе треба да дојде, за живот се работи не е ова ремонт на кола па да идеш кај било кој мајстор да ја приправи...ова е мое мислење
Жал ми е што била таква ситуацијата. Не сум со врски, но ете сум задоволна од односот и трпеливоста со прашања и можеби паники од моја страна во некои случаи како прв пат бремена со ивф после 4 год.. неа можеби и е смешно и едноставно, ама никогаш не одбила да ме види, ако одам за упат, па ја замолувам 2 мин да го видам бебуш и да го слушнам срценцето, одма ме прима.. Се надевам дека е се ок кај тебе и за брзо ќе си го гушкаш најмилото
Тогаш нека не дава број со БАРАЈ МЕ СЕКОГАШ КОГА ТИ ТРЕБАМ, него исто како на клиника нека прима пациенти и чао. Плус и пишувам во работно време не за викенд и до сега од 3 пати ниту еднаш немам повратен одговор.
Дај боже да ти остане позитивново мислење, за секој доктор има и позитивни и негативни искуства, јас сум од едните ти од другите. Јас бременоста ја продолжив во систина, кога отидов за последните брисеви кај неа во 33та ми направи уште една паника,леле многу е краток цервиксот само да издржат конците (мислеше дека сум ставила серклаж) и да истераш до 36та недела. Родив здраво машко бебенце во 39та недела,со активно пешачење од 36та недела.
Се редактирам дека сега гледам веќе сте пишале со Мантуб се што помислив и јас. Во секој случај не се оптеретувај штом ти од неа зависиш а не она од тебе. Да фрустрира кога си на приватно и плаќаш ама тоа е немаш избор
Децидно го кажа тоа барај ме. нека врати и по 3 дена и по 5 кога ќе може тогаш, ама најлошо е вака ме чита и игнор. Еве сега закажав преглед за следна недела, порано идам само да видам што да правам со позитивна бактерија резултат зошто госпоѓата не можам да ја добијам.
Скроз си во право. Не ја бараш кафе да пијате, ја бараш за ситуацијата во која се наоѓаш. Било помош или совет да ти треба. Штом се нафатила да ја води бремеността нека биде малце достапна . Ако е толку зафатена воопшто нека бе кажува моб или нека речи извини неможам да бидам достапна на моб кога ке се видиме ке ми ги кажиш маките... а не еве ти бројче барај ме и на крај црц милојко. Шмизла
Се јавив, ми ја даде докторка Снежана. Докторката кога виде историја во компјутер ми постави 10 прашања и ми рече да ја исконсултира Гордана и ќе ме барале. Еве уште не се јавиле. Нема везе закажав преглед да одам кај Гордана, вака ништо не правам.
Дали може да се отвори породилното точно од денот кога ќе се породам??????....самовработена сум и немам никакви индикации сеа засега за патолошка или било што ќе е потребно за порано да отворам....
Ааааман више и бактерии и чуда. Па и кај мене стрептококата. Да и се. Се отрув од антибиотик,немаме ни односи. Се капам секој ден. Што више... Прв пат во живот да имам бактерии и тоа баш во бременост. Па сега амоксиклав и неопенотран форте вагиналети.