Не не, таква е арогантна. И дадов рок 24 саати да ми сврти,ич око не и трепнува. Слава и удрила у глава
И мене ми најдоа стрептокока ,а к ние немаме односи и баш се чудев од кај ја закачив ,сеа до крај строго ми рекоа односи никако ,јас испив 10 дена панцеф и вагиналети Мелиоара .
И тоа бива ама не знаеш како и е ја бараат еден куп а може работодавец не и дава за труд колку треба си рекла шо ќе се замарам има други доктори има термини нека си закажуваат така е зборот ама тргам од мене . Мене така ме бараа во ниедно време на сите трчај одговарај пусти денар не добив ни проценти ни бонуси ни браво ни ништо и сега кога мо ѕвонат не одговарам на никого си бркам мое. Затоа и во оваа ситуација се убацив во муабет тргнувајќи од себе и свое искуство.
Овој трет брис ми е. Цело време еднаш панцеф ша амоксиклав па па амоксиклав. Навистина се отрув од антибиотик. Ептен мистерична и досадна бактерија....
Па ако не сака да ја бараш, што дава мобилен?! Доктори се, значи секако се 24х7 достапни. Едно е да некој паничи, друго е да има ризична бременост и докторот тоа да го знае. Башка на вибер пишува. Не мора одма да одговори, ама никогаш да не одговори.
Дечки абе да ве прашам. 32ра недела на прагот, и почна да ми тече колострум. Прв пат. Демек по некоја капка, али сега приметувам локвички. Читав дека е нормално ама да си прашам, бидејќи сум со ризична бременост, да не е нешто за загрижување? Некој искуства?
Имав пишано за ова, еве пак ќе пишам. Резултато од уринокултура ми излегоа после прегкедот кај нејзе, другиот ден, рече ако има бактерија јави мј се ќе ти пишам терапија. Откако добив резултат со позитивна на бактерија, и вртам, пишам 24 часа,ме игнорира, на крај пишува па ја не сум должна да ти кренам. А ми рече јави мј се. Како бе матичната за 5мин ми враќа, она нема ли пациенти. Катастрофа Да,и ја сум од утре 33та, осеќам мокро
Ајдее бог да чува чим е до толку и она...што да кажеш ај најди и го крајот. Ако мораш да ја трпиш како девојчево што вика само она и е се нафатила шо ќе прајш да се караш не смееш тоа е
Од сабота вечер имам болки во долниот дел на стомакот. На моменти се по јаки, на моменти по слаби. Како да ме притиска долу. Денес бев на преглед, бебе е во ред, плодова вода во ред, контракции не покажува, и грлото на матката е затворено. Ни др не знаеше од што би можело да бидат тие болки.. Исто така на моменти имам и стврднување на стомакот.. Ми препиша утрогестан и магнезиум. При вагиналниот преглед др ме повреди со тоа железното, и еве уште имам крв кога се бришам (ми кажа да не се плашам малку ме закачила, ако и дома имам крв од тоа било). 33+3 сум. Дали некоја имала слично искуство? Мн ми е страв, а не смеам да одам по др.градови за второ мислење поради вирусот.
Zdravo da prasam nesto za zena mi raboti vo privatna prodavnica dali dokolku doznat deka e bremena bi ja izbrakle od rabota dali nekoj imal vakov slucaj i dali smeaat da te brkat dokolku prilozis potvrda od doktor deka si bremna
Ако е на Неопределено законски не смеат да ја избркаат во ниеден случај. Ако е на Определено може да не и го продолжат договорот штом и истече ( не смеат да го прекинат )
Има прекрасна Др пред месец излезена од Систина, вратена сега на ГАК- Даниела Јованова. Во Систина беше за критична бременост, строга е ама многу стручна и реална
Јас за доктор Гордана имам само пофални зборови. Јас сум со високоризична бременост, ама ептен високоризична, постелката ми е, како што вели таа партал. Денес сум 31+6 и жената дава максимално се од себе, да истераме што се може повеке. На контроли одев два пати неделно, од денес секој преку ден. И јас порано имав чувство дека прегледите ги прави набрзина, но сега гледам дека тогаш се било во ред и реално немало потреба да ме гледа подолго. Сега кога имам сериозен проблем, ептен долго се задржува, денес гледаше протоци на бебе на седум места. Нема што да се каже за таква докторка, јас ја обожавам .