Не е правило дека одма ќе те избрка, ама работодавецот не е обврзан да те држи ако е со договор на определено, за жал.
Кога работев во Мк пред 9-10 години фирмата имаше ланец на маркети.Знаеш што викаше газдата што трудна одма отказ и и даваа за жал менаџерите.Жените се криеја да не ги избркаат.Ова беше катастрофа.Се надевам дека нешто од оваа е сменето по 10 години.
Ако бе,имај си,не ти брани никој. И ја со првата бременост имав, сега ми се смени мислењето. Не зборам за стручност туку однос. А гледам,не сум единствена
Дали ги мачкате брадавиците на градите со АД капки превентивно? Јас имам прилично мали брадавици и мајка ми ме советува да ги масирам со капки и да ги извлекувам по малку. Ама мене ми е некако страв, имам читано дека стимулација на брадавиците предизвикува контракции. А прилично ми се осетливи, 19 недела сум инаку.
Девојки наеднаш ме фати неподнослива болка на грбот позади повеќе на десната страна према ребрата дури и под пазувите малце подоле према напред. Дали дека неколку дена лежам ама ништо не ми беше буквално во рок од 5 мин се појави. Што да правам? Како што дишам така ме боди ме боли. Многу ме боли.
Кога земаш воздух те боли? Така при дишење како укочено да ти е/истегнато нешто? Таква болка? Мене од лежење ова што ти опишав неколку пати ме фати на лева страна напред да не можат воздух да земам. Обично легнував на грб наоѓав поза дишев смирено дури ми помине..
Мислам дека ти е тоа си лежела незгодно и те фатила. Пробај најди најкомотна позиција и диши поплитко ќе исчезне болката
Добро, јас си пишав само мое искуство. Мојов случај е ептен критичен и во моментов ми е максимално посветена.
Точни е тоа за контракции, не дека одма ќе предизвикаш контракции ако масираш малку ама нема потреба.
Сум ја барала неколку пати, најчесто за резултатите од д-димери, и пракјав слики на вибер,да ми ги види, и еднаш за вит.Д, дека ми беше многу низок. Кај мене одговарала на пораките, сега не во моментот, ама после сат и нешто, два сата, сум добивала одговор. Никогаш не сум и звонела. Сега откога ми стана сериозна ситуацијата, не сум и пишала, зошто често се гледаме, а и ми ги наброи неколку симптоми, кои доколу ми се појават веднаш во болница да одам, да не звонам.
Mоже да е некој мускул. Нека те помасира некој, протегнувај се, и мене ме има така болено ама од напред под градите баш, со ширење на болката према лево рамо и назад и исто да не можам да земам воздух. Поминува за некој ден.
Девојкии, за некој ден влагам во 9ти, стомакот ми е малце спуштен подолу, од време на време имам болки по малце, некогаш чувствувам ко да имам потреба за во wc како напон не знам како да опишам.. Сите ми викаат само што ќе влезам во 9ти ќе се породам, пред некој ден свекрва ми ми рече кај да е ќе се породиш те приметувам изнемоштена си цело време омалаксана.. Како ви било вас пред пораѓај? И јас чувствувам дека за брзо ќе се породам, страв ме фаќа ама од друга страна едвај чекам да се олеснам и да си го земам в раце бебо..
Citsm za ad kapki za bradavici posle 30ta nedela preventivno da se koristat. Kako i kolku cesto? Isto ad kapki vo pavlicev za strii. Koj e soodnosot? Kolku cesto se mackate?
Јас почнав од пред 10тина дена да ги мачкам со чист ланолин на фирмата Леа ( фитофарм ) бидејќи ми се направија корупки. Не ги масирам градите, само ги мачкам со павловичева помешано со ад и бадемово. 33+ сум