Кој сите, доктори ти викаат, или свекрва, другарка? Сакам да кажам имаш некоја причина да очекуваш ран пораѓај? Изнемоштена не значи дека ќе се породиш за брзо. Болките може да се лажни контракции нормална појава во поодмината бременост. Еден 'симптом' што се јавува пред пораѓај, не кај сите, ете некои го забележале е потребата да се зачистува по дома, да се подготвува собата, не е мит, еволутивен механизам е, инстинкт да се средува домот пред да дојде бебето, на анг е nesting ако немаш слушнато исчитај, некои жени го забележуваат кај себе кога пораѓајот е близу ама се дури не ти потврди доктор за омекнато грло, дали си отворена, паднат чеп, не може да се каже дека ќе се породиш за брзо само затоа што изгледаш изнемоштено и нека не те плаши никој со такви проценки. Некои трудници цела бременост се изнемоштени
Ауу интересноо.. прв пат слушам за ова. А и кај мене овој пат баш така беше си допеглував ствари за бебе и утредента се породив. Фала за инфо баш интересно
Не знам за кое странство зборуваш. Ете јас живеам во странство, се пораѓав и пак ќе се пораѓам во приватна болница. Сумата е огромна, се разбира осигурувањето покрива, иако има и out of pocket трошоци. Причината поради која ги кажувам овие работи е следнава: без разлика како и каде ќе се пораѓаш и колку е висока твојата осигурителна полиса, АПСОЛУТНО НЕМАШ ПРАВО да очекуваш 24/7 поддршка од докторот. А ако се раздереш и направиш неваспитана сцена, можеш само да завршиш без посакуваниот доктор (ќе ти кажат да си избереш друг и готово). Во текот на мојата прва бременост, не стануваше збор за тоа да го имам тел број на мојата докторка на располагање. Доколку се успаничев за нешто, имав еден “пејџер” број на кој прво се јавуваше сестра, ме прашуваше која е причината за мојот повик и ме информираше дека докторката ќе ми се јави за 5 мин. Се разбира, повикот од докторката секогаш беше од приватен број. Искрено, не ми се јасни овие очекувања кои ги имате кон докторите.
Сами не си наметнавме докторот да ми е достапен 24/7. Тие се нудат. Насмеани ке те испратат ако има нешто веднаш да ме бараш. Еве ти бројче. Одма да ми пишеш. Ама за било што...Е таков им е ставот. И ти нормално се потпираш на нив. И ги бараш зошто ти требаат.
Докторот ми кажа дека можно е да се породам пред терминот затоа што бебчето е поголемко.. А за зачистување по дома чистам на секое во последно време посебно во спалната каде што ќе биде и креветчето од бебле.. Ама сепак да дури не кажи докторот не може никој да знае, во право си..
Како може да оценат дека ке се породите пред време, само затоа што бебето е покрупно? Мене никој не ми рече порано ке родиш затоа што бебето е големо. Напротив, се породив 40+, а знак дека пораѓајот почнува е паднат чеп, омекнато грло, контракции, плод спуштен во канал. Тоа може да трае два дена, може и две недели, правила нема. Кога ке се случи тоа никој не може да процени од ехо. Јас не зачистував по дома, алиштата беа испрани еден и пол месец порано и беа ставени во вакум кеса. Лулката ја наместивме некаде две недели пред термин ама само дрвениот дел, постелнината и душекот го наместиле домашните пред да не пуштат од болница. Ден пред пораѓај имав секс и бев на кафе. Уморна не бев воопшто, цело време бев полна со енергија.
Интересен момент со чистењето и местењето по дома пред пораѓај. Јас веќе 5 дена бев во болница, 42 недела, настанаа некои компликации, за кои не ни сакам да се потсеќам, небитно. Маж ми веќе во паника, како ќе биде што ќе биде. Дома се ни беше испрано и наместено освен постелнината во креветчето. И земал он пак да усисува, и ја наместил постелнината. Докторот му се јави да му каже дека сум породена кога завршил со местење. Може и има нешто иако не сум суеверна, ама понекогаш се местат коцките
Смешно беше кај нас дека ептен се погоди тој момент со постелнината. Иначе бебево надносено, мораше веќе да излезе
Не е суеверие, со естроген е поврзана потребата за средување кога пораѓајот е близу, ама да кај жената
Со првата бременост си земав од Сара фешн на НББ прслуци обични, без корпа и жица абе ги изнаносив. Сега најдов еден од нив мал ми е, а најголем број кај да барам прслуци поголеми памучни и без корпа и жица?
Мешиња, како сте на времево? Вчера ми беше ужасно, не можев да дишам, мислам едвај го преживеав денот. Денеска сум подобра, цело време сум на овошје, само тоа ми помага, ме освежува. Имам низок притисок, времево ми смета. Вторава бременост некако ми е потешка од првата, ама сега се две бебчиња се е поразлично. На моменти ме фаќа паника за пораѓај заради целава ситуација... Каде планирате да се пораѓате?
Девојки, знаете ли дали во тек на бременоста ограничени сме со промена на матичен дали може два пати да се смени матичниот или има некои правила?
Zdravo zenski , jas sum bremena 6ta nedela i celo vreme osekjam na momenti tapa bolka vo dolniot del od stomakot kako da ke treba da dobijam menzis takva bolka dali e ova normalno dali i vas vi se ima ova deseno fala vi
Искрено немам искуство со вртење на приватна докторка (еднаш само бев на скрининг). Разбирам дека имаат работа и ете може баш во тој момент да е зафатена со нешто сериозно, ама културно е да одговориш барем после извесно време, особено ако си оставил број од типот барај за што и да треба..А за др Надица Героска немам коментар, многу сум разочарана, некогаш е ок некогаш е расеана, некогаш е нервозна како ќе ти се поскреќиЕве 2 дена вртам кај сестрата не крева, не можам да закажам преглед. Недај Боже да ми треба за итна работа