Звони на мобилен кај сестрата, ако не може да се јави во моментот, секогаш се јавува покасно кога може.
Јас денес звнев не ми кренаа, после половина час ми се јави сестрата видела дека сум звонела. Кажав дека имам проблем со притисокот и докторката веднаш ми се јави.
Немам мобилен од сестрата (секогаш ја барам на фиксниот) ако не ти е проблем пиши ми ЛП. Утре пак ќе вртам, се надевам дека ќе ја добијам
Не се спушта под 140, ама за разлика од ноќеска добро е. Сега си го враќам филмот дека десетина дена сум со нагон за повраќање, па претпоставувам тогаш почнал да се качува. Ако е до 140 да пијам 2 пати на ден бедоксин, ако е над диазепам. Да мерам 2 пати дневно, ако и покрај се не се симнува ќе ми воведат терапија. Рано не рано од пусти страв да не им текне да ме задржат во болница ради притисокот, денес почнав со перење на бебешките работи и дел од списокот што ми е потребно за во болница.
Магнезиум веќе пијам 2×1 Во понеделник одам кај матичната за брисеви, а во вторник ми рекоа на контрола во Чаир. Па ќе видиме што понатаму...
Според ова што ве читам мојата докторка е злато. Секогаш на вибер ми одговара, така и термини си закажуваме. Ама затоа, матичната не можам да ја смислам. Се дрзна да ми каже да сум почекала некоја недела за срцева акција, да не сум одела одма на чистење Боже жено, не ни помислив или спомнав чистење. Одам од што мора да имам прегледи, инаку ќе ја откажев одамна.
33+5 а изгледам барем ко за 37 Докторот ноќеска 2 пати ме препраша дали сум сигурна дека е едно и уште неколку пати ми кажа дека многу ми е голем стомакот
И јас сум иста не се секирај кога бев последен пат на преглед мислеа на цтг одам хаха Посакувам се да биде во ред до крај.
Не се плаши, мене ми се дешаваше така во почетокот, некогаш цел стомак ќе ме боли, некогаш ниско долу или па кај ципите, докторот ми кажа да не кревам тешко, повеќе да мирувам и дека повеќе е мускулна болка, ми даде Бускопан апчиња по потреба да ги пијам.. Мирувај и ти, и консултирај се со матичниот види што ќе ти кажи.. Иначе овие апчињата Бускопан никако немој да ги земаш на своја рака дур не ти речи доктор.. И најбитно од се е да не паничиш и да не се плашиш, само позитивно.. Еве јас за се паничам, се плашам и искрено лошо си правам и за себе и за бебо затоа што сум цело време со страв и паника, посебно сега како што ми се ближи термин уффф...
Не може освен при ставање на ваиналетата ако си немаш направено некоја рана, утрогестанот е баш за да нема крварење
Девојки ве молам предлог кај одите за крв освен синлаб биотек и авицена макар и приватно каде можам да направам. Бев сабајле во Авицена и почнале таму гужви за брис за корона ме фати ептен страв, внатре гужва пред врата немаш кај да чекаш бројчето ќе си го пропуштиш. Тие за брисеви и ние за лабораторија малтене едни до други чекаме и во иста просторија се движиме. Може претеран ми е стравов ама 6 мес дома дремам изолирана од сите па не би за авицена да ризикувам редовно одев кај нив до сега не видов некој за корона да чека ама изгледа хаотично е по градов.
Мислам дека сегде исто функционираат, единствено систина знам дека е посебно за ковид19 и лабалаторија може и ремедика да се посебно али мм дека не соработуваат со фондот така ѓавол и пол ќе те фати
Па не знам колку им е крвна слика во систина исто не би.. Зар нема една лабораторија што не зима ковид брисеви? Ќе видам баш и матичнава што ќе ми каже Важно хаос се направи