Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. x-tina64

    x-tina64 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Jas duri od denes pocnuvam so Mamavit a predhodno voopsto ne ja piev folnata kiselina ne mi ja podnesuva organizmost opasno e po plodot ako ne se pie folna kiselina ???
     
  2. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Моја другарка не пиеше фолна, бидејќи касно дозна дека е бремена, па еве има синче од две години здраво и право :)
     
  3. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Значи многу време ми треба за да најдам што ми треба во темава, до таков заклучок дојдов :D
    Туку ај да ве прашам , стана обавезно со транспортер да се излегува од болница или?
     
  4. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Ми се јави сестрата на мојот доктор и ми кажа дека малку шеќерот ми е покачен. :sweat: Незнам колку, не ми кажа, само ми рече во понеделник да одам да направат уште еден тест. :( Уффф, не го очекував ова... Што следи понатаму кога шеќерот е покачен? Знае ли некој?
     
  5. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    И мене ми е :) малку над горна граница, следнава недела ме прати да правам испитување за скриен шеќер.
    Па ќе видиме што ќе покаже тој резултат, ако немам скриен шеќер, ваљда ќе треба да намалам со благо и други работи што го дигаат шеќерот, а ако имам (не дај боже) незнам што понатаму. Знам само дека трудници што имаат скриен шеќер во бременост примаат терапија, некои не дај боже и до инсулин боцкање доаѓаат ама се тоа го снемува откако ќе се породат.
    Јас и ти со исти маки :) а мислам дека и со неделите сме тука некаде :)
     
  6. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Се надевам дека нема да стигнеме до терапии и инсулин :worried: Јас сум 25+1 според ехото, а според последната менструација сум 26+1 така некако :) . Ти која недела си?
     
  7. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Јас денеска влегов во 27, блиску сме :) рачунајќи од последна менструација, иако јас со ин витро знам кога точно ми е ставен плодот ама си ги бројам од последна менструација.
    Ма супер сме, какви терапии нема да ни треба ништо, и резултатот од скриениот ќе си биде супер....сме јаделе малку повеќе благо, или нешто тесто и се качил малку...ќе се среди немаме гајле.
     
  8. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Се надевам дека е така, мора да се тешиме :D Ќе намалиме малку со благото и дај Боже да биде се во ред. :) поздравче
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема такво правило, но најубаво прашај си во болницата каде што ќе се пораѓаш. Мене на искачањето од болница, сестрата што ми го облекуваше бебето дури ми нагласи дека транспортерот не е за во првите месеци зашто е како прекршен, бебето неможе рамно да легне па со тоа му се прекршува кичмичето. Јас истото си се прашував уште пред да се породам ради ваквата форма, а гледам сите го користат за новороденчиња. Значи подобро корпа отколку транспортер.
     
  10. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Mene skrieniot seker mi izleze 9.5 :( i plus proteini vo urina.za sega blago ne smeam da jadam no za proteinive ne mi rece doktorot nisto..za toa nz sto se prevzema.nekoj da ne znae nesto mn se grizam a i kako mi se jade blago ;(
     
  11. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Уф јас ќе бидам среќна ако ми забранат само благо, само да не примам терапии... За протеини во урината незнам што да ти кажам, се надевам друг ќе знае да ти помогне. Ајде не се грижи, мора да мислиме позитивно и да мислиме на нашите бебиња и се ќе биде во ред ;)
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.525
    Допаѓања:
    35.506
    Пол:
    Женски
    Јас утре ќе проверувам скриен шеќер, макар што докторката рече дека плодот си е таман,дај Боже да е се во ред, цело време сум во мисла, поради зголеменото количество на плодова вода, читам по интернет се и сешто и до следната контрола само се молам да е се во ред.
     
  13. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Мила ти благодарам за одговорот ама според други календари од 32 недела се почнува 8 ми јас сеуште немам полни 32 недели,може си во право којзнае со календариве ти честитам и тебе за 8ми месец :D ,секако дека ќе се видиме во Чаир и до каде си се спремаш ли?ние почнуваме деновиве да се спремаме облека купивме нешто од внук ми си земав сега уште други работи и да се комплетираме и да го чекаме денот Д поздрав драга и поздрав до сите ;)
     
  14. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Бремена сум 7 и пол месеци, сакам да ве прашам дали е вообичаено или не, тоа што имам доста бело прање и кога ќе излачи повеќе, ако сум излезена и не сум имала прилика одма да се туширам, потоа забележувам дека мириса непријатно... Нешто ова значи? Или нема причина за паника??
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Консултирај се со гинекологот обавезно, можно е да е кандида или др.ама не е добро да не се излечи. Инаку бело прање зголемено е нормално па може сега од жештините да мириса непријатно.
     
  16. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Oд полни 31 до 35 г.н е осми месец.
     
  17. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Еве сме денеска почнуваме 10та недела :rofl: Уште 3 недели да поминеме па да се смирам 100%... Сеуште имам силни симптоми што ми дава надеж дека се е во ред овој пат...fingers crossed :inlove:
     
    На wtff и Lori-30 им се допаѓа ова.
  18. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Транспортерите се користат секаде и се погодни за ново роденчиња зошто бебето добива иста положба како што ја имало во стомакот. Ако така се прекшувала кичмата сите бебинја ке се раѓале подгрбавени. За ново роденче таа положба е сеуште природна положба.
     
    На Glasna и leona83 им се допаѓа ова.
  19. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    На heppymom и Markiza30 им се допаѓа ова.
  20. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Мешиња, ние го почнавме осмиот месец, како да летна времето, уште сосема малку остана, уште најжешкото да го истуркаме :)
    Вие што сте во поодминати месеци се спремате ли веке? Кога почнувате со финалните припреми, перење, пеглање? Ние уште креветче и транспортер да купиме и спремни сме, ни останува да се препере се и да се испегла, ама мислам дека тоа ке почека уште некое време. Поздравче до сите и имајте убав ден!!! :*
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.