Бактеријата е опасна само при спонтано породување.Ако имате закажан царски не мора ниту да се лечи.Ако на пример пукне водењак порано од царскиот и тогаш има ризик ако детето остане без вода 8ч да дојде до инфекција.Ама не се плашите , ако се знае дека мајката имала бактерија детето при пораѓајот одма може да го третираат со антибиотик и со тоа нема да настанат компликации
Јас сум царски со првото. Еве сега во оваа бременост цело време ја имам. Се утепав од антибиотик пиење и вагиналети и пак си ја имам многу досадна ептен. Но дали има врска што пишува вака streptococus agalactiac причинител enterococus species. Незнам ваљда точно препишав. Истата стрептокока е или оваа е друга што е неискоренлива....
Поима немам не сум доктор Само кажав што не учеа пред 4 години на породилните часови.За упорна не знам дали еЈас ја имав пред да останам трудна првиот пат и ми правеше проблеми.Имав слични симтоми како кандида ама не се лечеше. Случајно тест ми направи др и испадна стрептокока Б.Пиев антибиотик , ама само јас мм не.Кога одтанав трудна за брзо после ова ми правеа во 35 недела пак тест бев негативна
Здраво девојки... 21 недела сум и вчера имав ужасни болки во долниот дел на стомакот и повраќање.. Во хитна се испостави дека е стомачен вирус цепчиња парацетамол и вомекс ме смирија али сеа еве пак се јавуваат тие ужасни колики... Особено левата страна.... Среќа со бебето е се во ред но да прашам имал ли некој ваков проблем треба ли нешто дополнително да се земе??? Мислам ќе раѓам 10 пати ако треба само овакви болки да немам ужас
Не те виде интернист на ехо? Чим се прејаки болки мислам не би смеела така да ги трпиш пробај да најдеш ако имаш можност и по приватнове денес сигурно имаат интернист дежурен
Да да јас сум во странство одма бев во хитна направено ми е секакво ехо и на бубрези и испитано е крв урина се е во ред бебушот напредува само не поминува баш одма... Смирува парацетамолот али пак се јавува болката... Веќе 2 ден вака тука и баш не даваат ништо повеќе од парацетамол... Си барам чаре и по форуми некогаш тоа помага повеќе...
Jas sirok povoj ne staviv nikogas iako ortoped mi preporaca I ni svedski peleni ni tetra kupiv za mene toa se samo dzabe frleni pari Samo kaj nas uste preporacuvaat sirok povoj Trigliceridi I holesterol vo bremenost ne se merat
Ај добро утро. Не сум пишала одамна, конечно се средив па ќе имам време. Ќе се дружиме уште малце. 34+ сум, примив инекции за зреење на бебето. Сама си се зае*нав со селењето крени спушти, па и стомак ми е предвреме спуштен доле, прсти добив за проверка на грло што не осетив во прва бременост, непријатно, ама не е болно. Бебе големо, главче големо, ме чекаат 36та , макс 37ма за пород. За две недели на контрола сум па ќе ве шитнам сите тука пред вас ќе се породам. Страв имам мн у коски. Ептен . Сега ми рекоа да мирувам да не си направам пред време контракции и да пукнам воденик. Ќе се трудам повеќе сега. И ќе читам пак книги. Кукло пиши како сте? Сум те пропуштила, отпосле се прерадував. Како е малата цуцка? Ај леле се изнарадував ептен ! Се има ли некоја породено у меѓувреме кажувајте да мењам список?
Да прашам дали кога има разлика во недели се следат недели од др што ви кажува или според менструација ? Сега ми кажа дека сум 33та а јас сум 31 требали да очекувам порано термин или нема врска ?
Мислам нема. Тоа значи дека бебето одговара за недела, две понапред. И моите се така спомна еднаш др као за поместување термин, но рече до крај може уште 5 пати да се смени, така да ме водат сеуште по последна менструација. Хаха важно се среди, издржа и сега мирување, па јако Јас уште не сум средена ама не планирам да кревам ќе се штедам. Сега прими зреење во 34+? Драга јас мислам јас ќе те зезнам пред 37ма Оффф и мене ми е страв, имам некоја визбуда, страв од непознато и сл... значи си попи преглед со рака, јас сеуште не
Девојки, дали ви се случува од нигде никаде да ви потече некоја течност прозирна. Чувството е како кога ке ти протече добиено.... Не знам што е ова... дали секрет некој или недај боже да не е плодова вода??? Бар еднаш во денот ми се случува, ко помочана сум. Иначе 35+2
Јас сум нон стоп таква. По 4-5 пати на ден се пресоблекувам. Доктор ми кажа нормално од хормоните било...
И мене ми се случува. Особено насабајле штом станам. Најверојатно не е ништо страшно. Дека кога и да ме прегледал докторот велел дека има доволно плодова вода. Еве веќе еден месец така ми е. 40та недела сум инаку.
Колку ти е? Неделите се мерат спрема последна менструација. Е сега, за бебето да е поназад две недели треба на два последователни прегледи да не кренало килажа колку што треба и се бара причина за тоа. Ако бебето е понапред две недели, ама си напредува нормално, едноставно можно е да имаш поголемо бебе, пошо нормална килажа за новороденче не е фиксна, туку варира од 2000 гр до 4500 така што нормално е и во иста недела кај две трудници различна килажа на бебе. Може да си имала рана овулација па скрос си одговара бебето на неделите. Мерките што ги мери компјутерот не се секогаш 100% точни, имаше тема за мерки побарај ја, трудници исплашени од мерките, па бебето се раѓа скрос таман. Шеќерот ако ти е добар (една од најчести причини за големи бебиња) тогаш не се загрижувај. Јас не би очекувала поран пораѓај освен ако доктор не ти каже, ама за да ти каже (не сум сигурна) мислам дека треба доста поголемо да е, не само две недели. Не е голема разлика и ништо за нервирање.
Цела бременост бев со затнат нос...ајде зимата препишував на ладно . Дојде април мај јуни се породив , до крај со затнат нос. Читав на Нет се спомнуваше затнат нос као синдром на бременост .Мм се нервираше , постојано шмркав , ме молеше породи се и испитај си со носот што ти е... Еве сум ок ...без никаков проблем со носот.
Мене во систина ме советуваа , широк повој да правам со 2 пелени. Една нормално ја ставаш а другата наопаку, задниот дел напред да дојде... Секој си има свој став. Јас од 2та недела почнав со широк повој 1тетра и 1 шведска пелена. И мене така ми правеле па фала Богу здрава права без никакви искривувања сум. Сега има многу нови "школи и знаења" јас ги почитувам старите пошто се докажани . Но сепак кој како си сака