Jас таа сестрата би ја фатила за уши што шири дезинформации,нај сериозно ..ако не знае како изгледа еден транспортер и за што му е функцијата,нека си преќути..вака им ја нарушува безбедноста во собраќајот на новороденчињата.Tранспортерот се користи од новороденче до шест месеци,поинаку и да се сака не може,така да според сестрава сите бебиња што користеле транспортери се станати безкичмењаци. Kиттен помеѓу корпа и транспортер ,заедничко има само што можат да се носат на рака или да се прикачат на количка друго не,едно е корпа,друго е транспортер.
Поздравче мешиња еве ме и мене да побарам ваше мислење и совет.Инаку редовно ве читам вака сега имам бодежи во долниот дел на мешето поточно од препоните накај јајниците па како да ме затега нешто не се постојани но ме плашат.Денес бев на преглед но заборавив да прашам пошто ми даде разни испитувања скриен шекер.протеини.д.димери.и некои други не се секавам но фала богу се е ок но овие боежи ме плашат инаку сум 23недела и 3 дена. А и жестиниве се мачни ми почнаа главоболки и лесни втоглавици кои биле нормални. Поздрав и убав ден.
Руси јас векје перев и пеглав купив трснспортер нешто алишта,креветче си имаме и тоа е спремно.торбицата за болница ке чека барем уште две недели и ке ја спремам.Купив нови пешкири и две спавачи за во болница.Така отприлика течат нашите потготовки
Случајна, има многу прашања во темава баш како твоето, и сите одговори се сведуваат на тоа дека тие бодежи се од тоа што матката се шири, ти си веќе во поодмината бременост па можеби и бебчо си бара позиција мрда се движи па оттаму доаѓаат и бодежите. Руси, јас почнав со купување кога завлегов во 9ти, се се купува во еден ден,сега малку времево зафркава, но ете јас стасав, и исправ, испеглав, креветчето го спремив, а торбицата затворена чека на врата . Ние денес како поминавме со тоа скриениот шеќер тоа процедурите веќе аман. Сите ми се чудеа како сега пред пораѓај ме праќаат да се мачам да проверувам шеќери, кога со плодот е се во ред. Им напоменав дека имам вишок плодова вода, дека сум исплашена, но ме утешија дека вишокот плодова вода и не е толку опасен,зашто варира од недела до недела. Да си кажам дека тоа гликозата ме уби, сестрата стоеше до мене цело време од страв да не направам белја, плус 3саати гладна и 3 венски бодежи а јас станата од 7 (процедурата траеше до 12), сестрата прашува дали ми се лоши од гликозата, не не и викам ,,супер,, ми дојде како што бев гладна, а јас мислев дека ќе припаднам за јадење , но што е тука е, за бебуш се ќе стори Мајка. Резултати утре ќе земам се надевам дека се ќе биде во ред, до наредна контрола и ЦТГ. Имајте убав ден мешковци...
Bravo za vas, bas ste spremni, a spavaci mislis deka ke dozvolat da si nosime nasi? Jas so ednoto se porodiv vo cair, a so vtoroto vo drzavna, ama mnogu odamna, togas ne bese dozvoleno. Imas informacija kako e sega i za koja bolnica?
pa rusi nemam info ama ete si kupiv za sekoj slucaj i toa dve a moze nema niedna da mi dadat da zemam
Мамички и ние сме спремни се облека,количка транспортер постелнина скоро се уште креветчето треба да ни стигне за некој ден,сакав да ве прашам за козметика послабо знам што ми треба освен пелени и некое убаво сетче за бањање ве замолувам поискусните да ми помогнат тоа секако планирам покасно ама сепак да си знам од сега кај мене се е со списоци да не забораам нешто зошто изгубенка сум малку понекогаш и какви цуцли ми требаат??? поздравче убава вечер
Ние уште немаме порачано креветче. А ни фалат и некои ситници: постелнина, коритце за бањање...не купив многу облека, само основно по што и бабите сакаат по нешто да купат и така Торбицата не ни е спремна а како лета времетооо. Здравје од нареднава недела морам да почнам да спремам. Поздрав мамички и имајте убав ден
ауу ова забранава за благо и тестенини ме уби луѓе јас сум нон стоп гладна незнам што да правам па како ми се јаде лубеница а ми ја забранија,па сладолед,шпагети си плачам така кога ке ми текне од кај иззлезе сега ова со скриениов шеќер?? некогаш барем еднаш ако каснам нема сигурно нисто да биде а??????зар сега во вакба состојба да трпам за јаденје а баш сум стрвна на се
Се е во главата насочи ги мислите кон зеленчук, салати и месо и провај да не размислуваш за благо и се тоа што не смееш. Јас си го качив шеќерот со сладолед, шпагети и палачинки...сега ја сменив скроз исхраната и воопшто не ги размислувам, ко да не постојат...а највеќе се нервирам кога ми нудат, а знаат дека не смеам ама посилна сум и од нив не паѓам на искушенија а во вторник ќе испитувам скриен шеќер па ќе видиме тој резултат што ќе покаже... И да ти кажам еве скоро една недела не ги јадам тие работи, јадам повеќе зеленчук варен (брокула, боранија, блитва, морков, тиквица), салати и месо и неможам да ти објаснам колку поубаво се осеќам, полесно, не прејадено...а еве и на вагата веќе 1кг помалку, а потребата за благо ја задоволувам со една - две прадки во денот.
Здраво мешиња имам еден проблем што ме распамети кога бев на последната контрола.Терминот ми е оваа недела и еве го чекам секој момент,но на гледање на ехо ми кажаа дека бебето не одговара со килажа на неделите и дека е помало.Ми викаат дека е нормално зашто јас сум ниска,а исто и маж ми и дека конституционално се си е како што треба и ехото не секогаш ги дава точните мерки што малку од малку ме утеши. Имал ли некој ваков проблем,да ми каже некој совет затоа што цела недела сон не ме фаќа се ми одат мислите што ако не е нешто како што треба,а ги правев сите скрининзи и се е во ред (кај Димчев).
Ајде мамички вие што сте во поодмината бременост да ве прашам,синко го сетив за прв пат некаде 16 недела,како пеперутки да ми летаат низ стомак,ама како времето одминува го сеќавав повеќе,сеќавам и удари,и како стомакот ми се подува на едната страна,па кога ке се сврти го нема тој оток да речам.Претежно го сеќавам насабајле и навечер кога ќе сум во кревет легната.Сега сум 20+5 ама последниве 2-3 дена синко го нема никаде,го нема и тоа подување на стомакот одвреме-навреме ке сетам како некој удар благ,ама незнам дали е тоа тој.Дали има место за загриженост на гинекогог можам да одам дури за две недели.Ве моlам за некој совет ако знае некоја нешто бидејќи полудев.позз и фала мн однапред
не се секирај ехото не е секогаш точно, мене ми кажаа дека синми е тежок 3100 сабајлето кога ме гледаа на ехо а вечерта се породив и беше тежок 3500 така да немај гајле нема зошто да се секираш, биди смирена и чекај си го тој преубав момент кога ќе си го видиш и гушнеш твоето најмило
Ане-Ск, мислам дека нема простор за гриза, стом си поминала низ тие испитувања, ке биде се во ред, ти посакувам лесно породување и да се гускате Тинче ја незнам сто да ти казам, ама мозеби се смирило бебето, почекај усте некој ден па ако и натаму не реагира тогас оди на гинеколог! сум читала тука и порано случаеви како твојов сега и се било во ред на крај! не гризи се, опустено само! Маркиза, ја се одвикнав од спиење на стомак од пуст страв, мада другарка ми со 4-5месец елесе дека спие на стомак! дали имас веќе стомаче? мене ми се познава малку, сигурно засто сум слаба, ама секој ден од пола ден па до навечер се чувствувам дека ќе пукнам, како да нема место во мене инаку сум чуитала тука за хемороиди, незнам како изгледа тоа, не сум патела никогас, ама деновиве имав запек и вчера кога бев во тоалет одвај, имав крв! сум читала тука дека се јавуваат покасно во бременоста, а јас сум тек 10недела, па незнам сто да превземам! ако некоја знае нека писе! и ако знаете како да прикачам тикер со број на недели, нека ми писе порака, јас пробав ама ете се гледа само букви и знаци, а не е сликичка! поздрав месиња и убав ден
Купив мелено семе од коприва бидејки имам низок хрмоглобин.Но немам идеја на кој начин да го конзумирам и со што?дајте ми некој предлог
Врати се назад на темава , знам дека имасе писувано за рецепт, мислам дека бесе тегла мед, семе од коприва и усте несто, се меса се заедно и секој ден по две лазички, ама за поголема сигурност врати се наназад во темава оди точно 10страни наназад , сега видов таму писува
Со запекот и јас маки мачам оваа недела и на моменти многу се плашам не чувствувам никакви симптоми за по некој час да повратам....Знам дека во одреден период симптомите се намалуваат дали имал некој искуство во 10та недела да се намалат?
Јас имав запек од 8 недела, па сигурно до кај 16 недела траеше...исто и крв ми се појави. Нормално е да имаш запек и во рана бременост, а од напор да се појави хемороид и да пукне и се појавува крв. Јас имав страшни болки при секое идење во вц. Јас јадев суви сливи, пиев сок од отстоени суви сливи, ленено семе со јогурт, портокали, круши и обавезно банана она ја регулира столицата.
за запекот пробај со овесни снегулки потопени во јогурт јас цела бременост мака мачев со запекот ама врвот го достигнав послем порајгај кога дури 14 дена се немав испразнето а не помагаја ни чепчина ни ништо почнав дури да се губам не можев да седнам да си го надојам детето за да една брачеда ми каже за овесните снегулки и имаше ефект за еден ден и од тогаш ми се регулира столицата и уште нешто избегнувај густи сокови доколку конзумираш најповејке стварат запек пздрав се надевам дека ке ти помогнам