Ааа ќе ја договараме тогаш. Не знаев ја дека е таква работата. Ќе чекам следна прилика. @Kate Rina 93 со лесно.
Не ме откачувај сега. Малата ти е бонбона. Таман за Мика ќе е . Ништо не се пар месеци разлика. Дај потпиши сега и тука.
Мислам дека ја сум едина што раѓа у систина после надминат термин и тоа не еднаш туку два пати Се надевам дека до недела со Катето ќе даваме мекици доста им е на балериниве наши ги пораснавме во меше
Уххх колаченце Добар пазар направи, да не се секираш не згреши. @elcezelce кај кој си, кој те води? Ти спомнаа нешто за корона тестот? Имало сега некој рапид за 100 евриќи за 1 саат резултати ако се мора да се брза, ако не тој другиот од 4000. Не ти спомнаа кога ќе те боцкаат? И да се уозбилам малце со едно прашање. Нормално ли е веќе секое мрдање на бебето мене да ми е ептен болно? Ме мава у јајници, значи ужасно боли кога ќе мрдне таму. Горе у ребра со ноџиња не ми смета, ама доле ептен ми е неугодно, болно...
@eli.karameli страв ми е од провокацијата, велат дека боли повеќе со неа. Што знам. Може пак на крај ќе мора со провокација @Starlič да. На 28ми ми беше термин Само сакам да се породам, нестрплива сум. @Dikinzi Даа, имаше некој пишано претходно. Да не прочитав немаше да знам како треба да буткам @LadyC Ти си Само нека излезе бебка моја, сакам и јас да е викендов Ќе има мекици , заедничка забава со елче ќе правиме Ви благодарам на сите што ме мислите. Ми значи
Јас т.е. бебево тргна сите да ги претрка. Еве ме на болница, добив болки и контракции. Ми дадоа лекови за смирување и зреење, па да се надеваме ќе се смири и ќе дочекаме 36.
Душо, коа сум веќе во темава, болките со провокација НЕ се по болни, болките се истите, само финтата во провокацијата е што се по чести и по нерегуларни. На пример, природно ако почнат си имаат одреден интервал, 5 мин па 4 мин па 3 мин, и така натаму, и си траат одредено време на пример 40 секунди до 90 секудни, а со провокација не се на ист интервал и траење, на пример може болка да те фане на 5 мин, па после за 1 мин да те фане друга, па за 3 мин, па пак на 1 минута, и да траат различно време. Со провокација времето за кое што те фаќа болката е по кратко одошто придодно. Јас со второто бев со провокација, и си знам дека е како со првото, си чекам контракција на одредено време, коа гледам крајот не можам да го фатам. Си викам добро помина една, имам 5 мин да здивнам, коа таа ете ја дошла за 2 мин, е сега финтата е што многу брзо идат одошто природните, а ако не се отвараш е тука е мачењето. Ќе треба да ги трпиш може со саати, а да не бидеш отворена. Јас така бев, пред да ми ја стават бев отворена 2 прста, си велеам ова брзо ќе оди со второво, ама како и со првото птворањето бавно одеше, ама среќа, ми се падна најдобрата бабица во велес, еден спазмекс, после уште еден, и секогаш кога имав болка жената ме отвараше со нејзините раце ( во скопје некакви топки ставале за да се отвориш), а она со рацете брцаше ли брцаше. Ме отвори за 2 саати 6 цм, со 8 бев легната на бокс, и на крај не испукав ич, дали едно конче ми ставија на усните доле. Втората ден веќе можев да трчам, провокацијата ми ја дадоа во 5 и пол или 5 и 45, се породив во 10 55. Болката и иста, ама контракциите оти се многу на брзо, тоа утепува. Да се издржува..се издржува не е страшно
Хааха топки брцаат за да стигнеш до 2 прста, ти добра си била. И со раце после не бега. @Kate Rina 93 само позитивно, ќе се породиш. Кај повеќето успева провокација, зошто иначе би ја користеле. Ти и отворена си прочитав. Јас со 0 отвор успеав. . Поспиј си уште малце .
Како се справувате со отоци? Вчера за прв пат ми се појавија и тоа само на глуждовите од нозете. Се мислам да не ми е од жешкото (овде деновиве е 35°) бидејќи баш вчера ниту бев одена некаде, ниту стоена на нозе па да речам од тоа ми е. Притисокот ми е ок до сега. Терам 28ма недела и ме фаќа страв покрај отоците да не се крене и тој бидејки така беше и со првата бременост кога добив преекламсија. Вечерта ја поминав со нозете кренати на перници, утрово се разбудив без отоци, ќе видам како ќе биде денес.
Ние сме иста недела. Деновиве неколку членки го пишаа истото. И јас сум исто. Само мене не ми поминува, сабајле се будам веќе отечена. Од жешкото ни е.