Можно ли е да имам како кафеав секрет после прегледот со рака , денешниов не беше баш пријатен како предходните...
Цела бременост така ме клоца. Еве 35 недела терам. Тој период околу 20та исто како кај тебе ми беше. Посебно кога ќе седнев на стол. Дури и како некој воздух или не знам како да опишам чувствував. Верувам дека и кај тебе е нормално.
Јас исто што се не правев, секој втор ден генералки со доле на земја бришење, тегнење кревети смукање (зашто све мислев ќе тргне работата па да одставам дома све чисто). Секој ден по скали до 5ти нагоре надоле, последната недела па и два пати секс, урми секојдневно.. и пак си истерав до 41 +3 4 ли како ми доаѓа, и си се договорив со докторот да пробаме со провокација да не чекаме мн дека и второ дете.. Саботата ме примија, крв цтг проверки.. Неделата ме пуштија на провокација, првата не успеа многу слабо ли беше пуштена.. Инаку бев само еден прст отворена.. После три саати барав за до wc, си имав и цистит едвај додржав. После тоа втор пат ме уклучија и сама барав на појако, и два три пати ми ја накачуваа по малце и за 5-6 саати заврши се. Кога ме изгасија дојде докторот да ме провери, јас веќе сум била комплет отворена, и одма брзо ме однесоа на бокс, пукнаа водењак и со две буткања искочи бебе. Болките се трпат, не дека се поболни туку како што кажаа не знаеш кога како да ги очекуваш. И малку отежнува дека си врзан на инфузија и цтг и неможеш многу да мрдаш. Али се издржува и се се заборава кога ќе се роди бебуш
Фала ти многу Ептен ме опуштивте. Во сабота ќе разговарам со докторот за провокација,од понеделник тие денови. Ако не тргне работата.. Искрено и страв ми е од многу носење. Се мислам како што предвремено родените имаат некаков ризик, така и тие што ги надносуваме. Се ми оди на памет.
Да не те излажам ама мислам дека беше 650ден не сум сигурна инаку и јас од Нлб ја платив електронски од мобилен .
Феминки болките стивнуваат полека... Инаку овие два дена стриктно од десна страна го осеќам малиот... Не осеќам удари, 22-ра недела сум туку како балонче што одеднаш ќе се надува и мислиш ќе пукне ама престанува...Е така осеќам...
Избриши ги тие негативни мисли од глава, се ќе биде добро Ќе држиш во прегратка прекрасно бебче за многу брзо време
И јас вчера прв пат така до нозете, во зглобовите само. Имам комшика сестра, па и таа ми кажа леле како ти се отечени. Од топлото ми е мене. Никако да се оладам, а клима фучи. Нит спијам, нит можам нормално да функционирам од топлото. Протисокот низок. Дополнително на топлото ме кутнува.
Така и мене ми беше кога почнав да го осеќам. За 2 3 недели би требало да почнеш удари ама и докторкава моја ми вика уште се е слабо мали се ја сум 24та
@alex.eli Како си? Има нешто на повидок или? Едит. Ааа само што видов , се породии. Честиткиии Живи и здрави да сте двете
Think positive, be positive Те прати редовно докторот, гледа дека се си е во ред и затоа уште си терате. Ајде колку си поминала, уште малку ти остана до средба
Од искуство мила, умот како ќе го нагодиш така ќе е. Нормално е да се плашиш, ама стравот после силата нека е. А, во тие моменти сила имаш планина да поместиш. Да не ти филозофирам, болно е, тешко е, ама ептен брзо минува. 10, 15 минути болка не се ништо, во споредба со сета убавина што следи потоа
Подобро, болки веќе немам, ќе се појави по некое стврднување, ама очекувано е. Решено е ова бебче да ме намачи
Моево мислам од што си го слуша брат му колку е напорен се буни. Вакво нешто во стомак немав ме растури од мавање,стврднување и туркање надоле... ме плаши на моменти. Болки сега за сега менструални немам но вака пример ми се стврднуваше многу подоцна стомаков. Еден ден мислам газот го испакнал но и за тоа е рано по моја меморија... но ете нема правило. Ако продолжи и утре задутре да ми прави вака ке барам термин порано да одам. Ај па може кога ке се родат мирни ке се
Хаххаха е изгледа до тоа е. Големиот батко едвај чека да се роди и секој ден викаше мама утре ќе го родиш батето? И овој бргу бргу, да се роди тргна
Надносено дете може да има проблем само ако не е следено. Ти одиш на цтг, те гледа доктор и уживај. До 10 дена над термин чекаат ако е се во ред, така ми кажаа мене бијдеки немаше знаци дека ке се породам. Ден после тоа чадна чепот и започна процесот. Опушти се, бебо ке излезе секако. Крајна опција е царски, ама пред тоа имаш провокации и клекни стани. Сакам да кажам, не сфаќај трагично ништо, набрзо ке се гушкате.
Баш како што кажа... Незнам како да опишам како воздух баш или какп меури да ми поминуваат, мислиш ке го дупне водењакот во секој момент. Мислам дека во 7ми може малце психички ќе се ослободам. Вака цело време имам одвратно чувство, наместо како што викаат дека бременоста е најубав период во животот на жената, јас го осеќам најстресен. Фала на одговорот, ми требаше еден ваков, дека не сум сама со тоа чувство