Иста бев. Да стасам до 26 ќе се опуштам, после ај бар до 28, па ај 30, па 32,па 34та хахахахха и сега викам барем до 37ма.Ем второ ми е не знам зошто ваков страв. Одмарај си повеќе штом си со серклаж и ќе биде се во ред. И јас се чувствував исто како што пиша.. И само се проверував во вц.
Флостеронот е 708 денари една инекција во Систина. Бебе ми беше успано 2-3 дена. Затоа ми е*а мамицата неколку дена со ред. Секој покрет доле ме боли скроз. И вчера не можев да спијам оти ми легна на десен нерв, ми ја одзема цела десна нога. Цела вечер не сум спиена. Катастрофа.
Мамички овие неколку дена осеќам асално клоцање на лева страна кога ќе легнам навечер. Знам дека не е страшно, ама многу е активна навечер, нит можам да спијам ни да седам. Како и да се свртам клоца и тоа силно. Се трудам да не јадам навечер, ама и ако ми се јаде клоца и ако каснам нешто уште повеќе Не сум спиена како што треба што топлово што од клоци Има ли некоја финта да се смири?
Леее веќе ќе побудалам, еве скоро 2часа како доле ми се стврднува стомак и на лева страна и на десна никако да најдам положба.. Толку непријатно ми е дури и како со болка незнам да опишам.. Пред една недела бев кај матичната не бев ни отворена ни ништо се беше ок.. Многу е рано за шо и да е 33недела сум... Како да изгурам ноќва
Супер сум. Имам слаби болки, од време на време, бебка гура надолу. Ама некако без надеж сум Овие 2 дена по 30 чучњеви правев, по скали се качувам и слегувам. Ќе разговарам со докторот за провокација утре,задутре ме опуштија членките многу во врска со провокацијата Не можам да верувам,бев со ризична бременост, а сега бебе не излегува Ти како си? Беше на преглед?
Оф,знам како ти е. И бебка едно време ми фаќаше некој нерв. Кривев со ногата. Некогаш кога ќе се движев повеќе ми поминуваше. Ваљда и бебка се помрднувала тогаш Ајде и ти уште малку имаш. Што убаво Те гушкам
Женки колку можам да издржам со цервикс 12 милиметри доктор вика секој ден е благослов, се надеваме за до 36 бар. Сега сум 35. Предлог мирување без покрети нагли и многу внимавање. Цтг уредно одам 2 пати неделно. Искуство некое да споделите со ова милиметриве на цервикс и сл? Имам и повремени болкички во кичма и ниско доле јајници... што може да значи? П.с бебиња океј со протоци, плодова вода и постелки исто океј.
Ај па и ти .Уште едно братче на Ози и ЕмилиДодека е мало побрзо ќе ги израснеш Се му викам на мм абе некој да ми го износи, роди , порасне и на 4год да ми го донесеНајнапорниот период за мене
Еј душо нема врска дали ќе го надносиш или нема, дека ќе има некој проблем. Ќе си родиш живо и здраво бебуле. Еве јас сум ти жив пример, 17 дена со поминат термин. Ја на тоа не мислев, сакав само да го изнесат и да го ѓњавам зашто не сакало да излезе. Сега душичката му ја вадам од гушкање и бакнување Те поздравувам
Јас мислам дека цела литература и искуства што ги крепи интернетов имам прочитано за цервикси и милиметри. Трагичното е дека нема правила. Имам во близина пример со 14 милиметри, близнаци, издржа 10 недели од кога го установи. Мислам дека ќе издржиш уште недела дена ко ништо. Само лежи, не мрдај. Кај мене тоа "само лежи" даде ефект. Плус веќе си во сигурни недели. Без грижи и со среќа
Истата ја имав и исто 100.000. Ми се исчисти со 10 дена амоксиклав и мноогу чај од брусница. Не е многу намножена, стартај терапија што поскоро.
Ќе си седе бебе, после ќе молиш да искача Чувај се! Ноќеска се префрлив во детска да спијам. Топло ми е секаде, па таму се ладев. Таман залади, изгасив климата и отворив прозор, бебето на комшиите почна да плаче. Па дека тивко и прозори отворени, пак нема спиење. Па кога почна да ме мава мисла, лелеее што ме чека, сум заборавила дека ќе има плачки и неспиење, ме мавна некое „чувство“ и до сабајле едвај спиев. Прво будење на мм му викам, дури сега се свестив што не чека