Фала душо Сеуште немам абер,ќе си терам до крај како со првото така ми рекоа на преглед вчера имам уште 1 недела до крај па ќе видиме,сега за сега се е ок фала што ме мислиш
Женски како сте? Мене многу ми е лошо од средата наваму,како почна вечерта глава да ме боли ,вчера цел ден и цела ноќ,не сум спиена, мислам мозокот ќе ми прсне,а испив и кафе, лимон,кисела вода и на крај парацетамол и не,не ми помина.Дури и тешко ми беше ,не можев да дишам ,ми се лошеше по малку и во вц кога бев на бришење имав голема капка темно кафена крв,па се подисплашив,имав и претходните недели понекогаш така ама Др рече дека нема никакво крварење,еве и сега немам ама се испаничив некако. А глава никако да ми помине,десната страна посебно,окото ќе ми излезе мислам,од жешкото ли е,или притисок, обично ми е низок. Уф ама се ижалив,ама стварно ми е тешко. @kukla21 ,а јас после шест години што треба пак да се навикнувам на плачки,пелени , некогаш ме фаќа паника,се имам заборавено.
До 16та недела умирав од страшни главоболки,поврајќање,гадење исто и кафен исцедок. И преку ноќ помина се. Главоболки смирував со парацетамол а гадење со ништо. А во однос на плачки,пелени јас сум си со бебе тоа за мене не е ново секако навечер станувам еве 14 месеци ноќ немам преспано...само смешно ке ми е кога ке се менуваат пелени. Имаш ноџе маааало и ноџе.
Хепи ме утеши малку,јас од утре влегувам 12 та А за пелените ме изнасмеа ,ти барем рутината уште ја имаш.
Јас два пати во вакви екстремни случаи кога не поминувало од парацетамол по 14 та недела се имам напиено аналгин, не сум имала проблем. @LadyC колку ти е должина на цервикс? @Zuza28 фала ти за одговорот, се надевам дека ќе биде во ред, ми значи @elcezelce Честито мајка живи здрави да сте
Женски јас цела вечер имам болки ама така на одреден период. Од сабајлево имам на 10тина мин, па на 6, па на 4, па пак на 10.. а болките се во долниот дел од стомакот и после се префрлаат во кичмата. Ама не се толку јаки да ја трескам главата од ѕид. Издржливи се. Лажни болки се ова?
Па може и да не се лажни,мене така ми беа пред првиот пораѓај,јас мислам скоро ќе се запознаете со бебка Ако продолжат оди во болница.
Штом може да забележиш дека ти се појавуваат на одредени интервали не звучи дека се лажни...секако почетните контракции се издржливи но како се отвора матката стануваат поинтензивни мој совет полека да се упатиш кон болница и со лесно
Секако си 2прста отворена да тркнеш до болница.Јас не знам каако почнуваат болкиѕе бев со провокација.Ајде со лесно
Јас планирав до вечер да трпам вака болки дома, па вечер да одам Пошто ако ми рече докторот лажни се, ќе се разочарам. Се движам намерно да видам дали ќе ми поминат, не се намалуваат, само појаки се, ама не се на исти интервали
А да одиш? Еве уште 2-3 саати максимум и оди... Мене ми беа во пар, една на пример послаба на 4 минути па по 2 минути уште една појака со тоа што им беше се помало растојанието. И така додека не ме однесоа на крај на царски со контракции на неколку секунди...Од вечер ме фатија се породив во 23 часот наредната вечер
Мене така ми беа околу 20 часа..и после тоа пукна водењакот па по 3 часа после тоа се породив. Со лесно
Пробај да седнеш да одмориш, ако се вистински нема да прекинуваат кога се одмораш или менуваш позиција. Вистинските се на исти временски интервали, ако се прво на 4 после на 10 можно е да се лажни ама не се разочарувај. Леле и јас се возбудив со тебе хахах ајде те чекаме пиши кога ќе можеш
Ќе видам ај, како ќе ми биде. Ама колку можам ќе издржам дома. Се туширав, одмарав, баш да видам дали ќе ми помине. Не ми поминуваат. На некои 5 мин ми се, па на 3, па на 5 пак.. само појаки се од сабајле.. Не се доволно јаки за да одам до болница. Чекам да бидат неиздржливи па да одам..