Мене магнезиум ми даде порано ради болки во половината од седење и лежење, инаку мислам некаде тек од 5ти месец го почнав минатата бременост. Јас би ја пиела фолната сега само, до 12 недела, па после би почнала премама и магнезиум, ама ти си знаеш најдобро за себе. Со лесно, и добредојде во темава
@V.odolija welcome in the club Со лесно до крај Во премама нели има фолна? Од старт пиев фемибион 1, потоа фемибион 2. Посебно фолна не сум пиела
Хелоу девојки, една консултација ве молам. Во 16та недела правев брисеви излегоа чисти но бидејќи при зимањето на брисот докторот забележал дека имам исцедок бел што може да е кандида и покрај тоа што на брисот ништо не покажа ставав полиганикс(мислам така де викаа) . Сега сум 25 недела и докторот бидејќи му кажав дека имам исцедок бел и без мирис повторно ми даде да ставам mycoril а ако го имам повторно на следна контрола да правам повторно брисеви. Морам да напоменам mycorilov се жив ужас цел ден сум лом се туширам 10 пати дневно од нив. Прашањето ми е сте имале некој ваков случај или само јас мачам мака со исцедок или е нормално? Воедно до сега никогаш на брисеви не сум имала кандида а иседок да не речам цел живот сум имала сега во бременост може ми е многу малку зголемен. Фалаа
Нормално е да се има исцедок таков во бременост. И мене брисеви чисти кандида да имаш мислам мора малце и чешање јадеж да осеќаш. И мене ми дадоа еве последно донафил 3 дена бев ок и после пак исцедок. Ниту имам чешање ниту ништо од старт ми е вака сега сум 25та исто како тебе
Да и јас мислам така а немам никакво чешање или нешто слично, само се мачиме со овие терапииве. Фалаа ти многу
Да и мене мислам првиот пат полигинакс тие ми ги дадоа некаде 12та недела иако немав ништо. А сега вториов пат докторот при преглед сам установи Викам па нели е нормално таков исцедот бело прање? И он ништо само ме праша дали ме чеша викам не..и ми даде вагиналети од 800 ден што исто ко да не ги користев
Ви благодарам. Добро ве најдов сите Незнам @Alishan30, веројатно и премама содржат фолна, но во првата бременост ги пиев посебно нив а посебно фолна.
@Kate Rina 93 се надевам болницата ти е во близина.Јас не ти препорчувам да чекаш .Ќе те стават во болница на ЦТГ ,се гледа и како е бебето .Да не треба недај боже итен царски.Во болница треба да ти земат податоци, цтг преглед ,нема да биде дојди легни и роди .Ќе те тераат да се стискаш ако отидеш касно.Не да те плашам ама подобро да шеташ во болничкиот ходник отколку дома. Дај Боже се да биде со арно @V.odolija со лесноНие сме тука некадеЈас пијам и пиев одма магнезиум.Во првата бременост па 400мг ×2пати, сега пијам 250×2пати.Матичната ми рече ако се продозирам можам само да добијам пролив.Магнесиумот мислам 34 или 36 недела треба да се прекине. Дај не ја мислите Кате ,бабините деветини викаат трудна жена не се мисли да помине полесно
Истооо и јас ставам џабе... за 2 дена пак исто. Моите се нискобуџетни 90 денари ама па затоа лом сум по цел ден
Едно објаснување ми даде мојата матична кога ја прашав за исцедокот. Секоја жена го има, некоја помалку а друга повеќе, индивидуално е, погуст или поразреден/поводен. Самото бебе на својата кожа има материја белузлава која се вика верникс казеоза, обложено е цело негово тело, го штити во матката. Таа материја и исцедокот кај мајката му помагаат при природниот пораѓај, за нели да не запне, туку по влажна средина да излезе. Доколку е суво скроз, би било потешко. Доколку брисевите се чисти, нема чешање и чуден мирис, јас не го мислам исцедокот, некако објаснувањето ми беше логично, и престанав да го мислам. Ми кажа доколку многу ми смета да ставам 7 дена вагилакт, па потоа пауза, па пак може да ги ставам, но само тогаш за тогаш ќе намалело, потоа пак ќе го има.
Уште на почетокот на неделава реков ќе пишам што сум направила на прегледиве, ама оваа недела излезе долга и нервозна ептен... Во понеделникот бев во Ремедика на гинеколог и трансфузиолог. Никогаш толку гужва немало.Почнале да се создаваат лакуни на постелката... Па нормално, од кога викам дека треба фраксипарин да ми дадат. Мерките се една недела назад ама така се цело време. Друго е ок. На трансфузиологот не и се веруваше дека Активирано парцијално ми е 18 па ме тераше и таму да испитам. И искочи да, ниско ми било и ми препиша фраксипарин 0,6 и да укинам аспирин. Поради тоа што не рефундираат од фонд со извештај од приватна болница, ми препорача преку матичната тоа да го регулирам. Јас секако во вторникот имав закажано кај неа.Од овој ден почнав многу да отекувам, посебно левата нога, да ме боли глава и да ми се лоши. Вторник, матичната потврдува дека навистина има лакуни, грло е ок, бебе ок. Наводно не и стигале маилови од ГАК и Трансфузиологија и ми дава упат за среда сабајле за ГАК. Примив инекција за рх негатив.Ии мисламм реакцииве на гинеколозиве " Па ти не примаш клексаниии..." Па кој ми дал! Уффф колку се нервирам. Среда, пред ГАК гужва микс пациенти и студенти што чекаат за испит. Се бутаат, гужва, умрев од страв. Ме викнаа, зошто матичната ме пратила кај нив она требало да препише терапија не знам што. Им се објаснував за маиловите и ај ме пуштија да влезам, температура, изјави, дезинфекција...Трет пат ехо и оп се појави лицето на бебко, прв пат да му го видам лицето. Мислам сонцето ме огреа, си спиеше со ногата свиткана пред неговото лице. 1050 грама 27+6, одговара за 26+6. Лакуни дијаметар 1цм. Протоци ок, бебе ок. Ме прашаа зошто упатот ми е со шифра нормална бременост кога 300 дијагнози им наредив....е зошто де...Ми рекоа да излезам да чекам извештај. Пишале клексан 0,4 и да продолжам уште еден месец аспирин. Мирување и боледување.Морам по нивната терапија да одам ради рефундација. Некој лек myoinositol ми пишале, па барав на google, за пцос, инфертилитет и гестациски дијабет бил. Прв пат слушам. Некој искуство со него има? Чекам сега одговор од ендокринологот дали да го примам и витамин Д ми е слабо, дали да појачам доза или сменам друг производ. Притисокот ми е 110/70 . Вчера првиот клексан го примив, денес се намалени отоците ама уште ги има. Немам воздух од жешково и не спијам добро, сонувам глупости.. Се надевам ќе ми помине. И така, 21 ден сум покриена со терапија значи за 2 недели јово наново... Извинете ако осетивте негативна енергија...ќе ми помине...
Јас земам премама од почеток во неа има се и фолна. Магнезиум директ по потреба мн често навечер го земам тој има и вит б комплекс а можеш и вит ц да си земаш дополнително кога сакаш
Ако нема бактерија на брис не треба терапија. Ако има проблем ќе се лекува ако не зошто за без потреба. Не клавај ништо посебно не со антибиотици нешто што и да е , така сама ќе си направиш бактерии оти му се руши средината на вагината. И по бојата и миризбата некогаш се познава дека има некоја бактерија.