Леле, стварно си погодила Баш сега прочитав во другата тема дека се породила во 18:55, 10 мин. после твојот пост, што значи баш на бокс била Мило ми е што лесно поминала. Посакувам на секој ваков пораѓај.
Сабајле беше активно, во текот на денот беше мирно и еве го сега бутка ли бутка баш кога решив да спијам.
Моево на кока кола и сладолед колку да се каже мрдна, мрзеливо, малце. Не знам дали докторката да ја барам.
И кај мене беше така минатата недела, се тешев дека барем мрда по малку и ика а и дека имам сало си викав може од тоа не го осеќам не би требало да е страшно но доколку ти е мисла, пиши и. Пс: пробај легни на грб.
Ц. Лежам на грб од прееска. Абер нема. Ни кока кола ни сладолед. @K7M10J па не знам. Не сум била тип што следи тоа. :/
Побутни го стомакот, лево десно. Од кај слабината накај пупакот. Мешни го малку, не се плаши, не многу нежно. Доволно е само да се истегне ако е заспано.
Моево обично е активно ова време ама денес го нема кока кола не ама чоколада еден тон изедов и јас се замислив... Веројатно е нормално некогаш да ги нема раснат
Не есапи ништо бебево. Као мааааааааалце клоцна, прееска се мрдна скроз малце, онака како нинџа незабележливо и толку. Ништо не го мрда. Вака сега кога мислам се мислам дека ова спие мн навечер. Ама мислам. И не знам што ми текна да се напнам. Дури и поголемиов што заспива у 23 сега заспа у 22:10 . Може и времево турка, цел ден ми се спие...
И моево вчера и денес е мрзливо, а иначе лупа нон стоп. Обично кога е вакво времето послабо го осеќам. Дури преска се загрижив и јадев благо и пак мрзливо мрдаше. И сеа е ко успорен снимак, мрда, па го нема. Ама чим мрда на моменти, добро е. Лошо е скроз да не мрдне цел ден.
Која недела си ти? И болкички си осеќам ептен минимални вагинално, многу лошо ми е легнат. 35+1 сум денес.
29+4. Е, твоето е доста поголемо. Може веќе нема ни место толку да мрда. Ама не се секирај, чим си мрда на моменти, ок си е. Моево некогаш ме клоца, се врти, не можам да се движам од него. Денес и вчера абер нема. Изгледа се метеопати уште од сега Едит: и ја имам некои благи болки ниско.
Јас сум 20+5, почнав од 19та да го чувствувам така како бранчиња, тупкања ама некако овие 4-5 дена дали еднаш во денот ептен нежно го чувствувам. Ни кока кола ни благо, ништо не помага. Уште немам почувствувано прави удари, ама па си мислев дека откога ќе го почувствуваш прв пат треба веќе се поинтензивно да станува...А кај мене минатата недела како посилно и почесто да беше...Се си мислам да пишам тука за совет, ама како што читам кај повеќето се после 21-22 недела поубаво се чувствува, а има и денови кога е понеактивно, па си велам ај да не се паничам....ама у мисла ми е цело време.
Мене сабајлето така ми го немаше лелелее кога се уплашив оти инаку е многу активно.. ама после се врати во форма и еве сега разбудена се галиме , наплаќа за утрината