за подобрување на хемоглобинот најдобро ти е семе од коприва помешано со пола тегла мед 100 грама орев или ако сакаш повејке не не проблем и сок од исцеден лимон све заедно помешано и си сркаш по една лажица на утро на гладно и лажицата гледај да е дрвена мене најповејке ми го крена хемоглобинот ова кога почна да ми пајга на средина од бременост др ми препиша фероглобин капсули од кој немав ама баш никакво подобрување а кога си го направив рецептот одам имаше ефект на порајгај отидов со 126 хемоглобин и совет за трудниците ако можите на сабајле да си јадете по едно јајце варено по можност ако имате домашно поздрав и со лесно
Јас ставам една лажичка ленено семе во една чаша јогурт и така го пијам. Можеш и на овој начин да го конзумираш.
mamicki dali bi mu nastetilo na bebceto ako vednas otkako izlezime od bolnica go stavam vo transporter?
нема да му штети баш напротив бебето во стомакот на мајката се наоѓа баш во таа положба па не е ништо ново за него, транспортерот за тоа и е наменет од 0 кг па нагоре. И јас синми со транспортер го донесов од болница и еве скоро 2месеци сме и многу ни користи транспортерот не жалам за парите
здраво мешиња,еве ме мене после една недела пауза. Сакав да го споделам моето искуство со сите оние што планираат да се возат во авион: пред една недела имав лет што траеше 2 ипол саати и мислев дека се ке ми биде ок оти фала му на господ имам нормална бременост скоро во седми месец сум амаааа пред да се качам во авион доручкував и само што полетавме кога почна да ме боли мешето силно се до желудникот горе,многу се исплашив,во авионот ми дадоа специјален појас да си го ставам околу мешето.. оваа болка траеше за време на целиот лет па дури и два/три саати после тоа. а вчера кога се враќав за назад не јадев ништо и се ми беше супер,немав никакви болки и за да испробам дали минатиот пат ме болеше од што имав полн стомак или не,кога го служеа ручекот во авион и јас мојот си го изедов и само што завршив веднаш почна да ме боли ко пред една недела. значи мој заклучок никако јадење пред авионско патување. поздрав и уживајте како и да сте,а јас и син ми ке одиме повторно на море да се релаксираме
За сите оние кои имаат проблеми со запекот. Јас уште пред да останам бремена си имав заспан метаболизам, ама секогаш летно време ми се регулира со пиење на повеќе вода и јадење свежо овошје, посебно кајсии. Навечер пред да легнам јадам по 2-3 кајсии и сабајле кога ќе станам одма трчам накај тоалет. Исто така, лек за запек и хемороиди (што сум го испробала и мене ми делува) се сувите смокви. Вечер пред да си легнам во една голема чаша вода ставам 3 суви смокви и сабајлето на гладно ја пијам таа вода и ги јадам смоквите. Како што пишав, мене проверено ми делува. Башка тоа што викаат дека смоквите содржат нешто што го помага пораѓајот, а исто така го намалуваат стресот. Еве и некои линкови за тоа: http://stipka.com.mk/moderna/zdravje/12 ... a-trudnici http://www.islamska-zaednica.com/forum/topic/3343-овошје-за-подобро-здравје/
Мамички Ве молам за мислење. Дада ми е 3 месеци бремена. Денес ја касна пчелка на ногата . Немаше никаква реакција затоа што не е алергична само сосем малку потече местото. Се јавивме на гинеколог ни рекоа дека не е ништо страшно ако не е алергична. Ама пак помислив да побарам ваше мислење
Немај галје Јас во 24та недела скоро недела дена не го почувствуав мрдањето, буквално побудалев, знам како ти е.. Се е во ред, ама и тие не се секогаш спремни за акција Уживај, наскоро ќе почне да те удира посилно, нема да можеш да спијаш, одмори сега хехехе
Имам една прашање до сите. Имам секс со вереникот и сврши во мене. Ке Ве замолам за Ваши искуства дали веднаш од прв пат свршување внатре останавте бремени. Ви благодарам на вашите одговори.
Секако дека можи да останиш бремена, моја другарка така остана, од првиот пат. Ама за сигурно ќе си знаеш за месец... Се надевам и ти ќе бидеш една од ретките случаеви
ЕЕЕ мешиња, уште немам абер за пораѓање,а веќе го надминав терминот. како поминуваат деновите се повеќе сум во неизвесност што како ќе биде...
Јас со првото дете го надминав 6 дена разбирам како ти е ден и нок само чекаш да почнат болките.опушти се само во скоро време ке биде,лесно да поминеш на порагјај
feminki sestra mi e 7 mesec so serklaz. maticnata i rekla da pojdi za zreenje na bebeto. sto e sega toa? ima nekoj iskustvo? jas bebe rodiv a ova prv pat go slusam. izvinete za latinicata od mobilen sum
Серклаз се прави со локална или општа анестезија, обично во 3. месец од бременоста. Што е серклаз? Кога постои слабост на грлото на матката, осносно кога постои опасност да бременоста заврши предвреме се применува оваа едноставна метода - серклаз. Доколку со гиниколошки и клинички преглед се утврди да надворешните и внатрешните усници на матката се отворени за 0,5 до 1 па дури и до 2 см, оваа метода е непоходна. Во некои случаеви оваа метода може да се примени и пред 3 месец а понекогаш и во 6 или 7 месец, како би се спречило предвремено породување. Операцијата се состои во поставување кружен превој околу грлото на матката, на ниво на внатрешната усница како тоа би се затворило. Се користи синтетски (најлонски) конец кој се вади 21 ден пред очекуваното породување. После користење на оваа метода се препорачува да се избегнуваат физички напори и користење на препарати како Препара и Прогестерон. Слабост или опуштеност на внатрешната усница може да доведе до ширење на усницата, прскање на водењакот и спонтано абортирање. Слабоста на внатрешната усница може да биде последица од трауми од претходната бременост или грубо ширење со инструмент за време на абортирање, а понекогаш причина може да биде и инфекција. Но и кај жени кои не раѓале, поради хормонални пореметувања може да дојде до опуштање на овој дел од органите за репродукција, па и кај нив е неопходно да се примени оваа метода како би се сочувало бебето
Зреење на бебето се правело со 3 до 4 инекции кои не му штетат на бебето воопшто, тоа го препорачуваат кога е забавено созревањето на плуќата за да го ујачаат и да созрее плуќата за бебето кога ќе се роди да биде спремно да функционира нормално без вештачки инструменти (недај боже до тоа да дојде) нека не се плаши све е тоа ок и на природна база Нека пројде со лесно и да се живи и здрави двајцата Извини вака што ќе прашам а кај кој гиеколог иде?
мешиња! Веќе 5-6 дена како ги пијам апчињата за железото и од тогаш изметот ми е црн И сега се мислам немој да не ми ги поднесува организмот овие апчиња, или од сите е така? Утре ќе одам кај гинекологот за повторна проверка на шеќерот па да знам дали да му побарам други апчиња.