Ниско ни се поставени, а мрднат сигурно доле не' боли. :/ И мојов штуцаше пред спиење, сега ме ритна... Добар е. Срце на мајка. @Lovebug01 нормално е некад да се помрзеливи. Јас никад не сум следела тоа, не знам што ми стана. Најверојатно имам страв од предвремено раѓање затоа и се филмам. Ич не се секирај. Некад ќе има појаки удари, некад ќе е помеко. Такви клоцања чекај од 7ми месец нагоре кога ќе е апла поголемо. Ќе те бранува.
@LadyC и јас тоа си помислив. Демек втора бременост ама паникава пак ја има. Добро, ти сега на крајот јас цело време
Баш дека втора бременост знаеш што те чека. И јас ден за ден бројам само да дојдам до крајот. Се плашев од царскиот ама сега како поминува време не, повеќе се плашам дали ќе догурам до крај. Ај женчиња со лесно на сите.
Не сме јас и ти заедно? Ти пред мене си а? Да беее. 29ти краен ти е сега ми текна. Јас 36та у четврток. После нека излага ако сака слободно.
Не знам стварно.. Јас се мислев дека во четврток сите почнуваме нова недела, а сите три, јас, ти и Монка имаме различни термини. Сепак мислам дека заедно ќе се породиме
Ако. Битно да е се во ред. Да ги гушкаме малецките. И јас мислам ако не заедно сите ќе сме ептен блиску. П.с. ти овој четврток што мина влезе во 35+0?. Или веќе полниш 36та?
Едно прашање до поискусните. Јас имам киселини од почеток на бременост некаде 8-9та недела па до сега. Знаев 2-3 пати да повратам, но ништо страшно. Сега сум 26+4 и две вечери по ред неможам да заспијам од киселини, и повраќам. Ова се случува и од сон да ме разбуди, хранопровод ме печи, желудник исто, тежина во гради и повраќам околу 1-2 часот. На 2 перници полуседната легнувам, зошто киселините ме пукнаа ако лежам. Тоа што го повраќам воопшто не е сварена храна која сум ја јадела во 12-13часот дента. Зар е можно толку време да не се свари? Валда поголемо бебето и притиска на желудник, ама дури и капилари ми испукаа во очи, оти баш експлозивно беше. Потоа спијам како ништо да не било. Антиметил, Бкомплекс, гастрогард, зрна ориз-ништо не помага. Од денес скроз ќе ја сменам исхраната, да видам дали е до тоа. Не сакам секоја вечер да повраќам вака Друга од вас имала нешто вакво или само јас сум?
Кај мене од почеток беа секојдневие киселините и мачнините и тогаш приметив дека и од вода ме фаќаа, се помирив со тоа да си повраќам секој ден, среќа престанаа, ама и сега знае од време на време така периодично да ме фати киселина и одма си правам сода со лимонтус, од тоа или многу убаво и лесно ќе си се исповратам или за 10 минути ми поминуваат киселините без повраќање. Моја другарка па жива сода пиеше не растворена во бременоста, едно лажиче и после едн чаша вода, ама јас така не можам гадно ми е, па затоа ја правам со лимонтус.
Јас не до тој степен. Ама другарка до пред пораѓај ја мачеа. Пред да влезе во сала си побарала рупурут. Да јадеш по две три залчиња на пола саат. Да ги намалиш оброците најмногу што можеш. Она и сосема прекина со обична вода, кафе и сокови. Само кисела вода пиеше. Секој различно. Менувај по малце и ќе најдеш како ти одговара најмногу. И јас сум си стрвна гладна ќе седнам и пола од редовен оброк одвај ми собира. Па почесто по малце си гуркам.
Јас мака мачам со киселините но не повраќам.Ти барем се олеснуваш со тоа што ќе повратиш.И јас што не пробав,од ладно млеко,зрна ориз,сода бикарбона,тоник и пто уште не ,но залудно.Сето ова само повремено некој пола саат ми смирува киселина и после пак,јово на ново.Исто пробав и со исхрана да се балансирам не ми помогна.Сега веќе се навикнав на тоа,лапнувам по еден гастрогард пред спиење за да заспијам ,потоа во текот на ноќта постојано се будам и пијам вода малце да ублажамСовет не се нервирај и напнувај со тоа,навикни се дека така ќе ја истераш бременоста како да е нормална појаваЈас се тешам демек бујна коса ќе има малата
Алишан да си земеш алгорал таблети за грицкање се,и јас оваа бременост од почеток имам киселини и се убивав од повраќање по цели парчиња од храната, посебно овошје ако јадам а толку ми се јаде нешто свежо,ама после ужас,ама од овие се спасив ,ми се намали лошењето и полесно ми е на стомак.
Дали доколку мојата сопруга му однеси потврда на работа дека е бремена ослободена е од одење на работа ради ковид19? И ќе прима редовна плата?
I jas sum taka so kiselinite, nekogas mi pomaga maslinkata t.e koskata od masilnkata ja goltam, ponekogas koka kola, a ponekogas nisto ne pomaga duri ni rutacid A inaku kako ste so zestinite, jas ovie nekolku dena spijam i so klima, ama dzabe pak se prepotuvam po sto pati navecer
@Alishan30 во поодмината бременост само чај од нане ме смируваше од киселини. По едно мало шолјиче пред спиење, совет од мојата докторка, и стварно помага. Пробај. Исто, оброци количински на минимум, никако обилни. Буквално пред крај се сведов на 2-3 залчиња колку да се заситам, мислам желудникот во грло ми беше качен. Како расте бебуш, се’ потешко е варењето на храната, затоа помалку и почесто по некое залче. И можеш и кисела вода или нешто газирано за да ја свари храната побрзо (јас знаев и кока кола пола чаша да се напијам некогаш, ми помагаше при варењето. Не е здрав избор, ама очајна бев).