А за породилно дали пример од та работа дента ако ја одјават и ја пријават истио ден на друга работа ке ја следва или мора на едно работно место да е 6 месеци до пораѓај?
Мене ми сметаше белиот леб и тестенините. Само AIRWAYS мастики, пред да си легнам си џвакав, пред да заспијам ја вадев, ама обавезно до мене едно пакетче. Дури сега при крај на 8ми месец ги снема, само мастики ме спасија ијадење до кај 18ч макс
Со првата бременост повраќав секој ден до 15 недела после тоа преку некој ден. Од сликите на ехо прочитав дека и во 21 недела сум повраќала. Исто мака мачев со киселини уште во второ тромесечје.Јас пиев сода бикарбона.Во една чаша пола лажичка сода.Најмногу ми помагаше.Пробав со едни апчиња за шмукање на база на пеперминт, мислев од нив дека сум како змеј испуштав оганПолошо беше. Па до сам пораѓај пиев содичка или ептен малку со пола чашка.Успеав да врзам сон неколку часа Исто тестенини, бел леб и баници од тоа ми беше прелошо.Па ги одбегнував.
^^^ ви благодарам на сите. Јас сум крива, тестенини многу јадев, затоа и шпагети не се јади 3 чинии, "бише" не ми е рамно Шпагети и повраќав Веднаш ќе ги исклучам од исхрана и количински ќе намалам оброци, почести а помали на количина. Сода обична сте пиеле, така? Да земам денес и по 1 лажичка да се напивам во вода растворена. Се ќе пробам од тоа што ми пишавте, ви благодарам уште еднаш.
Да обична сода за конзумирање и прехрана што е.Има во аптеките мали кесички и по маркетите може да најдеш поголема кутија.
Многу е лажичка.Пола растресена.Грда е инаку.Пробај јас ја пијам и кога не сум бремена ако ми се згади или повраќа , помага побрзу да поврнам или се смирува.Еднаш и за болка во желудник пиев ја снема болката за 15 мин.
Да Многу беа убави, специјалитет беше. Кога ги видов синоќа исфрлени надвор, криво ми беше што не се свариле.
Е па не се чуди од каде киселинитњ На здравје нека ти се, ама после повраќањето верувам долго нема да ти текне на нив
Готово, не ми текнува Срамота сум, ама тоа е. Шо убаво си се најадов барем, после плачки, епа плачки. Идни мајки, не ги правете истите мои грешки
@Alishan30 мене ми помага Рупурут повеќе од Гастрогард, ладно млеко ама само една голтка, мастики и јадење до 18часот. Мене ме фаќаат кога ќе се напијам чаша вода пред спиење, ужас.
Јас немам никакви киселини, чаре е само да јадеш почесто а помалку. Од сабајле јадам овошје (најчесто лубеница, ананас) па малку ориз, за ручек стрикно салата со минимално риба или без, сладоледи итд. Кога ќе видам полна чинија храна, ми се гади. Сега па и на топлово, да можам само сладолед и лубеница би јадела. На секои пола саат саат сум закачена на фрижидер и од малце се заситувам. Надвор кога сум во кафана мали порции мезе нарачувам, full plate никако.
И јас сум душман на тестенини па уште направени со некои сосс мх мхмх Ама мм ми става секад за јадење и незнаете по колку малце ми става, жална сум Додуша во право е, вика јади помалце почесто, зашо повраќав и јас многу
Значи од денес седми месец и никој не ми верува. Фала! Душиче, јас те разбирам. Не мавам три чинии наеднаш, ама имам стрв за тестенини и леб. Ела да ми те гушнам!
Дали смеам да употребувам гел за интима? Си купив и сега си направив некоја мисла дали е ок да користам Инаку ве читам за повраќање и киселини.. 11+3 сум и јадам се и сешто , мака немам
Ме изнасмеа, и јас сум како прасе ама толку во животот немам изедено. Исто како што ти кажуваат другите и мене ми помага јадење почесто но помалку. И многу вода пиење. И најчесто после 20h не јадам.